Додик: Во секоја друга земја се чувствувам побезбедно отколку во БиХ - Канал 5

Додик: Во секоја друга земја се чувствувам побезбедно отколку во БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ изјави дека во секоја друга земја се чувствува побезбедно отколку во БиХ, но и дека покрај се чувствува задоволство бидејќи знае дека е во право и дека со многу волја и енергија се брани од неправдата.

Додик: Во секоја друга земја се чувствувам побезбедно отколку во БиХ

Тој истакна дека и пред пресудата на, како што го нарече, „несутавниот суд“ се чувствувал небезбеден во БиХ.

-Јас сум човекот кој имал најголем број закани досега во БиХ, и од луѓе од внатре во БиХ и од надвор кои, мотивирани од политичкиот ислам, ми се закануваа мене и на моето семејство, рече Додик за време на гостувањето во емисијата Телеринг на РТРС.

Додик изјави дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци.

-Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, ме чува полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи, изјави Додик за швајцарскиот неделник „Велтвохе“.

Станува збор за специјални сили лојални на Република Српска, кои „веруваат дека прогонот на Милорад Додик како претседател претставува прогон на Република Српска“. „Затоа не би препорачал никому од Сараево да се обиде. Ќе се браниме“, рече Додик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер