Додик во Москва на безбедносен форум, најавена средба со Шојгу - Канал 5

Додик во Москва на безбедносен форум, најавена средба со Шојгу

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, пристигна во Москва, каде што ќе учествува на 13. Меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања.

Додик во Москва на безбедносен форум, најавена средба со Шојгу

– Тука сум, повторно – напиша Додик на мрежата Икс по пристигнувањето во Русија.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, на форумот ќе учествуваат и делегации од Индија, Никарагва, Виетнам, Северна Кореја, Тајланд, Иран, ОАЕ, Алжир и други земји.

Според московскиот весник „Ведомости“, секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, закажа билатерална средба со Додик на маргините на форумот.

Проја со блитва

Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.

Проја со блитва

Состојки:

4 јајца

100 грама крем сирење

150 мл масло

150 мл млеко

150 мл минерална вода

1 чаша (200 мл) пченкарно брашно

1 чаша бело брашно

1 чаша пченкарен гриз (пaлента)

1 прашок за пециво

сол

300-400 грама бланширана блитва

150 грама рендано сирење

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20x30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..

Сервирање:

Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.

Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ..

притисни ентер