Додик: Утре одам во Сараево на рочиште за одбрана на Република Српска - Канал 5

Додик: Утре одам во Сараево на рочиште за одбрана на Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека утре ќе оди на судското рочиште во Сараево да ја брани РС, бидејќи, како што вели, нема право да се повлече и смета дека ова е можност „Република Српска да се ослободи од Сараево и БиХ“.

Додик: Утре одам во Сараево на рочиште за одбрана на Република Српска

-Одам таму да ја бранам РС, а мојата судбина е помалку важна и ќе имам што да кажам на таа тема, ќе имам можност, веројатно, еден ден. Утре очекувам целосна деградација на правото, Уставот на Босна и Херцеговина, се што има смисла во овој процес. РС ќе одговори многу јасно и одлучно на оваа фарса. Ќе извршиме неколку значајни активности на овој план и верувам дека ова е можност да ја ослободиме РС од Сараево и Босна и Херцеговина, изјави Додик за Срна.

Тој кажа дека утре ќе се брани како претседател на Република Српска, а не како Милорад Додик.

-Претседателот на РС оди на тој монтиран процес во Судот за да покаже колку е тоа неуставно и незаконско, колку е муслиманско и антисрпско и колку тој суд е место за малтретирање на Србите и нивно политички прогон. Судот е непријателско место за Србите и за тоа е создаден, рече Додик.

Тој потсети дека е повикан на суд за „неразбирливо обвинение кое инкриминира кривично дело што не постои“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина

Европската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за украина за купување нови одбранбени системи.

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина

Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари.. Овој нов пакет помош се надоградува на претходно одобрените 16 милијарди евра за опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра, пишуваат светските медиуми..

„Додека Русија ги интензивира своите напади, ние се залагаме да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и своето небо. Европа стои со Украина и ние ќе ѝ го испорачаме она што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно“, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот.

Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ.

Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДС и самиот Венко Филипче велат дека се било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за болниците да се изградат не бил баран никаков услов според Закон за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти.

Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон. За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“.

Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавност и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДС и ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за исто дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. 

Лукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “

„Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката.

Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност.

„Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер