БалканДодик: Република Српска никогаш немала план за сецесијаРепублика Српска никогаш немала план за сецесија, изјави денеска претседателот на Српска, Милорад Додик, и посочи дека веќе 10 години вели дека РС нема планови за отцепување, ниту некогаш имала.-Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтон. Имаме право на политичка борба. РС е решена да ја брани својата политичка автономија. Ако Босна и Херцеговина не е одржлива врз основите на Дејтон, тогаш не е никако. Подобро е да се разделиме мирно и да нема никаков судир. Немам намера да им објаснам на оние што не сакаат да го разберат тоа, дека нема план за сецесија, рече Додик на прес-конференција. Тој напомена дека Република Српска останува на темелите на напишаното во Дејтон и ќе продолжи да се бори за него. Додик посочи дека знае што се зборувало на средбата за време на посетата на директорот на ЦИА Вилијам Барнс на Сараево и дека на седницата на Претседателството на Босна и Херцеговина било кажано дека не се гордее со тоа како работат некои негови соборци на теренот. -Тоа беше доволно за да препознаеме дека тој не поддржува некои активности, рече Додик. Тој смета дека погрешно било претставено дека во БиХ дошла „бабарога“, посочувајќи дека Бернс е еден од разумните луѓе. -Зборуваме за мудар човек, кој има животно и професионално, но и значајно политичко искуство. Јас ја поддржувам комуникацијата што ја имаа, рече Додик. Тој рече дека на сите им е доста од приказната на Денис Беќировиќ за сецесијата и Додик. Исто така, додаде, дека на средбата било кажано дека не се согласуваат со неговата политика, но разбираат дека некои позиции треба да се усогласат и да се разјаснат. -Да бараа политичка пензија немаше да има, јас не сум човек што се повлекува, рече Додик и посочи дека за политичката пензија ќе одлучува самиот. Кога станува збор за американските санкции, Додик изјави дека се бликирани сите финансиски операции на владата на домашен и на меѓународниот пазар и дека спроведува ригидна и насилна политика на елиминација кон поединци и компании, додека од друга страна во БиХ поради тоа има радувањер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
БалканОгромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Veselinović Cirkus DOO (@vranjecirkus__) Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. - Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?; - Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ТехнологијаИталијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha. - Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави. Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша. „Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“ Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“ Но, потоа таа го покажува решението. „Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува: „Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“ А потоа таа демонстрира како изгледа. Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената. Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време. Тагови: астронаутка вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СветНеверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар. Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент. Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците. Heavy rainfall triggered severe flooding in Libya’s capital, Tripoli, submerging cars, trapping people inside buildings and inundating hospitals. Videos show residents pleading for help and a security officer reportedly carrying a man with disabilities to safety. https://t.co/d9MbbNT3CT — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 13, 2026 Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини. France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.Тагови: Либија Триполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter