Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира
2Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира
3Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
БалканДодик: Повторно се кандидирам за претседател, ќе спроведеме избори на ниво на РСПретседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, кој е и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи, објави дека ќе биде кандидат на таа партија на изборите за прв човек на РС и следната година.Тој додаде дека тоа е веќе одлучено и дека кандидатурата е потврдена. -Злоупотребата на процесот на ниво на Босна и Херцеговина ќе заврши со тоа што во мај ќе го започнеме изборот на нова Републичка изборна комисија и ќе спроведеме избори на ниво на РС во согласност со нашиот изборен закон, рече Додик во интервју за белградска „Политика“. Додик неодамна беше осуден од судот во Сараево на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска „за непочитување на одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница“. -Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ја узурпираше надлежноста, каква врска имаат тие со изборите во РС. Преземајќи премногу обврски тие се задушиле. Презедоа премногу и не можат да го испорачаат, рече Додик. Тагови: Милорад Додик претседател Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаМВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија. Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаМанасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан.Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори? Да не заборавиме дека токму тој со Заев велеше дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори. Затоа и тие 300 луѓе со кои маршираше, патем луѓе на Заев, му се максимумот кој може да го достигне. Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНиколоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во МакедонијаМакедонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8, што ќе значи целосна доизградба на коридорот и целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид, истакна на денешното поставување камен темелник на новиот автопат, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според Николоски, станува збор за исклучително важна делница која треба да обезбеди целина на автопатското поврзување на западниот дел од државата, преку Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, овозможувајќи целосно поврзување на Коридорот 8. -Овие 12 километри се исклучително важни и треба да дадат смисла и целина на целокупното автопатско поврзување, не само од Скопје до Охрид, туку и на целиот Коридор 8. Со ова автопатско поврзување, целиот коридор добива смисла, рече Николоски. Тој нагласи дека градежните активности започнуваат токму на локацијата каде што завршува автопатот Охрид – Кичево, од каде трасата ќе продолжи кон Букојчани. Истовремено, на делницата од Букојчани до Гостивар веќе интензивно се работи на изградба на автопатско решение. "Се работи за терен кој што е планински, кој што е исклучително тежок, терен кој што бара многу знаење, многу искуство и сметам дека изведувачите кои што се избрани, заедно со надзорот и со техничката поддршка, ќе можат да завршат одлична работа и сум убеден дека во предвидениот рок од 4 години проектот ќе биде завршен", посочи вицепремиерот Николоски. Проектот, предвидува изградба на современ автопат со две возни ленти во секоја насока, со ширина од по 3,5 метри, како и помошни ленти од по 2,75 метри од двете страни. Проектираната брзина ќе изнесува од 110 до 130 километри на час. "Станува збор за една исклучително тешка задача којашто ќе ја имаат изведувачите, коишто ќе добијат целосна поддршка од Владата, од Министерството за транспорт од ЈП за државни патишта", потенцираше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Тој се заблагодари на премиерот и посочи дека почетокот на изградбата е дел од развојната визија поставена во 2024 година, со која државата треба да се позиционира како значајна крстосница на двата паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. -Сакам да се заблагодарам на премиерот, затоа што овие работи не се случајни, ова е дел од визијата која што беше поставена во 2024год. кога оваа Влада беше формирана. Ние решивме државата да ја развиваме како раскрсница помеѓу двата пан европски коридори - Коридорот 8 и Коридорот 10. Македонија нема излез на море, но има уникатна географска местоположба, која што со силни инвестиции во автопатите и железниците, треба да значи економски напредок за бројни генедариции коишто доаѓаат после нас, го заврши своето излагање министерот за транспорт, Александар Николоски. Изградбата на делницата Букојчани – Кичево претставува значаен инфраструктурен чекор кон подобра поврзаност, побрз и побезбеден транспорт и зајакнување на стратешката улога на Македонија во регионалните транспортни коридори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook