Додик потврди: Референдумот на 18 или 25 октомври - Канал 5

Додик потврди: Референдумот на 18 или 25 октомври

Референдумот на 18 или 25 октомври - Собранието на Бања Лука ја отфрли „политички мотивираната пресуда“ против претседателот на РС.

Додик потврди: Референдумот на 18 или 25 октомври

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска потврди дека референдумот ќе се одржи на 18 или 25 октомври во врска со пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот и дека очекува народот да каже НЕ на тоа.

Тој го изјави ова откако синоќа, на состанокот на владејачката коалиција во Република Српска, беше договорено референдумот да се одржи на 18 или 25 октомври.

Според Додик, двата датума се одредени поради процедурите, пренесува РТРС.

-Поради сите процедури што мора да се запазат. Според законот, не можеме да имаме рок пократок од 30 дена за одржување референдум. Значи, референдумот ќе биде на прашањето дали овој народ прифаќа дека Кристијан Шмит го уништува уставниот поредок на Република Српска и дека вонуставниот суд со своите одлуки го уништува Уставот и ги заменува избраните функционери. Значи, измената ќе биде јасна, но суштината е следнава. И очекуваме големо „Не“, народот да ја отфрли и ги повикувам луѓето да гласаат, рече Додик.

Тој денеска на новинарите во Бања Лука им изјави дека претстои политичка борба.

-Не сакаме никаков конфликт, не создаваме никаква атмосфера на конфликт, но веруваме дека како политички народ, позитивните луѓе во Босна и Херцеговина имаат право на мислење, а ние го добиваме тоа мислење на начин што светот го разбира, а тоа е референдум, рече Додик.

Воедно, Собранието на градот Бања Лука денеска, на вонредна седница, ја отфрли политички мотивираната пресуда против претседателот Милорад Додик.

Советниците едногласно ја усвоија информацијата, која вклучува шест заклучоци, со кои се отфрла пресудата. Во еден од горенаведените заклучоци се наведува дека суверенитетот му припаѓа на народот на Република Српска и дека е неприфатливо одлуките за претседателот на Република Српска да се донесуваат надвор од Републиката.

„Ние го поддржуваме зачувувањето на институционалниот интегритет на Република Српска, а Собранието на градот Бања Лука ќе ги носи сите свои идни ставови и одлуки врз основа на принципите на демократската волја на народот на Република Српска“, се наведува во заклучоците од денешната седница на Собранието на градот.

Вонредната седница на Собранието на Бања Лука е свикана врз основа на Декларацијата на Заедницата на општини и градови на Република Српска, која беше усвоена на почетокот на август и со која се отфрла пресудата против претседателот на Српска, Милорад Додик.

Апелацискиот оддел на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли претходната жалба на правниот тим на Додик против одлуката на КЕС на Босна и Херцеговина за одземање на мандатот на Додик поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сос

Во вторник (06.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Зоран Рудан-Цеки.

„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сос

Состојки за денешниот рецепт:

5 зелени пиперки

2 црвени пиперки

3 домати

3 чешниња лук

80 гр. фета сирење

2 млади кромитчиња

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија се развива со конкретни проекти

Нови инвестиции и подобри услови за живот, се градат и реконструираат улици, паркови, трговски центри.

ВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија се развива со конкретни проекти

Изминатиот период, Општина Гевгелија продолжи посветено со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за забрзан развој на општината.

Еден од значајните проекти е реконструкцијата и реставрацијата на фасадите и партерното уредување на Старата чаршија, со што се зачувува автентичниот изглед на овој простор и се создава нова туристичка атракција, а во тек е и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, од градската библиотека до Железничката станица, при што ќе се зачува препознатливиот изглед со калдрма.

Целосно е реконструирана и спортската сала ДТВ „Партизан“, а по завршувањето на опремувањето со спортски реквизити, наскоро се очекува нејзино ставање во употреба, со што се создаваат подобри услови за спортски активности и за развој на спортот кај младите.

Во делот на капиталните инвестиции, пуштен е во употреба новиот објект на детската градинка „Сончогледи“, со капацитет за дополнителни 140 деца и реконструкција и асфалтирање на улици во Прдејци, Богородица, Давидово, Моин и Гевгелија.

Особено значајни се вложувањата во комуналната инфраструктура, при што во урбаниот блок 4.4 во Гевгелија изградени се нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација на повеќе улици, фекална канализација во Милетково, а во Мрзенци се реализирани проекти за нова водоводна линија и фекална канализација и атмосферски канализации на повеќе улици.

Посебно внимание се посветува и на уредувањето на јавните простори и заштитата на животната средина, при што на булеварот „Гевгелија“ на улицата „Деко Ковачев“, се изгради нов урбан парк на површина од 3.150 квадратни метри, со детско катче за најмладите, додека во Миравци е уреден модерен урбан парк со површина од 2.500 квадратни метри, а во Негорци реализацијата на нов урбан парк со детско катче на површина од 2.000 квадратни метри, е во завршна фаза.

Во наредниот период се предвидува уредување на зелената инфраструктура кај Сува Река, на површина од 25.000 квадратни метри, со што Гевгелија ќе добие значајна нова зелена површина, во рамките на еколошката акција „Да пуштиме корени во Гевгелија“ засадени се 14.000 нови чемпреси, а поставени се и специјализирани контејнери за текстилен и електричен отпад.

Вложувањата во образованието и грижата за најмладите продолжуваат со подобрување на условите во основните училишта, при што од оваа учебна година сите ученици во основните училишта добиваат бесплатни униформи, а се инвестира во нови инвертер клима-уреди, паметни табли, компјутерска опрема, прочистувачи на воздух и подобрување на училишните простории, додека во ООУ „Владо Кантарџиев“ е опремена и сензорна соба со потребните помагала за децата со попреченост.

Се отвори и Дневен центар за стари лица со капацитет за 50 корисници, кој обезбедува социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, создавајќи можности за активен и поквалитетен живот на повозрасните граѓани.

Во општината се реализирани две големи трговски инвестиции како што е Mega Shopping Park, на површина од 20.000 квадратни метри, и Gevgelija Mall со Vero Jumbo, лоциран покрај автопатот Е75, во близина на граничниот премин Богородица. Овие инвестиции носат нови содржини, над 400 работни места и дополнителен потенцијал за развој на трговијата, услугите и туризмот.

Паралелно, продолжуваат активностите за подобрување на туристичката понуда, зачувување на културното наследство и создавање подобри услови за спортски и културни активности. Во завршна фаза е и реконструкцијата на старата училишна зграда во Серменин, која ќе биде адаптирана во туристички информативен центар и простор за одржување настани, со предвидена велосипедска патека во должина од 1.005 метри до манастирот „Св. Илија“.

Ваквите вложувања во инфраструктурата, образованието, животната средина, социјалната заштита и економскиот развој ја поставуваат Гевгелија на патот кон уште помодерна, поуредена и поразвиена општина.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат македонската јавност, а кои укажуваат на натамошно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда.

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?

Случајот со Ива Михајлова го апстрахираме од етничкиот предзнак и нема да им дадеме простор на тие зовриени национал-шовинистички глави во регионот да си прават етно-популистички кампањи на човечки трагедии. Пораките од Софија се скандалозни и грозни и говорат за земја во која постои целосно помрачување кога станува збор за владеење на правото, а уште помалку за европски систем на правда.

Михајлова сега треба да биде гонета за ново кривично дело, а скандалот да биде уште поголем, нејзиниот адвокат изврши кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда со јавната изјава дека си ја „зеле судбината во свои раце“. Каква правна хаварија! Во овој случај, вистинска трагедија во Македонија е тоа што целосниот крах на функционирањето на институциите доведе до тоа лице, кое е осомничено за предизвикување смртни последици во сообраќајна несреќа, наместо да се соочи со правдата и да ги почитува судските забрани, добива статус на наводна жртва и шоу-ѕвезда, како од некое одвратно евтино реално шоу. Нема човек во Македонија кој не е згрозен од фактот што вакво нешто беше воопшто возможно.

Живееме во држава во која би требало да има функционална полиција, безбедносни камери на граничните премини и служби што осигуруваат дека лица на кои им се одземени пасошите и имаат забрани за излез, ќе бидат достапни на органите. Ако сѐ тоа е нефункционална фарса, пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. И тоа се случува во земја каде што власта има апсолутна контрола – со целосна законодавна власт, уставно мнозинство, целосна контрола на локалната власт, доминација над медиумскиот простор, па дури и целосен преглед на безбедносните камери.

Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија.

Имаме ли сѐ уште моќ да го спречиме ова пропаѓање? ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер