Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ - Канал 5

Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ

Ако мислат дека полицијата на РС ќе се скрие, тие се луди, рече Додик.

Додик по обидот за апсење: Во Република Српска нема да се спроведуваат законите на БиХ

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, откако агентите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) синоќа се обидоа да го приведат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, се закани дека законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат на територијата на Република Српска, јави Хина.

Неколку инспектори на СИПА, без поддршка од вооружени полицајци во униформи, се обидоа да влезат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево за да му го врачат на Додик налогот за апсење, но тешко вооружени членови на МВР на РС го спречија нивното приближување.

Портпаролката на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди дека се работи за обид на Додик да му се достави наредба од Судот на Босна и Херцеговина.

- Можам да потврдам дека членови на СИПА беа во административниот центар на владата на Република Српска во Источно Сараево, во врска со постапувањето по наредбата на Судот на Босна и Херцеговина во врска со кривичното дело неизвршување на одлука на Уставниот суд. Тие се обиделе да ја спроведат наредбата, но биле спречени од МВР на РС, изјави вчеравечер Миовчиќ за порталот „Дневни аваза“.

Агентите на СИПА се повлекле, а полицијата на РС ја зголеми безбедноста околу зградата во Источно Сараево каде Додик се состана со локалните лидери. На крајот од средбабата Додик на присутните новинари им изјави дека не се плаши од апсење, а СИПА и Судот на Босна и Херцеговина ги нарече окупаторска сила која нема да дозволи да дејствува на територијата на РС.

- Ако мислат дека полицијата на РС ќе се скрие, тие се луди, рече Додик, нагласувајќи дека се чувствува доволно заштитен. Тој додаде дека е дојдено време да се види кој ги крши законите, а на инспекторите на СИПА им порача дека дури сега ќе видат што не можат, пренесе Хина.

Тој, исто така, му се закани и на високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, дека сега ќе види како некој се приведува за „ лажно претставување“. Тој рече дека Шмит се однесува „криминално и фашистички“, па тврди дека високиот претставник подготвува закон за статусот на државна сопственост на БиХ и во тој случај РС веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.

– Ќе го одвоиме и ќе го браниме својот имот, рече Додик.

Министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, им рече на новинарите дека неговите полицајци ќе го заштитат Додик.

-Министерството за внатрешни работи на РС има доволно капацитет да ги заштити сите граѓани на РС и носителите на најважните институции, рече Каран.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш.

Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти.

Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води.

На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението.

„Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население.

МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер