БалканДодик: Не ни требаат ниту колонизатори, ниту тутори, овој народ никогаш не живеел поробенНие политичарите мораме секогаш да знаеме дека некој некаде го дал својот живот за оваа Република. Затоа не ја даваме, рече на денешната официјална прослава на Денот на Република Српска во Бања Лука, Милорад Додик претседателот на ентитетот.Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен датумот на кој се слави „денот на Република Српска“. - Републиката има морален аспект кој никој не може да го урива. Република, колку гордо тоа звучи. Слободата за нас не е филозофија туку начин на живот. Тоа е она што го гледаме денес на нашите улици и градови. Слободата е она што ни треба, рече Додик. Тој додаде дека „на оваа нација не и требаат колонизатори ниту тутори“. - Не ни требаат колонизатори ниту тутори. Овој народ никогаш не живеел поробен. Затоа ова не смее да се забранува, ако биде забрането значи дека сме паднале, нагласи Додик. - Ние сме загледани во Србија и Русија и нашиот народ. Не сакаме никакви судири и нема да ги водиме. Сакаме нашите полицајци да ги бранат нашите куќи што постојат на овие простори, рече Додик во своето обраќање. Претходно и Амбасадата на Обединетото Кралство во Босна и Херцеговина се огласи по повод неуставното одбележување на 9 јануари како Ден на Република Српска, велејќи дека непочитувањето на одлуките на Уставниот суд од 2015 и 2019 година потенцијално претставува кривично дело. „Ставот на Обединетото Кралство за одбележување на 9 јануари како Ден на Република Српска е јасен и конзистентен. Изборот на овој конкретен датум дава приоритет на една етничка група пред другите и прекршува неколку одредби од Уставот на Босна и Херцеговина, особено оние кои се однесуваат на забраната на дискриминација, соопшти британската амбасада. Во соопштението се додава дека „кој не ги почитува одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина од 2015 и 2019 година го поткопува владеењето на правото и потенцијално прави кривично дело“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook