Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
БалканДодик ја најави кандидатурата за претседател на Република Српска Република Српска сака пријателски односи со сите, изјави денеска претседателот на СНСД, Милорад Додик и најави кандидатура за следниот мандат за претседател на Српска.Додик на седницата на Главниот одбор на партијата во Српач рече дека СНСД има историска одговорност и дека нема да се крие од разни закани. -Целиот мој живот го посветив на борбата за Република Српска. Завршив на суд затоа што бев непослушен. Нема да заминам од овде, ќе останам овде и подготвен сум да се жртвувам за Република Српска како човек и политичар, изјави Додик. Тој посочи дека на овие простори никогаш повеќе нема да се појави партија толку силна како СНСД и дека оваа партија треба да се прилагоди на луѓето на терен. Според него, раководството на Република Српска донело одлука за формирање државна банка преку која ќе се реализираат одредени интереси на Република Српска. На седницата на ГО на СНСД беа избрани потпретседателите и генералниот секретар, како и претседателството на партијата. Беа избрани и пет потпретседатели на партијата и тоа: заменик-претседател задолжен за меѓународни односи Жељка Цвијановиќ, потпретседател задолжен за соработка со институциите на Република Српска Радован Вишковиќ, потпретседател задолжен за соработка со институциите на заедничко ниво Сања Вулиќ, потпретседател задолжен за соработка со локалните заедници и невладини организации, Мирослав Бојиќ и потпретседател задолжен за соработка со јавните претпријатија, Лука Петровиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинитоСветскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење. Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“. Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време. Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
АвтомобилизамДачија подготвува нов, помал кросоверПроизводителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел. Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности. Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија. Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал. Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia. Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата. Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек. Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster. Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди. Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра! Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24