Додик го моли Трамп за помош- веќе доби поддршка од Орбан и од руската амбасада во БиХ - Канал 5

Додик го моли Трамп за помош- веќе доби поддршка од Орбан и од руската амбасада во БиХ

Судот на БИХ доцна попладнево ја разјасни својата одлука, наведувајќи дека претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик нема да може да извршува никаква јавна функција шест години, не само претседателската.

Додик го моли Трамп за помош- веќе доби поддршка од Орбан и од руската амбасада во БиХ

Лидерот на српскиот ентитет во БиХ беше законски осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, пресуда што Додик ја отфрла, објави Индекс.

Судот на БиХ првично објави дека Додик нема да може да ги извршува должностите претседател на РС шест години, а потоа испрати ново соопштение во кое појасни дека оваа одлука, имајќи ги предвид промените во законот што ги наметна Шмит, подразбира и забрана за држење на сите други позиции што доаѓаат во контакт со јавни пари.

Додик на X го моли Трамп за помош

Буквалното толкување на ова подразбира забрана за држење на функцијата претседател на владејачката СНСД ако партијата на Додик се финансира од буџетот.

Додик, во меѓувреме, побара меѓународна поддршка и го тагира американскиот претседател Доналд Трамп на својот X профил, цитирајќи ги неговите зборови од 2024 година во кои повика на прекин на прогонот против него во САД. Тој го спореди својот случај со она што го доживеа Трамп, нагласувајќи дека тој, исто како Трамп, е жртва на политички прогон.

Русија и Орбан се на страната на Додик

Руската амбасада во Босна и Херцеговина ја оцени пресудата како политичка и го нарече високиот меѓународен претставник „узурпатор“. „Затоа, сите пресуди засновани на наводи за наводно кршење на „одлуката на високиот претставник“ не се законски, туку се исклучиво политизирани.

Целата одговорност за евентуалната дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација во земјата е на промоторите на оваа политичка акција“, објави амбасадата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, го поддржа Додик, велејќи дека „треба да се почитува одлуката на народот на РС кој го избра Додик за свој претседател“. „Нема место за политички лов на вештерки во демократијата“, напиша Орбан на X.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во Собрание во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, дискутираше за случувањата поврзани со Алта банка .

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во Собрание во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, дискутираше за случувањата поврзани со Алта банка и посочи дека јавната комуникација на политичките субјекти носи сериозна одговорност, особено кога станува збор за банкарскиот систем, штедните влогови и финансиската сигурност на граѓаните. Во овој контекст, тој додаде дека особено загрижувачки се јавните настапи и партиските соопштенија на СДС и претседателот на партијата, Венко Филипче, во врска со случајот со Алта банка.

„Сакам да отворам едно прашање коешто сметам дека е многу важно. Станува збор за јавната комуникација на политичките субјекти во врска со овој случај и пред се за можните последици од изнесувањето на одредени тврдења врз довербата на граѓаните во банкарскиот систем. Ќе наведам неколку конкретни примери од официјалната веб страница на политичката партија СДС, од нивни прес-конференции и прес-конференции на претседателот на партијата Венко Филипче и официјални партиски соопштенија“, изјави Петрушевски и додаде:

„Прво, на 31 октомври 2026та година на прес-конференција Венко Филипче изјавува: Мицкоски и Трајко Славески се дел од оваа мафијашка мрежа во Србија. Во истата изјава зборува за сомневања дека капиталот на Алта банка потекнува од криминал, корупција и шверц на дрога. Истовремено предупредува на стампедо пред експозитурите на банката и прашува дали се загрозени депозитите на граѓаните и јавните претпријатија. На денешната надзорна расправа сите надлежни институции недвосмислено потврдија дека нема сомнителни трансакции помеѓу Алта банка АД Битола и српски субјекти ниту во обратна насока освен вообичаените трансакции поврзани со увоз и извоз на стоки.

Второ, на 1ви ноември на официјалната веб страница на СДС е објавено соопштение со наслов „Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ“ и Вучиќ продолжуваат да се „перат“, а парите на народот заробени. Во ова соопштение се тврди дека парите на граѓаните во Алта банка ќе останат заробени, додека парите од криминалните тендери ќе продолжат да се „перат“. Иако на денешната расправа сите надлежни институции потврдија дека Алта банка е ликвидна, дека нема оштетени граѓани и дека навремено се преземени сите административни мерки за заштита на граѓаните и ликвидноста на банката. Трето, на 2ри ноември на прес-конференција во Собранието Венко Филипче изнесува исклучително сериозни обвинувања. Цитирам: Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150 и 180 милиони евра од граѓаните. Исто така на таа прес-конференција е битно да потенцирам и една негова изјава која гласи: стравуваме дека ќе има домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни се јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“.

Петрушевски упати три конкретни прашања до јавниот обвинител Ненад Савески во врска со јавните настапи и соопштенија на СДС и претседателот на партијата Венко Филипче, во кои беа изнесени сериозни обвинувања. Тој побара од обвинителството да одговори дали ги има регистрирано овие изјави, дали по нив е отворен предмет и дали се преземаат дејствија за проверка на изнесените тврдења.

„Ова не е само политичка критика кон една банка или кон гувернерот. Ова е јавно пласирање на тврдења за можен домино ефект врз други банки и за загрозена сигурност на депозитите на граѓаните кои воопшто немаат сметки во Алта банка. Истиот ден Филипче изјавува оваа криминална власт кај нас во Македонија предводена од Христијан Мицковски е арамиска и криминална, потоа прашува како граѓаните ќе си ги повлечат парите и ја квалификува изјавата на гувернерот во врска со отплатата на кредитите како врв на безобразлук. Денес надлежните институции јасно објаснија и за начинот и динамиката на исплатата на граѓаните при што беше потврдено дека нивните средства на сметките на банката не се доведени во прашање. И уште една квалификација. Ова е заштита на криминал на капитал на криминалците на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. И овие тврдења денес беа демантирани од гувернерот кој појасни дека административните ограничувања се однесуваат на правните субјекти и дека банката има добра ликвидност“, рече Петрушевски и додаде:

„И вакви примери има многу, но на крајот би ве прашал конкретно дали јавното обвинителство ги има регистрирано и дали ги испитува овие конкретни јавни изјави и соопштенија на политичката партија СДС и дали е отворен предмет по овие наводи. Второ, дали Венко Филипче е повикан или ќе биде повикан да даде исказ во јавното обвинителство во врска со овие конкретни тврдења за криминал, трговија со дрога, перење на пари. Доколку изнесува вакви сериозни тврдења и обвинувања, дали од него ќе биде побарано да ги презентира и доказите врз основа на кои ги изнел овие тврдења во јавноста. И трето, дали обвинителството ќе испита дали со ваквите јавни настапи во зависност од нивната вистинитост, контекст, намера и последици се остварени елементи на некое кривично дело предвидено во кривичниот закон, вклучително и предизвикување паника и друго дело против јавниот ред и сигурноста, односно кога конечно Венко Филипче ќе биде повикан во обвинителството“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ненадејно почина рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина ненадејно на 67-годишна возраст, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. 

Ненадејно почина рускиот амбасадор во САД

Дарчиев имаше 66 години, а функцијата амбасадор во Вашингтон ја извршуваше од март 2025 година.

Руското Министерство за надворешни работи ја потврди неговата смрт, но досега не ги објави причините или околностите. Дарчиев поголемиот дел од својата кариера го помина занимавајќи се со односите на Русија со САД и Канада.

Путин го назначи минатата година

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Дарчиев за амбасадор во САД на 6 март 2025 година, откако функцијата беше празна речиси пет месеци. Неговиот претходник, Анатолиј Антонов, го напушти Вашингтон во октомври 2024 година.

Дарчиев беше назначен во време на обиди за обновување на дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Американските власти претходно го одобрија неговото назначување за време на руско-американските разговори во Истанбул, на кои се разговараше за нормализација на работата на дипломатските мисии.

Кој беше Александар Дарчиев?

Дарчиев е роден на 14 мај 1960 година, а дипломирал историја на Московскиот државен универзитет во 1983 година. Тој бил докторант и истражувач во областа на американската политика, а работел во руската дипломатија од 1992 година.

Служел во руската амбасада во Вашингтон од 1997 до 2002 година и повторно од 2005 до 2010 година. Од 2014 до почетокот на 2021 година, бил руски амбасадор во Канада, а потоа директор на одделот на руското Министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка.

Зборувал англиски и француски јазик, а за време на неговата дипломатска кариера добил руски државни одликувања, вклучувајќи го Орденот за пријателство и Орденот за чест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Китови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)

Природата е сурова, немилосрдна и брутална. Особено кога три или четири китови убијци одлучат да го направат кормилото на вашата едрилица да им изгледа како играчка за џвакање.

Китови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)

Токму тоа го доживеа Гиде Батлер, сурфер и морнар од Сан Диего, на 29 август 2026 година, покрај северозападниот брег на Шпанија. Батлер бил на својата 42-метарска едрилица, Сеика, по регатата „Игнасио Монтенегро трофеј“ во близина на Сан Висенте до Мар, кога се појавила група орки, објави Yahoo.com.

Китовите убијци набрзо станале агресивни. Погледнете го видеото објавено на социјалните мрежи.

Видеото, првично објавено од самиот Батлер, а подоцна споделено од популарниот профил „Природата е сурова“, прикажува сцена што е кошмар за секој морнар. Темни силуети минуваат под трупот на пловилото, додека едрилицата се тресе од повторените удари од орките кон неговиот систем за управување. Членовите на екипажот се наведнуваат над оградата, обидувајќи се да сфатат што се случува и кој дел од пловилото е оштетен.

„Изгубивме половина од кормилото“, напиша Батлер. Тој процени дека три или четири орки го следеле и го нападнале едрилицата околу осум минути.

Средбата била застрашувачка, но реакцијата на Батлер била посложена отколку што би можел да сугерира зборот „напад“. Како голем обожавател на орки, тој бил воодушевен што имал можност да ги види одблизу. Но, потоа дојдоа ударите, штетата и брзата проверка дали водата почнала да влегува во пловилото.

„Адреналинот ми беше висок“, призна тој.

За среќа, никој не бил повреден, трупот на едрилицата не бил пробиен, а оштетената „Сеика“ успеала да се врати во пристаништето без помош на спасувачките служби, чија интервенција веќе била подготвена.

Батлер се сомневал дека помалите орки биле „само младенчиња што си играат со чамецот“. Научниците сè уште не утврдиле зошто некои орки од иберската популација комуницираат со пловилата, но играта, љубопитноста и однесувањето на учење едни од други се наведуваат како можни објаснувања.

Сепак, Батлер не бил единствениот што доживеал таква средба. Веќе следниот ден, друга јахта во близина на устието на реката Виго остана без функционално кормило по средба со орки. Од 2020 година, стотици слични инциденти се регистрирани во водите на Шпанија и Португалија, од кои некои завршија со онеспособување или потонување на пловила.

Дури и познатото потонување на бродот „Алборан Коњак“ кај Гибралтар во 2024 година беше поврзано со оштетување на пловилото, а не со докази дека орките ловеле луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер