Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС - Канал 5

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителство.

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции.

- Оваа борба не е на Милорад Додик, туку реакција на акцијата што ја презеде политичко Сараево, истакна Додик за ТВ Пинк.

Тој истакна дека ако биде осуден „РС ќе го откаже секое присуство на судот и обвинителството, Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) и други вештачки и вонуставно наметнати тела на ниво на БиХ, ќе биде забранета нивната работа на територијата на РС, ќе биде донесе изборен закон и ќе направам се за да ги вратам 83 надлежности на нивната уставна позиција на БиХ“.

Додик наведе дека судењето е „чист политички прогон“ и оти РС ќе одговори со политички одлуки.

Тој истакна дека дури и Судот да му забрани политичка активност, тој ќе продолжи да се занимава со политика.

- Значи нема ништо да се случи, Милорад Додик останува тука, останува претседател на Републиката, дури и ако ми забранат политичка активност, ќе продолжам да се занимавам со политика, истакна Додик.

Претседателот на РС и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ се обвинети за неспроведување на одлуки на високиот претставник, што според Кривичниот законик на БиХ предвидува затворска казна од шест месеци до пет години, како и забрана за вршење јавна функција.

Завршните зборови на обвинителството и одбраната беа на 19 февруари, а судијата има рок од три дена да изрече пресуда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела

Утре минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени, соопштуваат од УХМР.

Нов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 28 Крушево, 29 Маврови Анови, 32 Претор, 33 Берово, 34 Крива Паланка, Охрид, 35 Прилеп, Битола, 36 Струмица, Виница, Тетово, 37 Штип, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. 

Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија

Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји.

Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите и сличните предизвици со кои се соочуваат земјоделците претставуваат добра основа за поцврсто партнерство. Соработката меѓу двете земји, како што беше нагласено, треба да добие практична димензија преку размена на знаење и технологии, нови деловни врски и подобро поврзување на примарното производство со преработувачката индустрија.

Министерот Серафимовски нагласи дека македонското земјоделство влегува во нова развојна фаза во која институционалната поддршка се насочува кон поттикнување на поголемо и поквалитетно производство, модернизација и подобра пазарна позиција на домашните производи.

„Нашата задача е земјоделството да произведува повеќе и поквалитетно, да привлече нови инвестиции, да биде подготвено за климатските и пазарните промени и да понуди препознатливи производи со поголема додадена вредност, усогласени со европските стандарди. Регионалната соработка може да ја забрза таа промена и да отвори нови можности за земјоделците и сточарите“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Драган Гламочиќ, оцени дека двете држави имаат добра основа за натамошно продлабочување на соработката, особено преку размена на искуства во модернизацијата на производството и усогласувањето со европските земјоделски политики. Тој посочи дека редовниот дијалог меѓу министерствата може побрзо да ги трансформира заедничките иницијативи во конкретни проекти.

„Со поголема поврзаност меѓу институциите, земјоделците и деловната заедница можеме да создадеме простор за нови инвестиции и посилен регионален пазар“, истакна министерот Гламочиќ, соопшти МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни

Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на граничниот премин Табановце. 

Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни

На граничниот премин Табановце, камерите на „Сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странските возачи.

На излез од државата, оние кај кои се евидентирани прекршоци се известуваат за казните – пракса што се применува и во Европа, каде и странските возачи одговараат за направените сообраќајни прекршоци.

Најпогодени од новиот начин на санкционирање се туристите, пред сè оние од Србија кои се враќаат од годишен одмор. При излез од Македонија, на возачите кај кои системот евидентирал пречекорување на брзината им се врачуваат прекршочни платни налози за прекршоците направени при транзитот низ земјава.

Дел од анкетираните возачи велат дека доколку сториле прекршок, немаат проблем да ја платат казната. Но, се жалат дека претходно немале доволно информации каде и на кој начин треба да ја извршат уплатата.

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без разлика дали станува збор за домашни или странски возачи.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за забрзување на процедурите и намалување на задржувањата на Табановце.

Податоците на МВР покажуваат дека од 2 февруари до 31 мај 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал над 33 илјади сообраќајни прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички.

Во првите месеци од функционирањето на системот биле регистрирани повеќе од 120 илјади сообраќајни прекршоци, од кои дури 95 проценти се однесувале на пречекорување на дозволената брзина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер