3Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
2Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
ФудбалДоделени средства на спортските федерации од Игрите на среќаАгенцијата за млади и спорт (АМС) денеска потпиша договор со четири спортски федерации за доделување наменски донации од средствата утврдени во Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Ракометната федерација ќе добие 5,2 милиони денари Македонската кошаркарска федерација и Фудбалската федерација на Македонија ќе добијат четири милиони денари, додека додека Карате федерацијата ќе добие 1,5 милиони денари. Директорот на АМС, Марјан Спасески на денешната прес-конференција потенцираше дека преку измените во Законот за игрите на среќа и за забавните игри се овозможија нови стабилни извори за финансирање на спортските федерации. - Денеска склучуваме договор со Ракометната федерација во износ од 5.2 милиони денари, со Кошаркарската федерација во износ од 4 милиони денари, со Фудбалската федерација за настап на младите фудбалери на ЕП во Полска во износ од 4 милиони денари и со Карате федерацијата во износ од 1.5 милиони денари, за нивните настапи на меѓународните натпревари, но и за организација на меѓународните натпреварувања, чиј домаќин ќе биде Република Македонија, рече Спасески и информираше дека само досега преку овој нов извор на финансирање се поддржани 42 национални спортски федерации со вкупно 52.5 милиони денари. Во изминатиот период се склучија и Договори за распределба на редовните буџетски средства на вкупно 44 национални спортски федерации, кои ги исполниле законските услови и имале навремена и уредна апликација, а вкупната сума на доделени средства по двата основи, односно од редовните буџетски средства и од Игрите на среќа досега се доделени вкупно 91 милион денари на 50 национални спортски федерации. - На овој начин, убеден сум дека ќе придонесеме кон подобрување на функционирањето на спортските федерации, подобрување на резултатите на нашите селекции и секако подигнување на квалитетот на спортскиот систем во нашата земја. Новите дополнителни приходи за спортските федерации треба да бидат мотив повеќе за нивно максимално ангажирање во спортот и создавање функционален и ефективен систем, истакна Спасески. Задоволство од новите средства изрази и генералниот секретар на Карате федерацијата на Македонија, Зоран Ѓорѓевски кој потсети на одличните резултати на нашите каратисти на неодамна завршеното ЕП во Турција и искажа благодарност за поддршката што Македонската карате федерација ја добива од Агенцијата за млади и спорт. - АМС го препозна квалитетот на каратистите и ваквата поддршка резултираше со врвни резултати на меѓународните натпревари, а убеден сум дека Македонското карате ќе има резултати и на Олимпијадата во Токио, нагласи Ѓорѓевски. Инаку, со оваа распределба на средства беа опфатени околу 40 федерации, кои добија околу 25 милиони денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВикторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филмЏет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул. Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*. Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв. Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур. Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето. Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.Тагови: Викторија Бекам Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветРубио: „Не сме нападнати“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си. Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа. Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД. Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ЗабаваЕн Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во ЊујоркХоливудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член. 43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ. Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето. Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден. Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак. На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“. Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street). За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак. View this post on Instagram A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway) „Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката. Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00