3Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
ЖивотДоделени сертификати и компјутери на штитениците на детскиот дом „11 Октомври“Во просториите на детскиот дом 11 Октомври се одржа свечена церемонија на која беа доделени сертификати за завршена обука и компјутери на првата генерација учесници - децата без родители.Обуката под наслов „Користење компјутери за безбедно учење на далечина“ ја посетуваа 27 штитеници на детскиот дом. Овие млади луѓе, покрај стекнатите знаења и вештини за безбедно користење компјутери за учење на далечина, добија и по еден компјутер или лаптоп коиво иднина ќе им служат за натамошно учење и подготовка за самостоен живот. По завршување на обуката, учесниците ќе продолжат со едногодишно изучување на англискиот јазик, кое ќе се одвива на далечина под водство на искусни наставници. Овој проект се реализира со поддршка на Sparkasse и амбасадорите на фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ. Компјутерите и лаптоповите кои ги добија децата се обезбедени како донација од неколку компании и физички лица за што изразуваме голема благодарност. „Пресреќни сме што постојат луѓе како Александар кои искрено се грижат за децата без родители и го прават на дело она што зборуваат. Денес нашите штитенци добија многу повеќе од компјутери– тие добија одлична шанса за подобра иднина!“ – изјави по завршување на настанот Розетка Влаховиќ, в.д. директор на детскиот дом „11 Октомври“. „Денешниот настан е доказ дека меѓу нас постојат голем број хумани луѓе и организации кои помогнаа една идеја да претвориме во реалност. Со нивна помош ја започнуваме трансформацијата на Македонија во пристојно место за живеење, почнувајќи од децата без родители на кои ќе им обезбедуваме компјутери, обуки и ментори“, изјави Александар Марјановиќ, извршен директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи. Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти. ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат. Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент. Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗемјотрес во БиХЗемјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. Сè уште нема информации за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЏа Морант трејдуван во ПортландЕдна од најголемите размени летово во НБА е официјализирана. Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс. Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис. Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми. Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter