Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло - Канал 5

Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло

Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на денешната церемонија во Градското собрание во Осло.

Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло

Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА.

Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, кој таа го напишала во озлогласениот затвор Евин во Иран.

-Ја пишувам оваа порака зад високите, студени ѕидови на затворот, напиша таа во својот говор и изрази надеж дека честа ќе помогне да се зајакне активистичкото движење во Иран кое бара права и фер третман од тврдокорната исламистичка влада во земјата. Јас сум Иранка, горда и чесна придонесувач за цивилизацијата, која моментално е под угнетување на деспотска верска влада. Јас сум затвореничка која, поднесувајќи длабоки и душечки страдања кои произлегуваат од недостатокот на слобода, еднаквост и демократија, ја препозна неопходноста од своето постоење и најде вера, наведе таа.

Норвешкиот Нобелов комитет ја удостои со наградата „за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите“.

Таа вчера на својата страница на Инстаграм, која и ја одржуваат пријатели во странство, објави дека стапила во тридневен штрајк со глад.

-На денот на церемонијата на доделување на Нобеловата награда, сакам да бидам гласот на Иранците кои протестираат против неправдата и угнетувањето. Иранскиот народ на крајот ќе го надмине авторитаризмот наметнат од владата која ги загуби и легитимитетот и јавната поддршка, напиша Мохамади.

Другите добитници на Нобеловата награда за литература, медицина, физика, хемија и економија, исто така, ќе бидат одликувани денеска на посебна церемонија во Стокхолм, со која ќе претседава шведскиот крал Карл XVI Густаф.

Добитниците беа објавени во октомври и традиционално им се доделуваат наградите на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел, шведски хемичар кој заработи огромно богатство со својот изум на динамит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо: Некои на запад сакаат да предизвикаат војна меѓу НАТО и Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека дел од западните политичари, по, како што рече, неуспешната стратегија за пораз на Русија преку војната во Украина, се обидуваат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Фицо: Некои на запад сакаат да предизвикаат војна меѓу НАТО и Русија

Фицо оцени дека Европа е поблиску од кога било до војна од големи размери и порача дека војната во Украина, не е ниту Словачка, ниту војна на НАТО.

„Одредени воени јастреби во НАТО се обидуваат по секоја цена оваа војна да ја претворат во конфликт меѓу Русија и НАТО“, рече Фицо, додавајќи дека Словачка нема да испраќа војници врз основа на измислен повод.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ја засилува кампањата на хибридни напади во Европа, додека полскиот премиер Туск, предупреди за можни напади со дронови и ракети врз земји што ја поддржуваат Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции

Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, лицемерно се јавија небаре загрижени за животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, кои не сакаат Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Венко Филипче од СДС, кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев цело лето го поминаа по грчките плажи на скапата јахта, лицемерно се јави небаре загрижен за живејачката на граѓаните.

Филипче не сака Македонија да се развива и да доаѓаат инвестиции, да се градат дата центри, хидроцентрали, рудници а од друга страна подобар живот.

Се спротивставуваат на се што значи економски развој, а сакаат повисоки плати. Не може сите да живеат од бизнисот со марихуаната, како струмичкиот клан и пријателите на Филипче, некој мора да живее и од други економски гранки, за кои тие се против.

Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува.

Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива.

Исто така, Венко Филипче и СДС ги нема никаде и кога реализацијата на капиталните инвестиции, како што се изградбата на автопатските коридори, и растот на градежништвото се големи.

Иако од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, десет квартали последователно економијата расте во просек од 3 или над 3%, а кој во вториот од годинава достигна 4,3%, Филипче и СДС пак ги нема збор да кажат.

А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина.

Тоа што останува да им порачаме на СДС, Филипче и неговите другари, колку сака може да им смета развојот и да ликуваат на неуспех на државата, Македонија ќе се развива, во Македонија ќе доаѓаат инвестиции, економијата ќе расте и граѓаните подобро ќе живеат.

Дополнително, патувањето на премиерот Мицкоски чини неспоредливо помалку од нечесно заработеното Ауди на Филипче или јахтата на Заев, и многу помалку од провизиите на Стабри вакцините за време на ковид кризата, кои ги договараше Венко Филипче во времето кога државата беше меѓу најпогодените од ковид кризата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живот со мускулна дистрофија – предизвици и искуства на пациентите со ова ретко заболување

Ретка, генетска и прогресивна – мускулната дистрофија е заболување за кое сè уште нема целосно излекување.

Живот со мускулна дистрофија – предизвици и искуства на пациентите со ова ретко заболување

Современите терапии, сепак, можат да го забават напредувањето и да влијаат врз текот на одредени форми на болеста.

Според последните јавно објавени податоци, се проценува дека во Македонија има меѓу 50 и 60 лица со мускулна дистрофија. Болеста спаѓа во групата ретки заболувања, а една од најтешките и најчести форми е Дишеновата мускулна дистрофија, која главно ги погодува момчињата.

Зад дијагнозата, велат од здружението, стојат секојдневни предизвици кои за многумина остануваат незабележливи. Татјана Димовска Атанасова потсетува дека она што за еден човек е банална работа, за друг може да биде голема пречка – и дека токму хуманоста е она што може да нè обедини.

„Она што за нас е банална глупост, за некого е поголем предизвик... Само хуманоста може да нè обедини., само доколку барем на еден ден да се ставиме во кожата на оние коишто имаат сериозни проблеми .Сликата кога ќе видите дека еден родител едвај успева да го истурка своето дете во инвалидска количка мислам дека ќе не поттикне подлабоко да размислуваме “– Татјана Димовска Атанасова / МДА-Македонија.

Токму солидарноста и подигнувањето на свеста за секојдневните предизвици на овие лица беа и повод повеќе луѓе да дадат поддршка на иницијативата.

,,Да помогнеме меѓутоа тоа да биде со систем , ние ќе направиме ќе направат и други не е проблем, но мора систем да има...,, - Саше Сатаровски поддржувач на иницијативата.

Од пристап до соодветна терапија и здравствена грижа, до услови што ќе им овозможат полесно секојдневие – предизвиците, велат, не завршуваат со една хуманитарна акција.

Поддршката денеска доби и конкретна хуманитарна акција. На настанот со драмскиот писател Братислав Димитров, посетителите можеа да добијат примерок од неговата најнова книга, а средствата од донациите се наменети за хуманитарни цели.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер