ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
2ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
3„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
КултураДоделени наградите за 48-часовниот филмски предизвик во рамките на ЅИРНИЖирито во состав актерката Слаѓана Вујосевиќ, режисерот Игор Христов и монтажерот Горјан Атанасов, ги избра најдобрите кратки филмови создадени во текот на еден викенд во рамките на 48-часовниот филмски предизвик на фестивалот „Ѕирни“.Првото место го освои филмот „Несоница“ на тимот составен од Мартина Гогова, Стефани Миленковска, Никола Станишлевиќ и Антингона Џорлева. Жирито го опиша победничкиот филм како „вознемирувачки портрет на младите во Скопје“, нагласувајќи ја силната симболика и метафората за колективната летаргија на една цела генерација. Втората награда ѝ припадна на екипата на „Клошари“: Едис Усеин, Борјан Поповски, Дамјан Шоќев, Андреј Самарџиев, Веран Павлов, Ана Ангелич, Надја Лукановска, Огнен Ромевски и Антонио Једиковски. Филмот беше пофален за одличната режија, храброто користење на визуелни ефекти и долги кадри со богат мизансцен. Третото место го доби филмот „Fever Dream“ на Ева Божиновска, Ведра Симонова и Теодор Дамјаноски, кој се издвојува со успешната визуелна паралела помеѓу реалноста и сонот, оставајќи силен впечаток до самиот крај. Жирито додели и две специјални признанија. Првото, на филмот „Остатоци“ од Леона Јариќ, Ѓорѓе Нешковиќ, Михаела Димитровска, Ева Тодоровска, Андреј Димески, Ксенија Манулеска и Теона Христовска, за суптилната и емотивна приказна што преку само две локации и двајца актери успева да допре длабоко. Второто признание му припадна на филмот „Во чие име“ од Наке и Ивана Батев, кој се издвојува со својот документарно-игран пристап и критички осврт кон глобалните општествени теми.Тагови: ЅИРНИ филмски предизвик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднашМинистерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога? Да не е обвинителот Савевски на екскурзија исто така? Еве 10 факти за обвинителот Савевски за постапува: 1.Загадувањето на водата во Гостивар започнало на 25 јуни. 2.Првите случаи со симптоми на труење биле регистрирани на 13 јули по што и по 200 нови случаи дневно. 3.Пет дена никој не реагирал и не презел ништо. Првите препораки биле објавени на 18 јули! 4.А три дена пред да се објави дека водата е загадена Центарот за јавно здравје Тетово издал извештај дека водата е безбедна за пиење. Значи 22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со загадена вода со фекалии. Резултатот, 4.700 граѓани отруени. 5.На 23 јули, премиерот Мицкоски најавува „техничка вода“ за користење, а до крајот на таа недела и вода за пиење. Потоа Тошковски рече дека се врши хиперхлорирање на водата и стана експерт за анализа на вода. 6.Четири дена по најавата на Мицкоски, на 27 јули, Тошковски јавно ќе соопшти дека „Гостивар доби техничка вода“ која може да се користи за капење, но не и за пиење. 7.Никогаш не беше објавен документ, анализа на водата, кој одобрил, кој потпишал, дека водатата може да се користи како техничка. 8.На 3 август, значи после цела недела од изјавата на Тошковски, Стојанче Ангелов ќе објави дека во водата во Гостивар има бактерија. Па како им кажаа на луѓето дека може да ја користат водата техничка за капење и миење ако има бактерија? Тотален хаос и распад. 9.Вчера, на 7 август Клековски ќе соопшти дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни. 10.Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Еве ги фактите. Се му е спремно на Савевски, па кога ќе се врати од ексрузија еве го чека, нека постапува. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одборТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилнициСДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија. Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на МакедонијаНајновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор. Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали. „Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата. Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола. „И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување. Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат. Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага. Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина. Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter