Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам - Канал 5

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на бугарскиот карикатурист Иваило Цветков и на афористичарот Јово Николиќ од БиХ, Република Српска.

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Сребрена плакета за карикатура доби Олег Хутсол од Украина, а бронзена плакета македонскиот карикатурист Миле Манчевски. Награда од Струмичкиот карневал доби Миро Георгијевски, додека дипломи добија карикатурстите Блаже Докуле и Зоран Тодороски

Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Зоран М.Јовановиќ од Србија, а бронзена плакета на Мирослав Средановиќ, исто така, од Србија. Дипломи им се доделени на Миле Ѓорѓијоски ( Македонија) и Веселин Зидаров (Бугарија), а наградата од Струмичкиот карневал ја доби Атанас Крлевски.

Изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам ќе биде отворена на 3 март во рамките на Струмичкиот карневал, кога ќе им бидат врачени и наградите на најуспешните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нова провокација од Кајли Џенер

Младата членка на кланот Кардашијан - Џенер, атрактивната бизнисменка Кајли Џенер не престанува да ја рекламира својата нова колекција, и секој пат  тоа го прави со се по провокативни фотки и изданија.

Фото: Нова провокација од Кајли Џенер

Риалити убавицата реши ова лето да се посвети само на себе си.

Таа веќе неколку пати воодушеви со модели од својата нова колекција, особено кога станува збор за бикини, а сега претстави и фустани и летни комплети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска ВМРО-ДМПНЕвечерва во Струмца го одбележува својот 36 роденден. 

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање

На свеченоста по повод основањето на партијата пред членството и присутните гости се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок 

Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и добиените средства од планот за раст, се потврда за успешноста на реформските процеси во земјата.

„Македонија напредува во изминатиот период во повеќе области, oна за што можам директно да кажам и што е видливо е делот на Реформската агенда, односно законите и областите коишто произлегуваат од планот за раст. Македонија напредува во делот на дигиталната трансформација, во делот на образованието, во делот на енергетскиот пазар, во делот на дигитализацијата, што е видливо и од извештаите кои што ги добиваме од Европската комисија и од претседателот на Европскиот совет којшто рече дека Македонија бележи опипливи резултати. Македонија на последната поделба на одредени средства доби 65,7 милиони евра, повеќе од сите во околината, кој што се средства да кажеме како лидери во областа на реформите од планот за раст“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека Владата останува цврсто определена на европскиот пат и спроведува реформи што се бараат од Европската комисија, но истовремено внимателно ги штити македонските национални и државни интереси. Тој нагласи дека, по искуствата од минатото и неисполнетите ветувања по направените уставни измени, земјата нема да избрзува со нови чекори без јасни гаранции и видлив напредок на патот кон Европската Унија.

„Македонија ја води проевропска Влада, Влада којашто работи на измените, односно на реформите коишто Европската комисија ги бара, меѓутоа, Македонија во моментов има Влада којашто се грижи за македонските национални и државни интереси. Поучени од минатото коешто го имавме, направени уставни измени со промена на уставно име, а не испорачани резултати коишто беа ветувани, сега разговараме, меѓутоа внимателно со цел да добиеме некој видлив патоказ, којшто ќе ни даде за право да веруваме доколку дојде до одредени измени. Не брзаме, не сме наивни, меѓутоа работиме на Реформската агенда и реформскиот пат, затоа што тоа е иднината на оваа држава“, дециден е Мицевски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер