КултураДоделени наградите на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. -Театарот е местото каде невидливото станува видливо, според Питер Брук. Верувам дека секој спектакл е едно патување и упатување кон непознатото во човечкото суштествување. Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка праведност и актерство што плени. За мене „12“ е исклучително актерско достигнување на секој актер од екипата, изјави претседателката на фестивалското жири Лилија Абаџиева. За директорот на МНТ од Скопје, Никола Кимовски, наградата доаѓа кога театарот одбележува 80 години постоење. -Бидејќи оваа година МНТ одбележува 80 години постоење, оваа награда е од големо значење како за актерскиот, така и за техничкиот и целокупниот колектив на Македонскиот народен театар. Освоивме три награди. Притоа ја добивме значајната награда на Фестивалот „Петре“ , исто за „12“, а мора да ја споменам и поледната награда што ја добивме на Стеријино позорје“, прва по последната награда од 1986 година, па така, оваа награда е од особено значење, зашто театарот во овој момент, освен актерите, го сочинува и целиот колектив, изјави Кимовски. Уметничкиот директор на Фестивалот Ана Стојаноска посочи дека Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ со своето 59. издание оди во нашата колективна меморија и како што рече, го затвораме со чувство на мир и исполнетост на сите зададени цели и визии, за, како може, покрај сите предизвици, да се смееме и да се осмелиме на сето тоа во и околу нас. -Ова е фестивал на сите театри во Македонија и заслужува да биде третиран како таков. Ова, во Прилеп, е местото што ги спојува сите идеи, креативни процеси, конструктивни дијалози, ова е платформата на заедничкото театарско живеење. За жал, сѐ уште не сме дојдени до реализација на таа идеја - сите да работиме за уште поуспешен фестивал, рече Стојаноска при затворањето на Фестивалот. Актерот Оливер Митковски е посебно горд што ја доби наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ во претставата „12“. -Особено ми е драго што сега ја добивам фестивалската награда. Последниве години фестивалот се искачува на повисоко ниво. Станува сериозна институција, рече Митковски. Марија Минчева Андонов со возбуда ја доби наградата за најдобра главна женска улога во претставата „Сите прекрасни нешта“ на штипскиот театар -Му благодарам на Фестивалот за наградата кој е срцето на македонскиот театар. Поттик е да работиме сите на себе., рече Минчева Андонов. За доботникот на наградата за најдобра главна машка улога Мартин Мирчевски во претставата на битолскиот театар „Црно семе“ сето било едно големо патување, авантура. -Сето побуди големи емоции кај самата екипа, а тоа се рефлектираше, се надевам, а така беше според аплаузот, и кај публиката. Среќен сум шрто сум дел од таа екипа на битолскиот театар со кој направивме добра претстава, изјави Мирчевски. Сашко Костов, добитникот на наградата за најдобра музика „Филип Стефановски“ за музиката во претставата на велешкиот театар „Рацин“ рече дека е премногу радосен за награда по 14 години работа во театарот. Претставата е емотивна, инспирацијата за музиката доаѓа до актерскиот изрз и, набрзо, нумерите од претставата ќе се најдат на носач на звук. -Инспирацијата доаѓа на сцената. Од изразот на актерите. Ја работиме музиката од претставата „Рацин“. Набрзо ќе излезе првиот сингл, а до крајот на годинава и целосната музика од претставата „Рацин“ на велешкоот театар, рече Костов. Публиката во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ со бурен аплауз ги награди добитниците на годинашните награди за најдобрите театарски остварувања. Во чест на наградените, театар Комедија од Скопје ја изведе претставата „Вистината“ во режија на на Владимир Јурц со што е спуштена завесата на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржуваше во Прилеп од 6 до 13 јуни. Тагови: Македонски народен театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБритански полицајци биле на оргии во Будимпешта- двајца од нив се уапсени кога се вратиле дома Оргија во која учествувале најмалку 15 припадници на Британската метрополитенска полиција кои биле на одмор во Будимпешта не завршила добро за двајца од нејзините членови, кои биле уапсени по враќањето на „островот“.Полицајка тврдела дека за време на „дива“ секс забава, еден од мажите насилно ја извлекол од собата фаќајќи ја за рака пред да ја однесе во својата соба, обвинувајќи го за напад. Нема индикации дека се обидел да има секс со неа, но жената тврдела и дека била сексуално нападната од друг колега во Унгарија. Патувањето во Унгарија вклучувало 15 полицајци кои не биле на должност и кои отишле на одмор заедно. Групата млади британски полицајци престојувала во голема куќа во Будимпешта преку Airbnb претходно оваа година во јуни. Се известува дека за време на пијана ноќна забава, неколку полицајци почнале да имаат секс меѓусебно пред полицајката да тврди дека била нападната, објави Дејли Меил. Лондонската метрополитенска полиција потврдила дека двајца полицајци биле уапсени, а потоа ослободени со кауција и суспендирани од должност. Извори велат дека Скотланд Јард бил „длабоко збунет од секс забавата“ додека се спроведувала истрага. „Ова покажува колку е длабоко збунета Метрополитенската полиција во врска со ова. Неверојатно е дека ова можело да се случи. Официјална внатрешна истрага се обидува да утврди што точно се случило на ова патување“, рече извор близок до истрагата. Друг инсајдер тврди дека неколку полициски наредници биле на одмор како дел од групата и сега се испрашувани за „како дозволиле овие сцени да продолжат“. „Едно е да се каже дека она што се случува на турнеја треба да остане на турнеја, но ова беа очигледно диви сцени што доведоа до кривични пријави“, додаде изворот, тврдејќи дека имало целосен недостаток на надзор од страна на високите службеници. Портпаролот на Метрополитенската полиција ги потврди апсењата. Полициски службеник, поврзан со Централната северна команда, беше уапсен во понеделник, 31 август, под сомнение за напад. Втор полицаец, поврзан со истата команда, беше уапсен во четврток, 3 септември, под сомнение за сексуален напад. Се тврди дека инцидентите се случиле во Будимпешта во јуни 2026 година. Двајцата полицајци се ослободени со кауција и суспендирани од должност, додека истрагата за оваа сложена истрага продолжува. „Сите обвинувања за кривични дела или злоупотреба на службената должност од страна на полициските службеници се третираат со најголема сериозност“, потврдија властите.Тагови: британски полицајци будимпешта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Мора да имаме демократски капацитет, ако сакаме да ја имаме довербатаПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски , се обрати на трибината на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски се обрати на настанот по повод 15 септември - Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГраѓаните воодушевени: Работници асфалтирале погрешна улица, ја сфатиле грешката по 350 метри Во Илмајоки, во финската покраина Јужна Остроботнија, дел од патот бил асфалтиран по грешка, иако работата на тој дел воопшто не била планирана.Изведувачот ја забележал грешката дури откако бил отстранет стариот асфалт и ја известил општината за тоа, пишува Yle.fi. Сепак, било одлучено да се заврши работата, и тоа по малку пониска цена од првично договорената. Новиот асфалт бил нанесен на улицата Ојанперантие, во близина на центарот на Илмајоки, во должина од нешто повеќе од 350 метри. Техничката комисија одлучила да ги покрие трошоците, кои изнесуваат околу 30.000 евра, од средства наменети за проекти за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Овој непланиран дополнителен трошок нема да ја загрози имплементацијата на другите делници чие асфалтирање веќе било планирано во програмата. Општина Илмајоки изјавила за Yle.fi дека грешката, меѓу другото, се должи на промената на името на улицата. Веста за случајот го привлече вниманието на медиумите кон неколку стотици метри пат во мирна станбена област, што го натера техничкиот директор на општина Илмајоки, Паво Перела, да се обрати до јавноста, велејќи дека делницата привлекла позитивно внимание кон општината. „Сега имаме улица која е национално многу важна поради својот асфалт“, се пошегува тој, коментирајќи го интересот на медиумите. Перела, сепак, не верува дека она што се случило била грешка во вистинската смисла на зборот. Тој вели дека станува збор за забуна или еден вид позитивна случајност, но во никој случај не било ништо лошо. „Ова е ситуација во која сите добиваат. Жителите, општината, а можеби дури и изведувачот кој ја направил забуната, имале корист“, рече Перела. Мамихентије, улицата која првично требаше да се асфалтира, исто така доби нова асфалтирана површина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00