Доделени наградите на „19. CINEDAYS“

Затворивме успешен фестивал, за кој што твитерџиите напишаа, Синедејс – згази. 

Со премиерата на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи, под отворено небо на кровот на ГТЦ и концертот на Здружението на џез музичари и гудачкиот оркестар во паркот на МКЦ, беше затворен 19-от Меѓународен фестивал за европски филм - CINEDAYS.

„Затворивме успешен фестивал, за кој што твитерџиите напишаа, Синедејс – згази. И многу ни е мило за таквиот впечаток, бидејќи со многу ентузијазам и силен мотив, навистина се потрудивме. Годинава направивме огромна промена, решивме наместо да се туфкаме и зборуваме колку е тешко да се работи во овие услови, да бидеме проактивни и да реализираме фестивал во физички услови, а не онлајн. Скопје го претворивме во кино под отворено небо, и успеавме да стигнеме во многу маала, да ги ревитализираме за време на фестивалот некогашните кино простори и да му дадеме друг пулс на градот“ – вели Маргарита Арсова, координаторка на CINEDAYS.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Лабина Митевска - актерка и продуцентка, Благој Веселинов - актер и Кнут Елстерман – режисер, која ги додели следниве награди:

Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби

„Гагарин“ во режија на Фани Лијатар и Жереми Трули.

Во образложение за филмот, жири комисијата вели:

„Жирито за многу кусо време се согласи дека ова беше најдобриот филм. Нѐ восхити неговата визуелна убавина и хуманост. Инспирирани од вистинит настан – рушењето на огромен станбен комплекс, режисерите создале модерна бајка за тоа што значи домот денес, што прави да го чувствуваме како дом – луѓе од најразлични културни потекла се обединуваат како во село, соединети во болката од загубата на овој дом. Со извонредни, автентични млади актери, совршен во третманот со бои и текстури, оригинален и стручен во играта со мотиви, овој филм е како поетска утопија, ремек-дело што ни изнуди насмевки и солзи и нѐ направи многу среќни“.

Во „SEE програмата“ награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „ Оаза“ во режија на Иван Икиќ.

Во образложението за филмот, жири комисијата вели:

„Храбар и ризичен проект: режисерот Иван Икиќ работел со фантастични актери со попреченост и успеал да создаде трогателна љубовна приказна, конфликт на љубовен триаголник во институција за лица со интелектуална попреченост, раскажана во три поглавја. Секое поглавје е посветено на еден од трите главни лика, кои имаат високо достоинство и многу комплексни карактери.

Многу ни се допадна начинот на кој Икиќ работи во нормален ракурс со неговите актери, никогаш не е во ѕиркачка перспектива, и оваа трогателна приказна ја раскажува однатре, а не како љубопитен набљудувач. Икиќ е одличен раскажувач, но неговиот филм е многу повеќе од тоа: без никакво претерување или едноставни обвинувања, снимен речиси во документарен стил, овој филм се залага за правото на самоопределување и љубов на лицата со попреченост.“

Специјално признание за филмот „Матер“ во режија на Јуре Павловиќ од „SEE програмата“ . Во образложението за филмот, жири комисијата вели:

„Многу едноставна, архаична приказна, конфронтација на една сурова мајка на посмртна постела со нејзината ќерка Јасна, хрватски иселеник во Германија, извонредно одиграна од фантастичната Дарија Лоренци. Нѐ воодушеви детално разработениот и природен начин на кој режисерот Јуре Павловиќ го создава напнатиот однос помеѓу двете жени, истражувајќи го секое делче од ранетата душа на Јасна, врвното, длабоко проникнување во влијанијата што го градат нашиот карактер, со многу наративни детали – Јасна е многу послична на мајка си одошто мисли.“

Овогодинешниот 19-ти Меѓународен фестивал за европски филм - CINEDAYS кој што се случуваше во поместен термин, го следеа повеќе од 5000 луѓе, кои уживаа во проекциите под ведрото небо. Под слоганот „Филм на секое платно“ успеа во својата мисија со програмски репертоар од 40 филмски проекции, на девет локации низ Скопје и три концерти со фокус на домашната филмска продукција.

Жена дошла во банка со мртов човек за да подигне кредит: Тој е молчелив (Вознемирувачко видео)

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде жена била уапсена откако наводно се обидела да добие кредит од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо од Бразил, а видеото се појави на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „чичко“.

Таа наводно се претставила како внука на мажот и побарала кредит од 3.400 долари.

„Вујко, слушаш ли? Треба да го потпишете договорот за заем. Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара: „Изгледа не му е добро, неговата боја“.

Жената возврати: „Таков е тој. Тој не зборува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

„Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи со истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјавил началникот на полицијата Фабио Луиз за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

Јонуз: Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио

„За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори“

Тоа што некој е помудар од тебе и тоа што подобро игра од шах од тебе, не значи дека ги надминал границите. Легитимно право, законско право е да се поставува услов. Алал да им е на Албанците 100:0 тепаат наспроти Македонците. Полека но сигурни влегуваме во „бугарско“ сценарио. За година и пол до две сум сигурен дека ќе имаме предвремени избори. На овие избори тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе „растури“ на овие избори затоа што имаат доследност, кичмата крива ли е, ја држат, другите се камелеон. Во Македонија овде кога би не оставиле сами да го делиме парчето торта, очите ќе си ги извадиме. Албанците тоа што го имаат, Македонците го немаат, а тоа е едиство, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Нарко босот „Ел Чапо“ се жали дека во затворот не му дозволувале никаков контакт со семејството

Мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешен водач на картелот Синалоа, тврди дека не смее да прима телефонски повици или посети во максимално безбедниот американски затвор во Колорадо, каде што издржува доживотна затворска казна.

Гузман, кој неколкупати бегаше од затворите во Мексико, на крајот на март му напиша писмо на судијата на Окружниот суд на САД, Брајан М.

Тој е осуден за водење на операција за шверц на дрога од индустриски размери и отслужува казна во затвор со максимална безбедност во Флоренс, Колорадо, според АП.

„Во мај 2023 година, објектот престана да ми ги пренесува повиците на моите ќерки, а јас седум месеци немав повици од нив. Прашав кога ќе ми дозволат да разговарам со моите ќерки и вработените ми кажаа дека агентот на ФБИ кој ги надгледуваше повиците не одговара“, напиша Гузман.

Ел Чапо смета дека е изложен на „дискриминација без преседан“ и дека официјалните лица го казнуваат со тоа што не му дозволуваат контакт со семејството.

Гузман, исто така, побарал од судијата да ја посети неговата сопруга Ема Коронел, но не кажа кога последен пат му било дозволено да ја види.

Коронел, исто така, се изјаснила за виновна за обвиненијата за трговија со дрога во 2021 година, но подоцна беше ослободена.

„Ве молам на Коронел да ѝ дозволите да ме посети и да ги донесете моите ќерки да ме посетат, бидејќи тие можат да ме посетат само кога се на одмор, бидејќи студираат во Мексико“, додаде Гузман во писмото до судијата. .

Судијата Коган одговори минатата недела, велејќи дека по изрекувањето на пресудата на Гузман, сè е на американското биро за затвори и дека нема моќ да интервенира.

Во декември, 95-годишната мајка на Гузман почина во северната мексиканска држава Синалоа, а таа наводно не го видела својот син откако беше испратен во затвор во Колорадо во 2019 година.

Гузман го предводеше картелот Синалоа во борбата против нарко бандите, во кои загинаа илјадници Мексиканци.

Тој двапати избегал од мексиканските затвори, еднаш преку тунел долг километар ископан низ ќелијата во која престојувал.

Откако беше екстрадиран во Њујорк, неговото тримесечно судење вклучуваше приказни за убиства, политички исплати, кокаин скриен во лименки халапења и пиштоли со скапоцени камења.

Во 2023 година, Мексико екстрадираше еден од синовите на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, во САД за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и перење пари.

Се вели дека Гузман Лопез го водел картелот Синалоа за време на операциите за производство и извоз на фентанил во САД, за кој се верува дека предизвикува 70.000 смртни случаи годишно.

притисни ентер