3Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
КултураДоделени наградите на 14. Интернационален ФАД „Стоби 2015На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа беа доделени наградите на 14. Интернационален фестивал на Античка драма „Стоби 2015“, со што и фестивалот беше затворен.Највисоката награда Гран при за најдобра претстава на фестивалот беше доделена на претставата „Електра“ на МНТ од Скопје. Воедно и режисерот на оваа претстава Андреј Жолдак во негово отсуство ја доби наградата за најдобра режија. Наградата за најдобра женска улога и беше доделена на Дарја Ризова за ликот на „Електра“ во истоимената претстава, додека наградата за најдобра машка улога ја доби и прими Селпи Керим од Турскиот театар од Скопје за ликот на Прометеј во истоимената претстава „Прометеј“. Наградите статуетките Афродита и признанијата од името на организаторот на фестивалот - Општина Велес, им ги врачи велешкиот градоначалник Славчо Чадиев. При добивањет на наградата, на сцената актерот Селпи Керим пред присутните изјави дека е убаво чувството да се добие оваа престижна награда. Во отсуство на режисерот Андреј Жолдак од Украина, кој моментално работи на нов проект во Германија, наградата во негово име ја прими неговиот асистент по режија Никола Кимовски. Тој пред присутните изјави дека е голема честа да се биде асистент на Андреј Жолдак. Воедно се заблагодари на организаторите на фестивалот, на велешката публика и жири комисијата. - Кога денеска му кажав на Андреј за наградата беше пресреќен, бидејќи целиот процес на „Електра“ за него претставува голема пресвртница во неговата уметничка кариера. Воедно процесот на „Електра“ за него претставува ново уметничко достигнување во неговата кариера на што е посебно горд, истакна Кимовски цитирајќи ја изјавата на режисерот Андреј Жолдак. Борче Нацев од МНТ од името на МНТ ја прими највисоката награда Гран при на ФАД „Стоби 2015“, во изјавата за МИА уште еднаш се заблагодари на организаторот за поканата за гостување на претставата „Електра“. И за одлуката на жирито за наградата и се заблагодари од името на целата актерска,техничка и продукциска екипа при МНТ од Скопје. - Наградатае добредојдена и важна за претставата „Електра“ и за нашата куќа МНТ, воедно ни дава и поттик за уште подобри претстави. Интернационалниот Фестивал на Античка Драма „Стоби“ е фестивалот со голема традиција и за нас е достигнување да се земе награда на овој фестивал, потенцира Нацев. Дарја Ризова која ја доби наградата за најодобра женска улога на фестивалот во претставата „Електра“ изјави дека после фестивалот „Војдан Чернодрински“ и Интернационалниот фестивал во Подгорица оваа и е трета голема награда на која се радува. - Секако дека ова е голем успех за мене и целокупната актерска екипа. Подготовката за „Електра“ беше макотрпен физички и психички процес по 12 часа проби на ден. Плус да се работи со режисерот Андреј Жолдак кој бара многу труд и работа, но сето тоа се исплати и резаултатот е тука, потенцира Ризова. Во чест на наградените Театарскиот ансамбл при велешкиот Народен театар ја изведе претставата „Крал Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter