Доделени наградите „13 Ноември“, Поп Ацев најдобар спортист, Лазаров најуспешен тренер во 2025 година - Канал 5

Доделени наградите „13 Ноември“, Поп Ацев најдобар спортист, Лазаров најуспешен тренер во 2025 година

На свечена церемонија во „СЦ „Јане Сандански“ денес Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 ноември“ за 2025 година.

Доделени наградите „13 Ноември“, Поп Ацев најдобар спортист, Лазаров најуспешен тренер во 2025 година

За најдобар тренер во 2025 година наградата 13 Ноември му се доделува на Кире Лазаров - Тренер на РК Алкалоид, освојувач на титулата ЕХФ Европски куп за мажи 24/25.

Од спортските екипи награден е РК Алкалоид - Победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи за сезоната 2024/25.

Наградата „13 Ноември“ за најдобар спортист му припадна на Евгеј Поп Ацев. Македонскиот пливач на 25 август оваа година го преплива Ла Манш, во должина од 33 километри, за 9.43 минути и со тоа стана петтиот Македонец кој го препливал каналот.

За придонес и развој на училишниот спорт во Скопје е награден Александар Аргироски, професор по физичко образование, спорт и здравје во ООУ Петар Поп Арсов од Скопје. Тој со машката екипа во футсал го освои 1. место на Градско и Државно првенство, 2. место кошарка мажи на општинско првенство и 4. место девојки одбојка на општинско првенство.

Исто така за придонес и развој на училишниот спорт во Скопје е наградена и Ана Јакимовска Стричевиќ - професорка во Средното училиште М.М. Брицо – Скопје за освоено 1. место на Регионално првенство футсал момчиња и девојчиња, 2. место Државно првенство во футсал за момчиња, 3. место за девојки, 1. место Регионално првенство во кошарка девојчиња и 1. место на Државно првенство во фудбал за девојки.

Наградата за Спортски новинар отиде кај Владимир Булатовиќ од порталот „Екипа“. Тој е основач и главен извршен уредник во спортскиот портал, автор и главен уредник на првата фудбалска енциклопедија на Македонија во 2025 година како и автор на монографијата 70 години Кошаркарски клуб Вардар Скопје.

Наградата за Спортски Работник ја доби Горан Мицкоски како стручен соработник во Македонската џудо федерација е еден од најзаслужните за одлично организираните натпревари оваа година: Европско првенство за кадети, Џудо на ЕМОФ, Европски јуниорски куп тренинг камп за јуниори и јуниорки 2025, Европски куп за сениори 2025.

Признание за Спортски работник во 2025 доби и Јордан Тасевски кој со својата успешна 35 годишна кариера во стрелаштвото, како натпреварувач, тренер, селектор и спортски работник а од 2019 станува и претседател на Македонската федерација во спортско стрелаштво. Тасевски на годинешниот ЕМОФ постави врвна екипа, услови и опрема со што неговиот успех беше забележан од ИССФ и е поставен во составот на претседателство на Меѓународната стрелачка федерација и награден со златен орден на честа.

Спортски работник за животно дело - Бошурка Ѓошевска. Започнувајќи како атлетичарка во седумдесеттите години и остварувајќи високи резултати, Ѓошевска продолжува како тренер во Атлетски Клуб Работнички и професорка во ДУФК М.М.Брицо. Ѓошевска целиот свој работен век го посвети на спортот, развојот на атлетиката, создавајки врвни атлетичари. Нејзиниот ентузијазам и посветеност во атлетиката е се уште активен и продолжува науморно како посветен тренер во АК Работнички Скопје.

Спортски работник за животно дело - Кирил Михаилов. Фоторепортер, организатор на автомобилистички трки, Михаилов е активно вклучен во организација на автомобилистички трки во рамките на АМСМ уште од 80-тите години на минатиот век и до ден денес е активен фоторепортер на сите автомобилистички натпревари. Остави траен белег за вистинските моменти од спортски настани како Виз Ер Скопски Маратон, натпревари во мечување, кајак, атлетика, триатлон, мотоциклизам, рели со џипови и други индивидуални спортови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години

Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.

Мајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години

Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден.

Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“.

Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт.

На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир.

Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот.

Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата.

Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето.

Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“.

Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна.

Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател.

Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди.

Таа е осудена на две години затвор.

„Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки.

„Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда.

Досега нема апсења

Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле.

Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат.

Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“.

Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот.

„Барале вредни предмети“

Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција.

Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот.

Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот.

Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)

Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.

Мисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X.

Безбедно го напуштила патот

Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот.

„Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата.

На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот.

Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза.

Средби со диви мисирки

Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси.

Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси.

Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC.

Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави.

Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик.

Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер