Доделени годишните награди на ДПМ за најдобри книжевни дела во 2021 година - Канал 5

Доделени годишните награди на ДПМ за најдобри книжевни дела во 2021 година

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во пресрет на 75-годишнината од основањето ги додели годишните награди на добитниците за 2021 година.

Доделени годишните награди на ДПМ за најдобри книжевни дела во 2021 година

Наградата „Стале Попов" за најдобро прозно остварување минатата година ја доби Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда" во издание на „Паблишер". Наградата „Ацо Шопов" за најдобра поетска книга му припадна на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа" во издание на „Дијалог".

Наградата „Димитар Митрев" за најдобра критичко-есеистичка му е доделена на Димитар Пандев за делото „Времето на Конески" во издание на „Панили". Наградата Ванчо Николески" за најдобра книга за деца и млади ја доби Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери" на издавачката куча „Паблишер".

Во обраќање по повод годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија, неговата претседателка Соња Стојменска-Елзесер истакна дека ДПМ денес има околу триста активни членови од различни генерации и со различни стилски и жанровски профилации.

-Тие денес се исправени пред многу предизвици: какви ќе бидат патиштата на литературата во иднина? Ќе опстои ли во своите познати рамки или ќе се модифицира? Новите технологии и медиуми, новите начини на комуникација, новите животни стилови, новата нормалност… што тие ќе значат за книжевниот израз? Како ќе се вклопат писателите во процесите на книжевниот пазар… И, особено важно, како ќе се презентираат и афирмираат домашните специфики пред странската читателска публика? Сите овие и многу други прашања се поставуваат пред писателите денес, рече Стојменска-Елзесер.

На годишнината од основањето, ДПМ има шест нови членови – автори кои, како што информира писателската асоцијација, добиле некоја од престижните книжевни награди и веќе стекнале сериозна писателска репутација.

Претседателството на ДПМ овојпат одлучило да направи исклучок од вообичаената практика на проширување на бројот на членови преку јавен повик на кој се пријавуваат кандидати и директно да покани за членство.

Поканата за членство во ДПМ ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска-Анѓелков и Никола Маџиров.

-Се радуваме и го поздравуваме нивното зачленување во ДПМ и очекуваме нивната понатамошна активност да внесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност, соопшти ДПМ.

На 13 февруари 1947 година Друштвото на писателите на Македонија го основале: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ристо Крле, Иван Точко, Венко Марковски, Владо Малески, Ацо Шопов и Коле Чашуле../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа во кинеска градинка: Сопственичката труела повеќе од 200 деца

Сопственичка на градинка во кинеската покраина Гансу е осудена на доживотен затвор за труење на повеќе од 200 деца и персонал со храна контаминирана со олово, додека пет други членови на персоналот исто така добија затворски казни.

Катастрофа во кинеска градинка: Сопственичката труела повеќе од 200 деца

Ли Хуифанг, која ја водеше градинката Хекси Пеиксин во градот Тјаншуи, беше прогласена за виновна за производство и продажба на токсична и штетна храна.

Судот во Ланжоу, исто така, нареди конфискација на нејзиниот имот, проценет на 500.000 јуани (приближно 66.500 евра), објави државната телевизија „CCTV“.

Извршната директорка на градинката, Џи Џинглин, беше осудена на 15 години затвор и парична казна од 300.000 јуани (приближно 40.000 евра), додека четворица членови на персоналот во кујната добија затворски казни од шест до осум години.

Зошто користеле боја која не се јаде?

Според наодите на судот, персоналот во кујната користел во храната боја која не е наменета за јадење за да го подобри изгледот на оброците и да привлече повеќе деца во градинката - иако производот јасно наведувал дека не е наменет за човечка конзумација.

Случајот е откриен во јули 2025 година, кога кај 247 деца и персонал е откриено дека имаат ненормално високи нивоа на олово во крвта.

Истрагата е започната откако 235 деца побарале медицинска помош поради труење со олово откако јаделе парени црвени колачи од урми и лепчиња од колбаси и пченка. Колку олово е пронајдено во храната?

Тестовите покажаа дека колачите содржат 1.052 милиграми олово на килограм, а лепчињата 1.340 милиграми на килограм - далеку над националната граница за безбедност на храната во Кина од 0,5 милиграми на килограм.

Како резултат на тоа, концентрацијата на олово во примероците од храна била повеќе од 2.000 пати поголема од законската граница.

Судот утврдил дека сопственикот и директорот на градинката им наредиле на персоналот да додаваат токсични и штетни супстанции во храната што им се служи на децата и вработените. Подоцна спроведена истрага откри дека десетици локални службеници и вработени во болницата се обиделе да го прикријат инцидентот - вклучително и со манипулирање со резултатите од крвните тестови и примање мито од еден од инвеститорите на градинката, пренесува Танјуг.

Светската здравствена организација предупредува дека труењето со олово е особено опасно за малите деца, бидејќи може да доведе до сериозно оштетување на мозокот и централниот нервен систем.

По инцидентот, Кина издаде национални упатства во врска со исхраната во образовните институции. Новите мерки вклучуваат задолжително тестирање на секоја нова пратка храна, како и набавка на брашно, ориз и масло за готвење исклучиво преку централизирани центри за набавки.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Денеска жителите на Општина Брвеница гласаат на предвремени локални избори за да изберат нов градоначалник.

Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Гласачките места се отворени од 7 часот наутро а ќе бидат затворени во 19 часот.

Право на глас имаат 16.256 граѓани, од нив 449 се на привремена работа во странство.

По затворањето на избирачките места, ќе започне броењето на гласовите, а конечните резултати ќе ги објави ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)

Наредена е евакуација.

Масовен напад врз Русија: Има загинати (ВИДЕО)

Војна во Украина – Ден 1.697. Масивните напади со беспилотни летала продолжуваат, а утрово беа извршени напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област. Поради нападите наредена е итна евакуација.

YouTube video

Едно лице загина во напад со беспилотно летало врз Санкт Петербург, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов.

„Како резултат на масовниот напад со беспилотни воени летала од страна на украинските нацисти, едно лице е убиено, петмина се повредени и се во болници“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува РИА Новости.

Според него, оштетени се 12 станбени згради и две приватни куќи.

Се наведува дека пожарникарите продолжуваат да гасат пожари на нафтениот терминал во Санкт Петербург, нафтено депо Ручи и индустриските магацини во областа Колпино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер