КултураДоделени државните награди „23 Октомври“Во Собранието на Република Македонија денеска, по повод Денот на македонската револуционерна борба, беа врачени државните награди „23 Октомври“.За остварување во областа на културата и уметноста наградата ја добија музичкиот уметник проф. д-р Драган Даутовски, актерот Ванчо Петрушевски и ликовниот уметник Реџаи Исени, додека за остварување во областа на науката и образованието, историчарот и филозоф Стефан Влахов и албанологот Агим Пољоска. Од името на наградените, благодарност искажа актерот Петрушевски, нагласувајќи дека „23 Октомври“ е голем чест и дополнителен поттик за натамошна работа. - Ми претставува голема чест што ја добив оваа награда, а убеден сум дека е чест за сите добитници и им ја честитам од срце. И покрај годините, ова ќе ни биде сепак еден голем поттик да продолжиме понатаму, рече Петрушевски. Тој се бројува во редот на исклучителните актери кој на сите свои улоги им пристапува со препознатлив такт и леснотија. Многу генрации го препознаваат по ликот на Рамче кој не фрла сенка врз остатите ликови што ги игра во театарот. Петрушевски е еден од творците на серијата Македонски народни приказни и еден од првите Македонци што играле во странски филм. Неговите многубројни настапи на естрадата, радиото, филмот и телевизијата, неговиот талент, умешност и шарм го прават еден од најпопуларните ликови во земјата и пошироко. Даутовски во текот на својата долгогодишна работа има остварено исклучителни резултати во полето на педагошката, научно-истражувачката, уметничката, концертната и издавачката дејност. Тој е неуморен афирматор на македонското културно-историско наследство и еден од најголемите промотори на нашата традиционална уметност. Исени работел како наставник по ликовно воспитание во основното училиште во Матејче, Куманово, до неговот, пензионирање во 2000 година. Завршил Ликовна академија во Скопје, во класата на професорот Ванѓел Коџоман. Бил член на ДЛУМ, реализирал многу самостојни изложби, добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои и „Тутуноберачите“ во 1973 година и „11 Ноември“ во 1995 година, а во 2012 учествувал и на „Остен биенале“. Творечкиот интерес на Влахов Мицов е насочен кон повеќе области. Тој е автор на многу студии и есеи. Неговите текстови не ги третираат историските настани на класичен начин, туку преку поинаков филозофски пристап. Во анализата на историските проблеми, Влахов Мицов секогаш ги вклучува и актуелниот општествено-политички момент, како и актуелните прашања. Пољоска е редовен професор на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Покрај својата редовна работа, редовно бил вклучен и во педагошко-научни активности. Соработник е на неколку научно-истражувачки проекти од регионален и меѓународен карактер. Неговите трудови и студии, збогатени со богата лингвистичка интерпретација се цврста основа за проучуање на македонско-албанските јазични контакти. Пред доделувањето на наградите се обрати академик Вера Битракова - Грозданова, нагласувајќи го значењето на денешниот празник. - Тој претставува стожерна точка во обединувањето на националниот, интелектуалниот и слободарскиот дух на македонскиот народ, изблик на неговиот стремеж за себеподдржување, зачувување на неговата посебност и за негово севкупно издигнување, рече академик Битракова. Внатрешната македонска револуционерна организација, додаде, е симбол на Македонците, нивен заштитен знак во борбата за слобода. - ВМРО ќе ги постави вистинските насоки иако подоцна, пренасочувани од разните пропаганди, ќе доведат, за жал, најдоцна на балканските простори, формирање на македонската независна држава. Во оваа идеја ќе израснат бројни знамените личности на нашата историја кои ќе го распостелат вечниот стремеж за слобода и за формирање своја држава базирана на цивилизациски вредности, престиж на полета на науката и културата, соживотот и толеранцијата, подвлече академик Битракова. По повод Денот на македонската револуционерна борба денеска делегации на Собранието на Република Македонија и на Владата, пратеници, претставници на Градот Скопје и Армијата на Република Македонија, положија цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“. Градскиот дувачки оркестар, пак, одржа Парадно дефиле низ улиците на Скопје, од Музејот на Град Скопје, преку улицата „Македонија“, до градскиот плоштад. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44