Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураДоделена наградата „Мето Јовановски“ на филмскиот фестивал „Преку езерото“ во ДојранНа официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената награда „Мето Јовановски“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство.На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената награда „Мето Јовановски“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа - актерот и сонувачот со отворени очи. „ Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: ``имање среќа``! Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како:``абе, се случува``! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е ``Преку езерото`` по трет пат, рече пред бројната публика проф. д-р Јани Бојаџи - Директор на Фестивалот. Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи.. „Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во истото време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме најизвонредните достигнувања на актерството во уметноста на филмот. Да е жив и здрав“ рече Ѓорговска Илиевска. Наградата на нашиот прв Владо Јовановски ја додели почесниот конзул на Република Србија во Македонија, г-дин Владимир Стајиќ. „Пријатели на филмот, чест ми е што сум дел од филмскиот фестивалот „Преку езерото“ каде сите заедно ќе ја славиме уметноста, креативноста и страста на филмот. Вечерва моја е честа да ја доделам наградата на еден ислучителен уметник чие име е синоним за врвно актерство и посветеност на филмската уметност. Тој трпеливо ја градеше својата кариера и остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата. Еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и кој стана миленик на публиката на целиот Балкан.. Добитник на НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за изворедно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот е актерот Владо Јовановски“ рече Стајиќ. Нашиот прв лауреат на наградата Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот, мајсторот на актерската игра, бескрајно вљубениот во човечките емоции и чистата актерска природност, Владо Јовановски, пред бројната публика во Амфитеатарот во Дојран рече дека оваа награда е една огромна одговорност во идни ангажмани. „Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој наред проект да се достоинствено да се оправдува а тоа не е лесно. Господ да ми е напош“ рече Јовановски и се заблагодари за наградата. Третото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, традиционално го отвори домаќинот, градоначалникот на општина Дојран, г-динот Анго Ангов. Публиката уживаше во проекцијата на „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ, Србија кој е истовремено и последниот филм на Мето Јовановски, во македонскиот „Параноик“ на Андреј Георгиев и францускиот „И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез. Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа вториот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Високите температури не беа пречка талентираните млади да ги споделат своите идеи и планови со директорот на фестивалот Јани Бојаџи и Александа Русјаков – ментор за пишување сценарија. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро, соопштуваат организаторите. Во продолжение програмата за следните фестивалски денови во Дојран: Ден четврти, САБОТА, 10 Август 2024 година СПРОТИ БРАНОВИТЕ натпреварувачка програма 20.00 Часот ДАЛИ СИ МАЖ на Ѓорче Ставрески, Македонија, 2023 СРЕБРЕН БУНТ, Дан Шадур, Израел ВОЛКОТ И МАЧКАТА на Жан-Себастијан Бернар, ФРАНЦИЈА 22.30 ТИШИНА 6-9, Христос Пасалис, Грција ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ, на Небојша Слијепчевиќ ХРВАТСКА, 2024, БАЛАДА на Кристофер Нилсон, ФРАНЦИЈА, 2023, 13мин. МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран Ден петти, НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година 20.00 Часот ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024 ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска Свечено затворање на фестивалот Доделување на фестивалските награди Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови 22.30 ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024, ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, ФранцијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook