Доделена државната награда „11 Октомври“ - признание за животно дело во дејности од јавен интерес - Канал 5

Доделена државната награда „11 Октомври“ - признание за животно дело во дејности од јавен интерес

По повод 11 Октомври, попладнево во „Кристалната сала“ на Собранието на Република Македонија беше доделена истоимената награда - признание за животно дело во дејности од јавен интерес. 

Доделена државната награда „11 Октомври“ - признание за животно дело во дејности од јавен интерес

Државната награда „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста им беше врачена на актерката Теута Ајдини - Јегени, хорскиот диригент - проф. Летка Димовска - Полизова, како и на продуцентот - промотор на македонската уметност Иво Јанкоски, додека во областа на науката и образованието на машинскиот инженер - проф. д-р Константин Димитров и на хемичарот, академик Глигор Јовановски.

Наградите беа врачени од страна на претседателот на Одборот за доделување на наградата, професор доктор Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, кој пред присутните, меѓу другото, рече дека ова не е само награда, туку и обврска.

- Обврска да се продолжи патот на нашите претци - преку наука, култура, уметност, образование и општествена одговорност. Лауреатите на оваа награда се живи сведоци дека револуционерниот дух не згаснува, туку се преобразува во идеи, дела и вредности што се влог во нашата иднина, истакна Антовиќ.

Тој нагласи дека денес нашата држава претставува вистински пример за мозаик на традиции, што придонесуваат кон нашата богата духовна, културна, научна и уметничка сцена.

- Но, додека се навраќаме на храброста од 1941 година, не смееме да ги игнорираме предизвиците со што се соочуваме денес. Македонија гордо чекори по патот кон членство во Европската Унија, но, тој пат бара напори кон спроведување на системски и институционални реформи, што зависат од сите нас. За да ѝ помогнеме на нашата татковина, сите заеднички треба да работиме кон зголемување на капацитетите на државните институции, кон подобрување на транспарентноста и отчетноста во работењето, кон развивање на демократијата и владеењето на правото, зачувувањето на животната средина и мудро креирање на државните политики. Преку подобрување и негување на образовниот процес, ќе им овозможиме уште подобри услови за работа на нашите вистински амбасадори во светот, а тоа се научниците и културните уметници на нашата земја, додаде Антовиќ.

Порача 11 октомври да биде потсетник дека слободата не се наследува, туку дека таа се заслужува, дека државата е живо ткиво што постојано треба да се негува и сака.

- Овој ден нека биде инспирација за младите да ја сакаат својата земја, да живеат во својата татковина и со истиот ентузијазам што го покажуваат кон современите научни гранки, да ја изучуваат и историјата, традицијата и културата на Македонија. Нека биде повик за сите нас да живееме во взаемна хармонија со почитување на различностите и да го славиме 11 октомври - не како датум, туку како вредност, подвлече Антовиќ.

На настанот, за Ајдини - Јегени беше посочено дека во нејзината долгогодишна кариера, брилијантно се претставува во многу главни улоги, како од домашната, така и светската драматургија, освен во театар, паралелно ѝ се дава можност да биде дел од многу телевизиски серии и во светот на кинематографијата.

За Димовска - Полизова беше нагласено дека е диригентка и достоинствен репрезент, културен амбасадор во афирмација на самобитната национална македонска сакрална и профана култура во областа на музичката уметност и творештво, ширум светот.

За Јанкоски беше подвлечено дека е еден од најпрепознатливите промотори на македонската култура, продуцент и менаџер на проекти со уметници од областа на музиката, филмот, ликовната уметност, операта, балетот, модниот и индустриски дизајн, неговите изданија одиграа важна улога во афирмацијата и популаризацијата на македонската уметност и култура.

За Јовановски беше истакнато дека е еден од најистакнатите во областа на науката во нашата држава, водечки професор од подрачјето на природно - математичките науки, еден од главните протагонисти за развојот на хемијата во земјава и истражувач со врвно меѓународно реноме во областа на структурната хемија.

За Димитров беше кажано дека е водечки авторитет во областа на енергетската ефикасност и одржливиот развој, со повеќедецениски придонес во науката, наставата, иновациите и јавните политики.

Од името на добитниците на наградата, се заблагодари Димитров.

- Оваа награда е патоказ дека со истрајна работа, со љубов кон татковината и со верба во иднината и ѕвездите се достижни. Нека биде ова поттик за сите идни генерации дека Македонија ќе расте и ќе се издигнува преку знаење, уметност и човечност, рече Димитров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град.

- Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Американската служба за имиграција и царина (ICE) депортирала 483.200 луѓе во текот на последната фискална година – што е најголем број во нејзината 23-годишна историја – соопшти денеска Министерството за внатрешна безбедност.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Бројот на депортации во фискалната година што заврши на 30 септември е за девет отсто поголем од претходниот рекорд од 442.640, поставен една година претходно, и за 78 отсто поголем отколку во 2024 година – последната година од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – пренесе агенцијата АП.

Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди дополнителни средства за персонал, центри за притвор и летови за депортација. Сепак, не беше обелоденето колку од депортираните имале криминално досие, ниту пак беше даден детален преглед на статистичките податоци.

Редовното објавување на податоците за апсењата и депортациите беше прекинато на почетокот на вториот мандат на Трамп.

Марк Р. Розенблум, соработник во Институтот за политика на миграција и поранешен функционер во Министерството за внатрешна безбедност, потврди дека „ICE“ бележи рекорден број апсења, но истакна дека недостигот на детални податоци оневозможува целосно разбирање на активностите на агенцијата.

Според податоците на „Проектот за истражување на депортациите“ (Deportation Research Project), само околу една четвртина од депортираните во јули имале правосилни пресуди за кривични дела, додека повеќе од половината немале ниту покренато обвиненија – и покрај ветувањето на Трамп дека неговата политика ќе биде насочена кон мигрантите кои извршиле кривични дела. Имиграциската политика на Трамп предизвика протести, особено откако претходно оваа година повеќе од 2.000 федерални агенти беа распоредени во Минеаполис.

Двајца американски државјани – Рене Гуд и Алекс Прити, двајцата на 37-годишна возраст – починаа за време на судири со агентите, што ја натера администрацијата да се откаже од операциите што привлекуваа големо внимание во јавноста.

Бројот на депортации останува под целта на Белата куќа од еден милион годишно.

Најголемиот број депортации во историјата на САД е забележан во 1954 година, за време на кампањата на претседателот Двајт Ајзенхауер против илегалните имигранти од Мексико, кога 1,1 милион луѓе беа отстранети од земјата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

Се одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката.

Претседателот Мицкоски информираше за средбата со раководството на ВРЕДИ. Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период.

Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер