3Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
РакометДоделен шампионскиот пехар на ракометарките на Ѓорче ПетровРакометарките на Ѓорче Петров го подигнаа шампионскиот трофеј, откако вчеравечер и официјално ја одбранија титулата во македонската женска Суперлига, и покрај поразот (28-29) од Куманово во претпоследното коло во оваа сезона.Шампионскиот пехар и медалите по завршување на натпреварот во салата „Христо Батанџиев“ на избраничките на тренерот Симе Симовски им го додели генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Филип Милошевски. На едно коло на крајот до прволигашката сезоната, Ѓорче Петров има недостижни шест бодови предност пред второпласираниот Куманово, а шанса за освојување на двојната круна старо-новиот шампион ќе има следниот викенд, кога на програмата е завршницата во македонскиот Куп. Во полуфиналето Ѓорче Петров игра против Вардар, додека бранителот на трофејот Металург за пласман во финалето ќе игра против Куманово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево во Софија средба Сиљановска - ЈотоваШефицата на државата Сиљановска Давкова попладнево во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската престетседателка Илијана Јотова. На средбата на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, Сиљановска ќе биде придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој нема да има официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, но во рамките на состаноците дискутирале и размениле мислења. Во изјава пред средбата Муцунски порача дека суштината на средбите е на бугарската страна да и објаснат дека Македонија е заложник на неприницпипелна политика. Претходно во изјава за бугарските медиуми прашан за впишување на Бугарите во македонскиот устав Муцунски појасни дека за земјава е важно да нема нови билатерални барања во иднина на евроинтегративниот пат и дека е убеден дека доколку се има воља може да се најде решение. Потенцира и дека Акцискиот план за малцинствата е направен во консултација со експерти од Унијата, а тоа веќе го потврдија и од самата Европската комисја. „Наша цел како е да бидеме во ситуација во која не само што ќе ги отпочнеме преговорите, туку да знаеме дека нема да има и други билатерални прашања коишто ќе се појават по отпочнувањето на преговорите. Како прашања поврзнаи со историски комисии, тие не се европски темелни прашња и затоа велам добро е да разговараме и да расчистиме кои се очекувањата од двете страни, бидејќи сепак има еден силен билатерален елемент на сето тоа“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи. На регионалниотн самит во Софија присуствуваат претседатели не шефови и влади на 13 земји од регионот. Со денешниот самит во Софија завршува претседателството на Бугарија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа ПСЈИЕ и во наредната година со него ќе претседава Романија. Тагови: Сиљановска - Давкова Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследникФудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.Раководството на Реал ќе мора да Бенфика да и плати обештетување од 15 милиони евра за трансферот на Мурињо од Лисабон во Мадрид. „Ти благодарам, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика. Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе биде наследникот на МУрињо на клупата на Бенфика. Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБугарија ја запира воената помош на УкраинаВладата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев.Според него, Бугарија дала доволно, додека како што кажа, трпи социјално-економски штети од војната. Повтори дека до мир може да се дојде само преку дипломатско решение, а не со воени средства. Според Радев, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во иднината на земјата. Неговата одлука предизвика бурни реакции кај бугарската опозицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter