Додека Србија ја чека неговата одлука за ОИ, Никола Јокиќ ужива во рафтинг на Тара (ВИДЕО) - Канал 5

Додека Србија ја чека неговата одлука за ОИ, Никола Јокиќ ужива во рафтинг на Тара (ВИДЕО)

Србија чека да слушне дали Никола Јокиќ ќе игра на Олимписките игри во Франција за селекцијата, а за тоа време центарот на Денвер Нагетс ужива на одмор.

Додека Србија ја чека неговата одлука за ОИ, Никола Јокиќ ужива во рафтинг на Тара (ВИДЕО)

Откако неговиот тим беше елиминиран од Минесота Тимбервулфс во полуфиналето на Западната конференција, тој реши да се опушти, објави Курир.

Јокиќ не сакаше да ги коментира шансите за настап за репрезентацијата, а првото место кое го „стигна“ по крајот на сезоната беше Шведска. Отиде таму на коњски трки, а го видовме и како пее народни песни и се забавува.

Потоа се упатил кон Црна Гора, каде е снимен како рафтува на реката Тара.

@taracanyon @jokicnikolaofficial @Novak Djokovic @BogdanBogdanovic #serbia #rafting #taracanyon #tarariver #raftingtara #jokic #nba #raftingtara #taracanyonraft #whitewater #montenegro #bosnia #river #paparazzi #river #nature #raftingmontenegro #raftingbosnia #Durmitor #Sutjeska #nationalpark #basketball ♬ original sound - Taracanyonraft River Rafting

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари.

Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра.

Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија.

На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат.

Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането.

Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грузија во мрак: Третпат за две недели

Во вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. 

Грузија во мрак: Третпат за две недели

Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи.

Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата.

Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули.

Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја.

Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.

Во владата потпишани се  договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата.

Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер