Додека се породувала, преку фејсбук дознала дека нејзинoто момче се оженило со друга! - Канал 5

Додека се породувала, преку фејсбук дознала дека нејзинoто момче се оженило со друга!

Овој татко, Адонис Родригез го направил најлошото можно предавство – додека неговата 24-годишна девојка Хедер се породувала, тој се венчал со друга жена.

Додека се породувала, преку фејсбук дознала дека нејзинoто момче се оженило со друга!
Тие се сретнале како туристи во Доминиканската Република и после година дена врска добиле дете. Меѓутоа, бидејќи тие живеат во Шкотска, Хедер се одлучила поради бременоста привремено да се врати во Велика Британија кај своите родители, за таму да се породи.

Бидејќи Адонис не добил виза, останал во Шкотска и ја искористил приликата да се ожени со друга жена. Хедер ништо не знаела за тоа, туку откако го донела на свет малиот Диего, го отворила фејсбукот и имала што да види – нејзиното 21-годишно момче, елегантно облечен, а покрај него на сликата била неговата нова девојка Џулија во венчаница. Невестата била германска туристка.

As Heather welcomed her son Diego into the world, she was horrified after receiving a message on Facebook from a friend showing Adonis, 21, marrying a German tourist called Julia - pictured

- Кога почнавме да се забавуваме случајно видов една нејзина порака во инбоксот на Адонис, но кога го прашав која е таа, тој рече дека е никој. Кога дознав дека сум бремена, целосно заборавив на тоа- изјави Хедер.

За сето ова да биде уште почудно, Џулија многу личи на мајката на нејзиното дете, само што Хедер е седум години помлада.

- Кога му се јавив и побарав да ми објасни, ми рече само “извини“ и ја прекина врската“ – изјави Хедер која после овој скандал остана кај своите родители.

After suffering complications during her pregnancy Heather decided to temporarily return home to Scotland to give birth but her partner was denied a visa. As she gave birth to Diego (pictured) Adonis married another woman

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер