Додека беснееше тајфунот ,,Хагибис” низ Јапонија, на бездомниците им бил забранет влез во прифатилиштата (ВИДЕО)

Тајфунот ,,Хагибис” однесе најмалку 72 жртви во Јапонија , а спасувачите и натаму трагаат по преживеани во урнатините на куќите на островот Хоншу и на поширокото подрачје на Токио.

За 16 лица се смета декас е исчезнати , а најмалку 189 се повредени и згижени во болниците.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека приоритет е да им помогнат на погодените, но и дека треба да се отворат засолништата за сите откако се појавија информации дека едно прибежиште одбило да прими двајца бездомници.

Тајфунот Хагибис ја погоди Јапонија со обилни врнежи и ветрови со брзина од 225 км на час. Меѓутоа, кога двајца бездомници побарале засолниште од природната непогода во Токио, биле одбиени „затоа што немале адреса“. Случајот предизвика жестока дебата.

Кога Хагибис ја погоди Јапонија во саботата наутро, 64-годишен бездомник се упатил кон основно училиште што се користело како центар за евакуација, пренесува BBC. Како што информирала полицијата за весникот „Асахи Шимбун“, од мажот било побарано да ги напише своето име и адреса на хартија. Кога рекол дека нема адреса, тие одбиле да го примат.

„Им реков дека имам адреса во Хокаидо, но тие сепак ми забранија пристап до засолништето“, рече тој, велејќи дека ноќта ја поминал под чадор под покривот на зградата.

Истото попладне бил одбиен уште еден бездомник. Како што се ширела веста на социјалните мрежи, се зголеми гневот на граѓаните.

- И ова е земја што ќе биде домаќин на Олимпијадата во Токио? Па, ова ќе го видат луѓето од странство и ќе мислат дека ова е ужасна земја - напиша корисник на Твитер.

Работниците и волонтерите во спорниот центар ја отворија вратата за сите подоцна во вечерните часови, но не сите беа среќни. Тие коментираа дека „смрдливите“ и „ментално болните“ бездомници не треба да бидат сместени во просторија со други, туку треба да им се обезбеди посебен простор.

Премиерот Шинзо Абе беше запрашан за коментар за случајот.

- Во прифатните центри мора да бидат сместени сите што доаѓаат и им треба засолниште. Ние ќе испитаме што се случило и ќе преземеме неопходни мерки“, рече Абе.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер