Доцни изборот на вицегувернери во Народната банка – СДСМ бара истрага за Трајко Славески - Канал 5

Доцни изборот на вицегувернери во Народната банка – СДСМ бара истрага за Трајко Славески

Доколу има прекршување на законот од страна на гувернерот на НБРМ Славески треба да има и соодветна рекација – вели првиот човек на опозициската СДСМ Венко Филипче .

Доцни изборот на вицегувернери во Народната банка – СДСМ бара истрага за Трајко Славески

Доколу има прекршување на законот од страна на гувернерот на НБРМ Славески треба да има и соодветна рекација – вели првиот човек на опозициската СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со ненавремениот избор на двајца вицегувернери на Нардодната банка, чии мандати, согласно закон се истечени лани во октомври. Филипче вели случајот треба да се истражи и ги повика институциите да реагираат.

„Мислам дека треба да се истражи, да се утврди како е и да се постапи и ако има прекршување да ссе соодветно санкционира, да реагираат институциите...Ние ги повикуваме институциите за повеќе работи меѓутоа како што гледаме до сега нема апсолутно никаква реакција...Но што да очекувате од гувернерот кој е против растот на минималната плата. Човекот што беше претседавач на Советот на Град СКопје кога исто како и сега во тие години кога беше СКопје потона во ѓубре. Намерно се блокираа градските инситуции така да не би ме изненадило да е така како што кажувате....“

Како што веќе објави Канал 5, мандатот на двете вицегувернерки Нацевкса и Митреска кои беа избрани во 2018 година е истечен лани на 22 октомври, а согалсно Законот за Народна банка, во член 55 став 1 стои дека ( член 55 ) не подоцна од 2 месеци, односно 22 декемрви, требало да бидат избрани нивни наследници, но до овој момент тие се уште не се избрани. Според законот изборот го прави Законодавниот дом, на предлог на гуверенрот. Иако јавниот оглас беше навреме објавен на почетокот на месец јули 2025 година, веднаш по доаѓањето на функција на сегашниот гувернер Траjко Славески – и натаму останува непознато зошто Славески не направил избор во рокот предвиден во огласот од 45 дена.

Канал 5 и денеска испрати прашања до Народната банка, дали со непостапувањето во законски предвидениот рок, кој е регулиран во член 55, е прекршен законот за НБРМ и дали Гувернерот ја загубил сопствената финансиска репутација, а оттаму уште еднаш повторија дека предлогот бил доставен до Собранието по завршување на како што велат јавниот повик и во рамки на законски утврдените процедури, но овој се повикаа на член 51 од законот, кој, пак се однесува на престанок на мадатот....

„Како што веќе посочивме, предлогот за вицегувернери е доставен до Собранието по завршување на јавниот повик и во рамки на законски утврдените процедури.

Воедно, Ве информираме дека престанувањето на мандатот на членовите на Совет на Народна банка, вклучително и на вицегувернерите, е јасно прецизиран во член 51 од Законот за Народна банка.“

Со ова се потврдува дека се истечени мандатите, но останува отворено праашње зошто не се избрани нивни заменици , како што е регуларно во член 55 од иститот закон...

Сепак, останува нејасно зошто речиси три месеци Советот работел со вицегурвнери на кој им е истечен мандататот и зошто навреме не биле избрании нивни заменици. А останува отворено прашањето и дали одлуките кои ги носел Советот по истекот на манадатот на вицегувернерките се легитимни и легални?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна вториот ден од конститутивната седница на српското собрание

Започна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.

Започна вториот ден од конститутивната седница на српското собрание

Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија.

Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ.

Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати

Мицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. 

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати

За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање.

А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра.

Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена.

Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска.

Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра.

Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот.

Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците.

Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?

СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?

СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.

СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка.

Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа.

После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите.

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа.

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви.

Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер