КултураДочек на чесната и осветена икона на Свети Георгиј Победоносец во манастирот во Рајчица Чесната и осветена икона на Свети Георгиј Победоносец, попладнево пристигна во својот дом - манастирот во дебарското село Рајчица, каде беше пречекана од неколку илјади верници од сите делови на државава.Со благослов на Епископ Антаниски г. Партениј, претставници од Свештената бигорска Обител иконата ја однесоа и беше осветена во Света Гора, во двата манастира на Великиот Победоносец, Ксенофонт и Зограф и од денеска е моќен чувар на Раичкото сестринство, но и за благослов и поткрепа на сите кои со вера ќе ѝ притекнуваат. Таа е идентична копија на чудотворната икона на Светиот Великомаченик, којашто во 15. век на манастирот Зограф на Света Гора му ја подарил големиот добротвор на православните светињи, легендарниот молдавски војвода Свети Стефан III Велики. -Во овие мигови сум исполнет со една неопислива радост зашто, ете, по милоста Божја и со посредништвото на Христовиот воин, се исполни еден наш долготраен и силен копнеж. Ќе исповедам дека се радувам што и во Рајчичкиот манастир како светол дијамант ќе свети иконата на Светителот заштитник, подобно како што е тоа и во Бигорскиот манастир. Торжеството на срцето ни е дополнително наградено и поради фактот дека оваа духовна возвишеност ги надминува времето и просторот и нè поврзува со вековните нишки на нашето неисцрпно духовно наследство, рече меѓу другото владиката Партениј во обраќањето пред неколку илјади верници од сите делови на државава. Оваа икона, додаде, во себе содржи еден изобилен наратив на вера, благочестие, храброст и на Божествени чуда. -И не само тоа! Таа постана и сврзно ткиво помеѓу минатото и сегашноста, а воедно и одраз на непрекинатата заштита што Свети Георгиј штедро ја пружа на родот на Христијаните през вековите. Така, присуството на овој Христов Светија низ историските раздобја, ни открива и една сјајна фигура од овие простори, истоименита со Свети Георгиј. Тоа бил овдешниот регионален херој на правата вера во вистинското Божјо откровение, легендарниот Георгиј Кастриот, познат како Скендербег, кој со својата непоколеблива посветеност и со својата бестрашна храброст во борбата против Османлиите, го возвисил двоглавиот орел, симболот на византискиот модел за коегзистенција, како свое знаме. Тој не само што се потпрел и се повикал на наднационалната ромејска традиција, која, како што спомнавме, е заедничкиот именител на сите народи кои живееја и создаваа во таа едност – нешто што никогаш не смееме да го напуштаме и што треба да го вреднуваме како наше најскапоцено наследство – туку и ги олицетворил нејзините вредности на вера, храброст и посветеност, служејќи како вечен пример за сите нас, посочи владиката. Нагласи дека токму во неговата жртва го гледаме вдахновението од неговиот личен патрон, Великиот Победоносец, кој чудесно ја ткае духовната поврзаност со еоните и со личностите. Впрочем, овој средновековен владетел, покажувајќи се како непоколеблив поборник за Христијанството, исто така се удостоил да биде наречен Атлет Христов. -Денешниов свечен настан, ова наше свештено собрание, е една наша заедничка благодарност кон славниот Великомаченик, без чиишто помош и заштита ништо од ова што го гледаме денес, ниеден ѕид од овој сега веќе прославен Манастир, не ќе постоеше. Затоа, Свети Георгиј Победоносец останува за нас непресушна инспирација за вера, храброст и креативност. Сакан и најсакан, славен и преславен, најмил и возљубен наш Свети Георгие, добредојде дома! Благословот твој и застапништвата свети нека бидат со сите нас, посака владиката Партениј. -Како плод на молитвите на нашиот старец, владиката Партениј, ни пристигна иконата, преку верната копија на неговиот чудотворен молдавски образ. И како што сами можевте да видите иконата беше пречекана со големи почести, параден оркестар и воена гарда нешто што не е ново туку е вообичаена практика и традиција во сите демократски земји коишто имаат христијанско наследство, изјави за присутните новинари сестра Ефимија. Веднаш по пречекот и поклонението пред чудотворниот образ, одржана беше празнична Вечерна богослужба, додека утре во 9 часот ќе се одржи Божествена Архиерејска Литургија. Покрај ова, денешниот настан нè повикува да размислиме и за мистичната врска помеѓу Небото и Земјата, за тоа како духовите на предците говорат во срцата на потомците. Имено, веќе Ви спомнав, одамна ни беше голема желба да ја имаме Молдавската икона на Свети Георгиј во овој наш Свет Манастир посветен нему. И кога најпосле времето се исполни за таа да стаса овде, истражувајќи ја нејзината историја, дознавме дека сребрената украсна риза додадена на иконата во 19. век била изработена по нарачка и како дар од светиот Архимандрит Анатолиј Зографски, роден и израснат во овој славен мијачки и дебарски крај, а замонашен токму во Бигорски. Следствено, овој благороден подарок го носи печатот на нашето локално свештено и национално наследство, толку живо присутно и ден-денес во македонската духовна и културна ризница, и ги оживува духовните врски кои нè спојуваат низ времетечението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook