Доброволното цртање графити, пасија за иселеникот Даниел Манов од делчевското село Ѕвегор - Канал 5

Доброволното цртање графити, пасија за иселеникот Даниел Манов од делчевското село Ѕвегор

Даниел Манов е цртач на графити, кој моментално живее во Швајцарија, но по многу нешта е врзан со Делчево и родниот Ѕвегор. 

Доброволното цртање графити, пасија за иселеникот Даниел Манов од делчевското село Ѕвегор

Во последниот негов труд за изработка на графити на ѕидот на детската установа „Весели цветови”, учествуваше доброволно, а во договор со граѓани, институции на доброволна база е подготвен да работи на поголем простор. Неретко црта и на карпи и на сите оние места кои ќе му „фатат” око, а меѓу нив и автомобили и други предмети.

При изработката на графити на детската градинка, како што вели, за време на целата негова работа бил опкружен од дечиња, што за него престставува посебно задоволство.

– Работата на ѕидот на градинката ја завршив во експресен рок. Беше задоволство да се работи за дечињата. Во градинката се разбира цртежите се со мотиви кои одговараат на опкружувањето, а инаку црпам инспирација од местото каде се наоѓаме, од опкружувањето, од дневно-политичката ситуација, некогаш тоа е иронија на општественото живеење, со инспирацијата знам и да претерам за луѓето. Оти всушност графиката е преку цртеж да раскажеш многу, рече Манов.

Во рамки на неговата работа, тој често со неговите цртежи знае да укаже на одреден проблем. Цртежите на ѕидовите покрај меѓународниот пат во селото Ѕвегор каде секојдневно гравитираат многу возила се доказ за тоа.

– Во село Ѕвегор е симптоматично што многу брзо се вози. За таа појава да се намали, почнав со еден цртеж покрај патот кој го привлекуваше вниманието на возачите. Забележав дека тоа има ефект и нацртав уште 10 такви и сега во голема мера таму е намалена брзината, додава графитчијата од Ѕвегор.

Иако речиси цел живот се занимава со цртање, последните 5 години за Манов се особено активни.

-Повеќето мислат дека цртањето графити е дарба и секако тоа е близу до вистината, но потребно е и многу работа. За самите графити особено во западните земји може да кажеме дека од илегална работа, се повеќе стануваат легална работа и бизнис. Ако порано имаше забрана за цртање во некои земји, сега се заработува од тоа, особено во Швајцарија каде за одредена квадратура се заработува солидна сума. Во Македонија засега работата ја работам, доброволно, доволно е само да има ѕид и добра воља од заинтересираните, додава Манов.

отенцира дека за добар графит потребен е добар спреј кој заедно со останатите материјали ги набавува претежно од странство.

– Материјалите ги набавувам претежно од Швајцарија, а кога сум во Македонија најголем дел од Скопје. Сите знаеме дека за графитите е потребно спреј кој најчесто се користи, се разбира тоа се квалитетни марки кои придонесуваат за квалитетен цртеж. Искуства споделувам со Хром кој е познат графитчија во Северна Македонија, дополни Манов.

Бидејќи често е на релација Швајцарија – Македонија, ѕвегорскиот графитчија заинтересираните најчесто го бараат на социјалните мрежи, но отворен е за соработка и во непосреден контакт со зинтересираните.

– Живееме во време на интернет и социјални мрежи, па така достапен сум таму. Секако луѓето можат и лично да ме побараат, за се може да се договориме, ќе повторам работам доброволно, потребно е само сопственикот да одбере простор и да се договориме околу тоа што треба да се претстави преку цртежот на тоа место, рече Манов.

За крај порача дека сите кои имаат свој талент треба да го надградуваат, бидејќи само така може да се дојде до успехот. Сите кои поминуваат покрај Меѓународниот пат кој преку Ѕвегор води до граничниот премин Делчево со соседна Република Бугарија лесно можат да ги забележат цртежите на Манов кои упатуваат силна порака која некогаш спасува и човечки животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. 

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ

Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните.

Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата.

Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.

ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Ниту еден случај на фемицид,  ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. 

Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?

Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди.

Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност.

Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект.

,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана

Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер