МакедонијаДобро утро со СЈОрданоски - вредно 255.000 денари! Нашата позната новинарска „ведета“, Сашо Орданоски, кој беше дел од тимот на Боки 13, изгледа примал „новинарски додаток“.Сашо Орданоски , еден од „ведетите“ на сега веќе „мртвата“ 1ТВ, во периодот кога работел токму кај Бојан Јовановски изгледа тешко „спојувал крај со крај во месецот“, па одлучил да соработува и со , верувале или не - СЈО на Катица Јанева?! Според алатката на Министерството за Финансии, наречена „Отворени финасии“, може да се види дека нашиот колега 8 пати во текот на 2018 година добил средства од СЈО во вкупна вредност од 255.000 денари. Она што е крајно симптоматично е фактот дека „колегата“ Орданоски, додека работел за медиум, во овој случај 1ТВ, во тој ист период поседувал и СЕРТИФИКАТ ЗА ДРЖАВНА ТАЈНА, и примал средства од СЈО!!! Изгледа неверојатно, но се отвара ли можност да се поврзат овие 4 моменти ( 1ТВ, Орданоски, Јанева, Сертификат ) во една точка - која точка, ви оставаме сами да си ја замислите? Она пак што е непознато, и што јавноста треба да го дознае - дали сертификатот бил добиен по евентуален налог на Катица Јанева. или некоја друга институција , на која основа му се исплаќани средствата на Орданоски, и како е можно никој во државава тоа да не го нотирал, и истовремено да реагирал? Покрај ова новинарската фела веќе подолг период се прашува - на кој начин се исплаќаа дел од надоместоците на вработените и хонорано ангажираните лица во 1ТВ и зошто никој од медиумите не ги заштити многуте чесни лица и професионалци кои работеа во СЈО, кои честопати ја ставаа и сопствената глава во торба, со цел да влезат во трагите на криминалот? За крај, Добро утро и од нас, Сашо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветТрамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувамТрамп по пристигнувањето во Анкара за самитот на НАТО упати остри критики кон Алијансата.Американскиот претседател Доналд Трамп по пристигнувањето во Анкара за самитот на НАТО упати остри критики кон Алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите Американски Држави во нивните акции против Иран. За време на средбата со турскиот колега, Ердоган, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека сад со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на НАТО. Toj воедно повторои дека би сакал да ја преземе контролата врз Гренланд и предупреди дека „може“ да ги повлече сите американски трупи од Европа. -Бев многу разочаран од НАТО. Но не бевме добро третирани, затоа што направивме нешто во Иран. Не ни треба ничија помош. Не ја ни сакав нивната (НАТО) помош, но пред да прашам рекоа дека нема да бидат таму. Ние инвестиравме трилиони долари во НАТО. Зошто? За да ги заштитиме европските земји.- изјави Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ има нови правила за патниците во авиосообраќајотЕвропскиот парламент денес ги одобри ревидираните правила на ЕУ за патниците во авионот, потврдувајќи го правото на бесплатен рачен багаж и финансиска компензација во случај на доцнење на летовите.Авиокомпаниите предупредуваат дека ова ќе доведе до повисоки цени на билетите, додека здруженијата на патници го поздравуваат зачувувањето на правата на патниците, пишува „Euronews“. Пратениците дадоа конечно зелено светло за договорот постигнат со земјите-членки по повеќе од една деценија преговори. Предлогот беше усвоен на пленарна седница со 646 гласови „за“, 12 „против“ и три „воздржани“. Компензација за доцнења и откажувања Авионските патници во Европската Унија ќе продолжат да имаат право на компензација помеѓу 250 и 600 евра ако нивниот лет доцни повеќе од три часа или е откажан. Новиот текст наведува дека за летови подолги од 3.500 километри, компензацијата ќе биде 300 евра, а ќе се зголеми на 600 евра ако доцнењето надмине четири часа или летот е откажан. Патниците ќе имаат девет месеци да поднесат барање, а авиокомпаниите ќе мора да платат компензација во рок од 30 дена или да побараат вонредни околности за да избегнат плаќање. Правила за рачен багаж Новите правила, исто така, ја разјаснуваат политиката за надоместоците за рачен багаж. Патниците сè уште ќе имаат право на еден бесплатен личен предмет, како што е мал ранец или торба, со димензии до 40 x 30 x 15 см. Нискобуџетните превозници како што се „Рајанер“ и „Изиџет“ моментално наплаќаат за помали торби на тркала, но според новата регулатива, сите авиокомпании ќе мора да ја прикажат цената на билетот што вклучува рачен багаж на почетокот на процесот на резервација, особено на посредничките и пребарувачките портали. Сепак, тие ќе можат да понудат поевтини билети на патниците кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж. Дополнителни права на патниците На патниците повеќе нема да им биде дозволено да им се наплаќаат дополнителни такси за корекција на мали грешки во името на билетот. Тие, исто така, ќе имаат право да добиваат дигитални карти за влез во авионот при пријавувањето за нивниот лет, без никаков дополнителен услов или обврска да имаат сметка или специфична апликација за авиокомпанија. Ревизијата на регулативата на ЕУ за заштита на патниците беше започната во 2013 година. Оттогаш, европратениците се залагаат за проширени права за багаж и заштита на патниците, но се соочија со отпор од некои земји-членки и од воздухопловната индустрија. Новите правила ќе стапат на сила во 2027 година. Извор: Б92Тагови: авиосообраќајот ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“Директорот на ЦУК истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“.Апликацијата ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од местото на настанот; • Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации. Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош. Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации. ЦУКТагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter