СветДобриндт го брани поцврстиот став кон миграциската политикаПострогиот пристап кон миграциската политика што го презема новата германска коалициска влада веќе покажува резултати, смета министерот за внатрешни работи Александар Добриндт.-Барањата за азил на границата се помалку бидејќи брзо се прошири веста дека влезот во Сојузна Република Германија повеќе не е загарантиран и покрај барањата за азил, изјави Добриндт за „Велт ам Зонтаг“, во коментар објавен денеска, пренесе ДПА. Неколку часа по преземањето на функцијата на 6 мај, Добриндт воведе построги гранични проверки, наложувајќи сите баратели на азил да бидат вратени назад. Мерките не се однесуваат на бремени жени, деца или други ранливи лица. За време на интервјуто, Добриндт зборуваше и за „домино ефект“, истакнувајќи дека соседните земји го следеа примерот со зголемување на проверките на сопствените граници. Кога беше прашан за критиките од Полска и Швајцарија, тој одговори: „Треба да ги споменете и оние земји што ја поддржуваат нашата нова миграциска политика“. Министерот ги наведе Франција, Данска, Чешка и Австрија. -Овие земји со загриженост го гледаа нашиот ефект на магнет за бегалците, што беше предизвикан од миграциската политика на претходната влада. Сите тие го поздравуваат фактот дека Германија станува помалку привлечна во однос на нелегалната миграција, изјави Добриндт, пренесен од ДПА. Полската амбасада во Берлин претходно изрази загриженост во врска со построгите гранични контроли, предупредувајќи дека таквите мерки би можеле да го нарушат прекуграничниот сообраќај и функционирањето на внатрешниот пазар на ЕУ. Швајцарија, исто така, нагласи дека новата влада на Германија, предводена од конзервативците, мора да го задржи третманот на мигрантите и бегалците во согласност со европското право. Добриндт додаде дека промената на германската политика, исто така, помага да се намали притисокот врз транзитните земји. „Нема проблеми на германските граници“, рече Добриндт и додаде дека „целта не беше да се преоптоварат соседите на Германија. Но, нашите соседи мора да разберат дека Германија повеќе не е подготвена да ја продолжи својата миграциска политика од последните години.“ Во меѓувреме, германскиот полициски синдикат предупреди дека построгите гранични контроли можат да се одржат само за ограничен период, пренесе ДПА. Тагови: Добриндт мигрантска политика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЕвропаСредношколец остана без око, полицаец е под истрага- страшни сцени во Франција (ВИДЕО)Полициски службеник беше обвинет за сериозно насилство и ставен под судски надзор во вторник, 13 октомври, откако средношколец го изгуби видот на едното око .Полициски службеник беше обвинет за сериозно насилство и ставен под судски надзор во вторник, 13 октомври, откако средношколец го изгуби видот на едното око за време на протестот на средношколците во Тур кон крајот на септември, соопшти обвинителството, како што објави францускиот „Ле Монд“. На полицаецот му е забрането да носи или поседува оружје способно за испукување несмртоносни проектили од типот LBD, додека на друг службеник му беше даден статус на сведок под истрага, според изјавата на обвинителката во Тур, Катрин Сорит-Минар. Маел, 16-годишен средношколец, го изгуби окото на 30 септември за време на инцидентите што избувнаа за време на блокадата на училиште во Тур. Неговото семејство објави дека ќе поднесе жалба за „насилство извршено од лице на позиција на јавна власт“. Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува Маел, 16-годишен средношколец, како седи на тротоарот, видливо зашеметен, со крвава глава и повреда на окото. Други млади мажи се собираат околу него, викајќи во тревога и барајќи да се повика полицијата или бројот за итни случаи 17 во Франција. Потоа се слушаат вресоци, а полицијата ја напаѓа толпата што се собрала околу повредениот млад човек. Видеото е снимено на 30 септември, за време на блокадата на средно училиште во Тур, кога учениците и полицијата се судрија. Обвинителството во Тур објави дека, по медицинските и форензичките прегледи, повредите на окото на тинејџерот се „конзистентни со одбранбен проектил испукан од оружје од типот LBD“. Случајот е пријавен во Националниот генерален полициски инспекторат (IGPN). Истрагата покажа дека „два истрела од оружје LBD биле испукани во рок од една минута еден од друг, од две различни полициски оружја“, рече обвинителот. Отворени се 36 истраги Истрагата посочи на „временската совпаѓање помеѓу првиот испукан проектил и повредата на окото“, но исто така покрена дополнителни прашања за тоа дали биле почитувани законските услови за апсолутна неопходност и строга пропорционалност при употреба на ова оружје. Четири полицајци беа сослушани во полициски притвор во вторник. „По овие сослушувања и спроведените истражни мерки, а со оглед на сложеноста на ваквите полициски интервенции, потребно е да се продолжи со работата за разјаснување на околностите на пукањето и условите под кои младиот човек бил повреден“, рече обвинителот, кој ја започна судската истрага. Од почетокот на протестите на средношколците, Националниот генерален полициски инспекторат отвори вкупно 36 истраги за сомнително полициско насилство, од кои четири се однесуваат на случаи на повреди што довеле до осакатување, објави во вторник францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.Тагови: полицаец Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВрвот Монблан „пораснал“ за два метра во последните три години, сега е утврдено што се случило Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа во Алпите, во септември 2026 година бил висок 4.807,47 метри, што е за 1,88 метри повеќе од претходното мерење во 2023 година, беше објавено денеска.Претседателот на комората на геодетски експерти на Горна Савоја, Жан де Гар, рече дека варијациите во висината на планината првенствено се поврзани со временските услови. „Врвот е во постојано движење. Секое поединечно мерење само по себе нема големо значење во контекст на глобалното затоплување, но служи за да се обезбедат податоци што ќе се анализираат со текот на времето“, рече Жан де Гар. Геодетските експерти од Горна Савоја почнаа да мерат во 2001 година, а врвот, кој се наоѓа на француско-италијанската граница, во тоа време бил висок 4.810,40 метри.Тагови: Монблан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Veselinović Cirkus DOO (@vranjecirkus__) Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. - Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?; - Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter