3Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството
МакедонијаДОБРИ ВЕСТИ бр.2 - поврзани со нашата, човечка борба против короната!Се мислевме дали да воведеме и т.н. Лоши вести, во кои ќе ги споменеме сите оние лоши примери на наши сограѓани кои бегаат, злоупотребуваат самоизолација, но сепак одлучивме да нудиме само позитива!Адресата на кој може да ни праќате ваши откриени позитивни вести е се уште истата - победа! [email protected] И денес имаме значајни вести за нас, луѓето, за да бидеме убедени дека ќе ја победиме и оваа ужасна пандемија - Вчера јавивме за највозрасната жртва, супер бабичката од Вухан, а денес имаме нов јунак - најмладиот „пацијент“ штотуку родено бебе во болницата Северен Мидлсекс во Лондон, кое беше инфицирано со ковид-19, од денес е „чисто“ и почнува да се опоравува. Браво јунаку! - Кинезите потврдуваат дека јапонскиот лек за грип познат како ФАВИПИРАВИР, произведен од страна на ќерка фима на Фуџифилм од Токио се покажал успешен кај рано дијагностицирани пациенти со корона вирус. Кај оние со сериозно развиена инфлуенца, за жал нема успех. Сепак, ова е одличен напредок, особено поради фактот што овој лек е „заборавен“ од 2016 год. кога се користел против Ебола во Гвинеа. Сега прецизните Јапонци сакаат да го тестират својот лек врз корона пациенти, но претходно - верувале или не, чекаат дозвола од нивното министерство за здравство, затоа што лекот е регистриран за грип. Сепак и ова е големо откритие во нашата борба ( Важно: овој лек никако немојте да ги користите без стручна лекарска консултација) - нашиот читател/гледач вчера ни пиша на [email protected], и во кратки црти ни објасни ека публикувал текст , кој објаснува начини како би можела да се победи короната. Името на нашиот пријател е Горан Дамчевски а еве го линкот од статијата Како да се победи Короната? Во името на сите, ти благодариме Горан - Професор Дејвид Патерсон од Центарот за клинички истражувања на Универзитетот во Квинсленд изјавил дека научниците утврдиле дека два медикамента можат да го победат Сарс-КоВ-2 во епрувета.Тој тврди дека еден овие лекови им биле дадени на првите луѓе кои биле позитивни на Ковид-19 во Австралија, што резултирало со „исчезнување на вирусот“ и целосно заздравување од инфекцијата.Одлична вест! - За крај, пофалба за сите наши сограѓани кои свесно, човечно, одговорно ги поминуваат неопходните денови во самозиолација, со што се спасуваат себе си и своиет семејства, но и сите други во Македонија: Доколку знаете некој таков, ве молиме поздравете го во коментарот на FB постот, за да сите ние од Македонија истовремено го поздравиме! Не заборавајте: Носете маски за лице Не го фаќајте лицето со рацете кои претходно не сте ги измиле/дезинфицирале Избегнувајте „мешање“ со други групи на луѓе. Ако веќе морате да одите на работа, велете им на своите соработници да заземат пристојан дистанца од најмалку 1,5 метар. Убав муабет се прави и на такво растојание. Ако требате нешто да си покажете, не ги вртете лицата еден спроти друг, носете маска. Ние ќе бараме, ќе истражуваме секојдневно убави, добри и позитивни вести и не заборавајте...ве чекаме со вашите добри вести на нашата адреса: [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ подготви посебен статус за Канада- Германија го блокира планот Германија го блокираше планот за доделување статус на придружна членка на Канада во Европската Унија.Наместо тоа, се очекува на северноамериканската земја да ѝ бидат ветени „уште поблиски врски“ со блокот на самитот подоцна оваа недела, според нацрт-изјавата што ја видел „Телеграф“. Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, првично ја изнесе идејата за „придружно членство“ за Канада за време на нејзиното годишно обраќање за состојбата на Унијата. Понудата на највисокиот функционер на ЕУ беше исполнета со малку детали, оставајќи ги земјите-членки збунети околу тоа што всушност би подразбирал таков статус. Во серија состаноци зад затворени врати, претставниците на 27-те земји-членки на ЕУ почнаа да го разработуваат предлогот на фон дер Лајен пред планираното соопштение на состаноците во Монтреал во четврток и петок. Во претходната верзија на изјавата се вели дека ЕУ и Канада ќе работат заедно за да го дефинираат концептот на „придружено членство“ пред следниот самит на двете страни во 2027 година. Сепак, најновата верзија на изјавата не оди толку далеку, наведувајќи: „Ќе работиме на дефинирање на концепт за сè поблиска асоцијација на Канада со ЕУ, под нивото на полноправно членство, до самитот ЕУ-Канада во 2027 година“, се вели во изјавата. 🛬 Touchdown in Montréal 🇨🇦 Rarely have I looked forward to a Summit this much. An ocean separates Europe and Canada. Yet we have never felt closer. We have a new ambition: bringing Canada closer to us than ever before, as Associate Member of the EU. And we want to take our unique partnership even further. With an Alliance for the Future, we will stand together and respond to a world of growing rivalries. Montréal, we’re about to write a new chapter in our shared history. — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 28, 2026 За Германија, тоа беше лично Се вели дека Германија била главната движечка сила зад промената на предлогот, бидејќи нејзината слична иницијатива за Украина претходно беше отфрлена од земјите-членки. „Фридрих Мерц предложи придружно членство за Украина, но идејата веднаш пропадна. Мислам дека тоа беше лично за нив“, изјави еден дипломат од ЕУ за „Телеграф“. Франција, Грција и Италија, исто така, изразија резерви во врска со проширувањето на таквата понуда на Канада. Сепак, иако формулацијата е омекната, амбициите за партнерството ЕУ-Отава не се намалени. Соработката ќе ги опфати одбраната, безбедноста, критичните суровини, енергијата и финансиските услуги, со цел да се создаде она што ЕУ го опишува како „област на споделен просперитет и економска безбедност“. Многу европски лидери позитивно го оценија Марк Карни, канадскиот премиер, откако тој одржа говор на самитот во Давос во кој ги повика светските „средни сили“ да се обединат и да се заштитат од непредвидливи моќници како што се Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. Европските претставници кои работат на обнова на односите со Велика Британија веруваат дека голем дел од изјавата за Канада би можела да се искористи и за самитот Лондон-Брисел кон крајот на ноември. Претставниците на Европската комисија, која ги води преговорите за Брегзит во име на ЕУ, сега веруваат дека секоја дарежлива, но нејасна понуда до Канада би можела да послужи како „стратешка предност“ за извлекување отстапки од Велика Британија. Сè повеќе се верува дека навестувањата на британскиот премиер Енди Бернам за можно враќање во ЕУ се резултат на загриженоста на британските власти дека Канада би можела да добие економски поволни услови што нема да му бидат понудени на Обединетото Кралство.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕкономијаЦената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 годинаЦената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 година, кога Европа се соочи со енергетска криза по почетокот на војната во Украина. Во услови на раст на цените на енергенсите, ЕСМ преговара за подолгорочно снабдување со гас по поконкурентни цени, вели министерката за енергетика Сања Божиновска, нагласувајќи дека државните електрани имаат обезбедено гас за ноември. Воедно, Божиновска уверува дека политичките случувања во Србија нема да влијаат врз регионалниот проект за алтернативно снабдување со гас. -ЕСМ има закупено на подолг период гас, ќе видиме и тука што ќе се случува. Ноември имаат закупено гас, ЕСМ се во преговори за подолгорочно и секако поконкурентно снабдување на гас. Тоа што ние соработуваме со Република Србија е регионален и европски проект. Тука се инволвирани и повеќе финансиски, интернационални компании. Јас сум убедена дека нема ништо да има некакви промени во однос на политичката сцена, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Покрај обезбедувањето гас по поконкурентни цени, пред институциите е и прашањето за трошоците за електрична енергија од јануари. До средината на ноември, ЕСМ треба да ги заврши пресметките и да и достави на Владата нова понуда за цената по која ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум за следната година. Моментално цената изнесува 65 евра за мегават-час. Сепак, врз крајната цена влијаат и трошоците за пренос и дистрибуција на електричната енергија. МЕПСО побара зголемување на надоместокот за пренос за над 97 проценти, додека МЕМО не побара промена на цената. Електродистрибуција, пак, се уште нема конечна пресметка, бидејќи не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во мрежата. Божиновска посочува дека барањата на компаниите не значат автоматско поскапување и дека конечната одлука ќе ја донесе Регулаторната комисија. - Тоа што компаниите поднесуваат до Регулаторната е едно, значи вие може да барате и да си дадете ваши пресметки. Тука Регулаторната ќе одлучи и ќе види што ќе се... што ќе биде крајниот исход. Така да, ве замолувам да почекате на одлуката на Регулаторна, да видиме на крај кој ќе биде нејзината одлука и колку ќе има тука покачување, ако има, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Во меѓувреме, неизвесно е дали ќе продолжи и попустот на горивата од ОКТА, кој важи до следната недела. Божиновска вели дека одлуката за евентуално продолжување ќе зависи од движењето на цените, а по истекот на актуелниот период вели ќе се разгледаат следните чекори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаДрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравствотоЖан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната.„Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата, во овој период се реализираат два значајни инфраструктурни проекти во енергетскиот сектор, тоа се изградбата на гасоводните интерконектори со Република Грција и Република Србија. Со оглед на значењето на овие капитални инвестиции, би сакал да ве прашам кои се конкретните придобивки што Република Македонија и македонските граѓани ќе ги имаат од изградбата на овие два гасоводни интерконектори? На кој начин нивното ставање во функција ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, намалување на зависноста од еден правец на снабдување и создавање услови за поконкурентни цени на природниот гас и секако какви можности се отвораат за македонската индустрија, стопанството и домаќинствата?“, рече Дрвошанов. Второто прашање Дрвошанов го упати до министерот за одбрана, а се однесува на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, при што побара појаснување за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата. „На една седница на Влада беше донесена одлука со која ќе се реши овој децениски проблем со кој се соочуваат професионалните војници, затоа моето прашање е што конкретно предвидува донесената владина одлука за професионалните војници кои навршиле 45 години и кои се придобивките од неа? Ве молам дадете подетални објаснувања за содржината на одлуката, роковите за нејзиното спроведување и секако очекуваните ефекти врз професионалните војници“, посочи Дрвошанов. Третото прашање Дрвошанов го упати до министерот за здравство, а се однесуваше на обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството, при што побара информации за досегашните реализирани набавки, инвестициите во современа опрема и планираните вложувања во наредниот период. „Инвестициите во здравството имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено е важно институциите да располагаат со современа опрема, соодветни материјално-технички средства за навремено и ефикасно извршување на своите задачи. Минатата недела имавме промоција на 100 нови амбулантни возила, настан кој го отвори прашањето за обновувањето на возниот парк и подобрувањето на условите за работа на здравствените служби. Моето прашање е какви конкретни резултати постигна министерството во обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството? Ве замолувам да не информирате за досегашните реализирани набавки и планираните инвестиции во наредниот период за да граѓаните имаат јасна слика како се вложуваат јавните средства во подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија“, рече Дрвошанов, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook