Добра вест од Бон, Германија: Короната не останува ни во воздух ни на овошје и зеленчук! - Канал 5

Добра вест од Бон, Германија: Короната не останува ни во воздух ни на овошје и зеленчук!

Унивезитетската клиника во Бон, направи сеопфатно истражување поврзано со ефектите и однесувањето на корона вирусот

Добра вест од Бон, Германија: Короната не останува ни во воздух ни на овошје и зеленчук!

Центарот за вирусологија во Бон, кој работи во рамките на клиниката, им ги соопшти на граѓаните првите резултати од истражувањето на вирусот, за да можат најдобро да ја проценат ситуацијата.
Студијата спроведена од лекари во овој Центар откри дека коронавирусот не останува во воздухот, значи дека не може да се вдишува, не останува на овошје, зеленчук, леб, но дека главниот пат на пренесување е инфекција со капки. Ова може да се случи преку директен контакт со некоја личност, а честопати и преку контакт со рацете, ако потоа следува контакт на заразеното лице со носот, лицето.

На површини како пластика, металот останува максимум три часа затоа што се суши, додека во вода останува подолго. За коронавирусот се вели дека опстојува долго време во тоалетната шоља, мијалникот, кујната или на сите влажни површини бидејќи нему влага му го продолжува животот. Она што граѓаните треба да го знаат е дека останува и на облека, но не се дефинирани случаи на зараза со облеката, а овие експерти дури ја исклучуваат можноста. Единствениот докажан метод на пренесување е директен контакт со заразеното лице.

Носењето маски и раквици е индивидуална работа, но нема потреба од тоа, исто така, ако одржувате доволно растојание и ако редовно ги миете рацете при пристигнувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се омажи најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис

Се омажи најмладата ќерка на некогашната холивудска брачна двојка, Деми Мур и Брус Вилис. За изработката на венчаницата биле потребни повеќе од 700 часа.

Се омажи најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис

Најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис, Талула Вилис, се омажи за Џастин Ејси.

Двојката го изговорила судбоносното „да“ во Ајдахо на 8 август, пишува „Вог“.

Поранешните сопружници Деми Мур и Брус Вилис за време на бракот добија уште две ќерки, Румер и Скаут. Подоцна, славниот актер доби уште две ќерки со Ема Хеминг – Мејбел и Евелин.

За оваа пригода, Талула избрала венчаница со потпис на Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на „Баленсијага“.

Според споменатите медиуми, ова била една од првите венчаници што Пичоли ги креирала откако ја презмала функцијата во познатата модна куќа.

Венчаницата била изработена точно според желбите на невестата, а за нејзината изработка биле потребни 712 часа.

Уште 405 часа беа потрошени на корекции во ателјето, додека за изработката на велот беа потребни околу девет часа. Талула ја објави својата свршувачка со Ејси на 23 декември.

Споделувајќи фотографија на Инстаграм на која парот се држи за раце над патека од ливчиња од рози, со свршеничкиот прстен во преден план, таа кратко напиша во описот:

- Секој ден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Актерка во секси бикини

Една од најубавите холивудски актерки, Ева Лонгорија (51), повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со фотографии од одморот во Марбеља, Шпанија.

Фото: Актерка во секси бикини

Една од најубавите холивудски актерки, Ева Лонгорија (51), повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со фотографии од одморот во Марбеља, Шпанија, каде што ја покажа својата беспрекорна линија и докажа дека годините за неа се само бројка.

На фотките може да се види како сексапилната актерка ужива на плажа во провокативно бикини кое го надополни со голем шешир, темни очила за сонце..

Таа се релаксирала покрај морето, пливајќи и поминувајќи време со својот осумгодишен син Сантијаго, со кого правела замоци од песок.

Ева Лонгорија неодамна зборуваше за тоа што за неа значи сексапилност по педесеттата година. Таа истакна дека привлечноста не зависи од облеката, туку од самодовербата, и дека човек може да се чувствува подеднакво привлечно во тренерки или во топол џемпер. Покрај престојот во Шпанија за време на одморот, оваа земја, заедно со Мексико, стана нејзин постојан дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Прва кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!

Кошаркарката Кејла Мекбрајд им приреди спектакуларна вечер на навивачите на „Минесота Линкс“ во женската НБА лига.

Видео: Прва  кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!

Искусната кошаркарка која игра на бековската позиција постави нов рекорд во WNBA за најмногу постигнати тројки на еден натпревар, погодувајќи 10 тројки во победата од 103-90 над „Далас Вингс“.

Мекбрајд погоди 10 од 14 обиди од линијата за три поени (од оддалеченост од 7,24 метри) и го заврши натпреварот со рекордни 43 поени во кариерата.

YouTube video

Историската, десетта тројка беше постигната на 2 минути и 23 секунди пред крајот, со што ѝ донесе на Минесота водство од 98-83. Кога го напушти теренот нешто повеќе од една минута подоцна, таа беше испратена со аплауз од преполниот „Таргет центар“.

„Минеаполис стана мој дом и сакам да го дадам најдоброто од себе. Без разлика дали топката ќе влезе во кошот или не, чувствувам голема љубов. Токму затоа можам да излезам на теренот и да бидам она што сум. Ја сакам оваа игра и сакам да победувам“, рече Мекбрајд.

Претходниот рекорд изнесуваше девет постигнати тројки на еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер