Добитникот на специјалната награда на Карлови Вари, „Сестри" на Дина Дума го отвара Манаки - Канал 5

Добитникот на специјалната награда на Карлови Вари, „Сестри" на Дина Дума го отвара Манаки

Со проекција на македонскиот филм Сестри на 16 септември ќе започне годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки". 

Добитникот на специјалната награда на Карлови Вари, „Сестри" на Дина Дума го отвара Манаки

Фестивалската публика во Битола, ќе биде првата која ќе го погледне филмот, кој штотуку учествуваше на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Карлови Вари, освојувајќи ја „Специјалната награда од жирито" во програмата „Источно од западот".

Ова е прв долгометражен филм на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски и филмот влегува во официјалната конкуренција за наградата „Златна камера 300" на 42. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ".

Филмот ни открива едно тинејџерско друштво, во кое поважно е да се забавуваат следбениците на социјалните мрежи, отколку да се негува нормално пријателство.

Визуелизацијата е една од најсилните страни на овој филм, особено во сцените снимени во водата, a зрнестата структура која доминира во фотографијата со својот ретро шмек како да се спротиставува на дигиталната острина на милионите филтрирани хиперреалистични фотографии од мобилните телефони кои младите дневно ги објавуваат на социјалните мрежи.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска (Маја), Миа Жиро (Јана), Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа-Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, музиката е на Игор Василев-Новоградска, а дизајнот на звук на Ристо Алчинов.

Режисерката Дина Дума и кинематограферот Наум Доксевски се веќе авторски тандем: во 2017 година со нивниот краток филм Тие дојдоа од центарот на светот беа дел од натпреварувачката компетиција на ИФФК „Браќа Манаки" за „Мала златна камера 300" во програмата на кратки играни филмови.

Филмот Сестри е копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид

30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид.

Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид

Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела.

Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)

Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.

Пилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)

Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител.

За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа.

Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца.

По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?

Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. 

Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?

Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност?

Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемцид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност.

Да не беше брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе ја видевме старата шема на ВМРО. Жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните ВМРО-вски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа.

Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем. Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО.

Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата.

Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите.

Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи.

Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите, рече Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер