Добитници на наградата „Виртуози“ за 2016 година - Канал 5

Добитници на наградата „Виртуози“ за 2016 година

Ова се добитниците на наградата „Виртуози“ за 2016 година

Добитници на наградата „Виртуози“ за 2016 година

Во категоријата “МЛАД МУЗИЧКИ УМЕТНИК“:

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВ

Александар Иванов се смета за еден од најталентираните млади виолинисти од новата генерација македонски музичари. Роден во музичко семејство, виолина почнува да учи на седумгодишна возраст и веќе на 9 години ја освојува Првата награда на Меѓународниот конкурс за виолина во Србија, како и Првата награда на Националниот натпревар во Скопје, по што следат уште неколку значајни домашни и странски признанија, како и покани за настапи. Во 2014 година на Московскиот меѓународен фестивал ,,Открита Европа - Открита планета“, во категоријата соло виолина Иванов се закитува со ЛАУРЕАТ од втор степен, а во 2015-та победува на Меѓународниот конкурс Сребрен камертон во Санкт Петербугр, Русија и се здобива со Лауреат од прв степен. Овие признанија само ја потврдуваат исклучителната музикалност и техничка совршеност на Иванов, која ја надградува и како учесник на семинари кај повеќе еминентни виолинисти, меѓу нив и Ана и Олег Кондратенко, Михаил Готсдинер..., или преку континуираните мастер часови со светски реномираниот виолинист Светлин Русев, но и мастер класот со еден од водечките професори по виолина во Европа, Игор Петрушевски. Иванов настапува како солист, како камерен музичар, но и со оркестарот на Македонската филхармонија, а од минатата година е примен како најмлад студент со само 14 години, на престижниот Конзерваториум „Рихард Вагнер“ во Виена, Австрија.



ВО КАТЕГОРИЈАТА “КАМЕРЕН АНСАМБЛ“ :

КАМЕРНИОТ АНСАМБЛ “КОНТЕМПОРА“

Формирањето на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ се наметна како повеќе од добредојден чекор за раздвижување на македонската културна сцена, за отворање на видиците кон нови, поинакви културни вредности. Од своето формирање пред неполни две години до денес, ансамблот „КонТемпора“ ја одржува неопходната интеракција помеѓу македонската музичка култура и светот, претставувајќи ги новосоздадените дела на македонските автори, но и на композитори од останатите делови на светот. Минатата исклучително успешна година, ансамблот исполни концерти во рамки на речиси сите најзначајни музички фестивали во земјата („Денови на македонска музика“, „Скопско лето“, „Златна лира“ и „Есенски музички свечености“), свирејќи со интензитет, желба и посветеност на современото творештво и индивидуални творечки естетики, а реализираше и концертна турнеја во Белгија.



ВО КАТЕГОРИЈАТА “МУЗИЧКИ НАСТАН“ :

“СВИРАЧ НА ПОКРИВ“- проект на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Младоста, еланот, силната мотивираност и посветеност беа главните атрибути на постановката на бродвејскиот мјузикл „Свирач на покривот“, кој пред македонската публика беше одигран во музичко-сценска продукција на Факултетот за музичка уметност, на 49-годишнината од неговото постоење. Сите учесници во продукцијата на „Свирач на покривот“ конзистентно ја пренесоа атмосферата, емоциите, драматичноста и комичноста на овој мјузикл, беа одлични актери кои автентично ги изнесоа на површина есенцијалните нишки на ликовите. Поставување на „Свирач на покривот“ критиката го оцени како подвиг, на кој младите креативци одговорија како вистински професионалци во креирањето на силна и моќна претстава која долго ќе се памети.



ВО КАТЕГОРИЈАТА “КОМПОЗИТОР“ :

СТОЈАН СТОЈКОВ

Стојан Стојков е еден од најглемите македонски композитори кој зад себе има богат опус на дела, почнувајќи од малите форми - солистички и камерни, па се до големите вокално-инструментални и музичко-сценски дела кои доживувале успешни изведби и надвор од нашите граници. Неговата последна опера „Змејовата невеста“ беше проследена со огромен успех здобивајќи се со одлични оценки од публиката и критиката. Всушност, таа е круна на творечкиот опус на авторот. И како своевиден творечки подвиг, во почетокот на седмата деценија од животот да се создаде најсложената, најобемната и најсинкретичната уметничка форма, но и како логичен след во неговиот творечки опус кој главно, или се потпира или извира од нашата традиција и народен бит. Јавувајќи се истовремено и како автор на либретото (според истоименото дело на Димитар Молеров), Стојан Стојков создал, од една страна заокружена драмска целина околу еден поим (љубовта), а во истовреме и неа ја „озвучил“ на начин што на универзалната порака и дал локален акцент. Неговиот веќе докажан творечки опит во другите композиторски жанри беше добра основа за тоа, а доминантниот творечки сензибилитет - попирањето врз традицијата и нејзино интегрирање во традиционалниот јазик на западноевропската музичка култура - водилка во создавањето на ова маркантно дело. На тој начин создал своевидна „етно опера“, во најдобрата смисла на зборот збогатувајќи го нашето музичко творештво со уште еден препознатлив егземплар. „Змејовата невеста“ ја доби наградата „Панче Пешев“ за најдобро премиерно претставено творечко остварување во 2015 година.



ВО КАТЕГОРИЈАТА “МЕЃУНАРОДНА АФИРМАЦИЈА“:

ИГОР КИРОВ

Најистакнатиот македонски танчар и кореограф, единствен во своите уметнички креации, упорен, работлив, но и прекрасна личност со неуморлив дух, ентузијазам и динамично-магнетски темперамент... Ова се дел од блескавите епитети упатени кон Игор Киров, уметникот кој својата страст кон танцот продолжува да ја пренесува на балетските сцени од Кореа, преку Европа, до Куба и САД. Минатата година, тој уште еднаш ја потврди својата доминација на меѓународната сцена, постојано трагајќи по нова естетика, насоки и правци. Неговите креации „5 до 12“, „Дневникот на Нижински“, „If I can“, „Stories“ беа поставени на театарските сцени во Хрватска, Франција, Германија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина каде редовно беа примени со воодушевување и испратени со овации. Своето познавање за танцовата уметност, Киров го пренесуваше на танцовите академии во Белград, Минхен и Токио и на тој начин придонесувајќи кон меѓународна афирмација на македонскиот балет.





ВО КАТЕГОРИЈАТА “МУЗИЧКО - СЦЕНСКИ УМЕТНИК“:

БИСЕРА ЧАДЛОВСКА

Сигурен настап, енергични движења, музикалност, талент... Ова се дел од критиките за македонската диригентка Бисера Чадловска, која како дел од ансамблот на Македонската опера и балет, може да се пофали дека зад себе има навистина завидна бројка на реализирани оперски и балетски претстави, како и концертни настани. Бисера Чадловска дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот оркестарско диригирање во класата на проф. Фимчо Муратовски, а потоа се запишува на пост-дипломски студии по симфониско и оперско диригирање на Државната музичка академија во Софија. Веднаш почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет, и нејзината исклучителна работа ќе ја доведе до асистент во подготовките на сите нови премиери. По неколку години, 2005-та, ја добива и својата прва премиера - „Таен брак“ од Доменико Чимароза, со која свечено ќе почне манифестацијата „Скопско лето“. Како резултат на работата на оваа опера, Чадловска добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број на претстави од репертоарот на МОБ, таа се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на оваа национална куќа.



ВО КАТЕГОРИЈАТА “МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧ“:

МАРИЈА ЃОШЕВСКА

Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност, македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Ѓошевска дипломира (2002), магистрира (2004) и докторира (2009) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог, проф.Борис Романов. Во рамките на докторатот, пак, под менторство на проф.д-р Томе Манчев, таа успешно го брани научниот труд на тема “Аспекти на влијание на хармонијата врз репродуктивниот процес погледнато низ призмата на делото Соната за пијано D-960 од Франц Шуберт“. За својот талент, труд и неспорна музикалност, Ѓошевска е добитник на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари во земјава и во странство, во Чешка, Италија, Франција... Таа е една од најактивните пијанистки која настапува како солист, но и како камерен музичар и во повеќе земји низ Европа и светот, со реномирани оркестри и диригенти. Нејзиниот репертоар е навистина богат, а своето искуство денес го пренесува на младите како редовен професор на ФМУ во Скопје.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се прев

Цвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?

исоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања.

Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно?

Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“?

Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна.

Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената.

Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето.

Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања.

Треба ли мажот да ја плати вечерата?

Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи.

Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата.

Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската.

Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин.

Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“.

Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот.

Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе.

Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди?

Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа.

Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава.

Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа.

Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено е колку би требало да трае една работна недела (не е 40 часа)

Во Американскиот конгрес е претставен нов предлог-закон, со кој се бара да се скрати стандардната работна недела од 40 на 32 часа. 

Откриено е колку би требало да трае една работна недела (не е 40 часа)

Иницијативата на сенаторот Берни Сандерс и претставникот Марк Такано предвидува на вработените да им се плаќа прекувремена работа за секој работен ден подолг од осум часа. Промената би се воведувала постепено во текот на четири години, пишува The Independent.

Потрага по идеален број часови

Иако предлогот се однесува на 32 часа, се поставува прашањето дали навистина ова е идеалната мерка. Економистите од Универзитетот Дјук утврдија дека „оптималната“ работна недела за благосостојба на вработените е поблиску до 37 часа. Сепак, посочуваат дека позитивното влијание врз квалитетот на животот би се почувствувало и со 32-часовна работна недела.

„Нивото на подобрување на квалитетот на живот зависи првенствено од тоа дали овие промени директно ќе влијаат на работниците кои моментално работат исклучително голем број часови“, напишаа истражувачите во нивната студија од 2025 година. Своите наоди тие ги засноваат на податоци собрани од работници во Германија, кои, како и Американците, често работат повеќе од 40 часа неделно.

Американскиот стандард и пракса

Податоците откриваат значителна разлика во работните навики. Студија од 2016 година на Државниот универзитет во Аризона покажа дека американските работници поминуваат дури една четвртина повеќе време на работа отколку вработените во Европа. Според извештај на „Галуп“ (Gallup) од 2025 година, просечен Американец вработен на полно работно време работел приближно 43 часа неделно во текот на 2024 година. Стандардот за 40-часовна работна недела е во сила во САД уште од 1940 година, кога беше извршена измена на Законот за правични работни стандарди (Fair Labor Standards Act).

Влијание врз здравјето и продуктивноста

Стручните лица предупредуваат дека работна недела од 40 часа или повеќе може да има негативни последици. Долгите работни часови се поврзани со зголемен ризик од мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања. Студија спроведена во Франција во 2019 година покажа дека поединците кои работат барем еден десетчасовен ден неделно, во просек се соочуваат со една третина поголем ризик од мозочен удар во споредба со оние кои не работат редовно толку долги смени. Овој ризик беше најизразен кај лица помлади од 50 години.

Покрај здравјето, подолгите работни часови влијаат и на ефикасноста. Студија од Универзитетот Стенфорд од 2013 година укажува на тоа дека продуктивноста почнува да опаѓа по 50 часа работа неделно. „Автомобилот не функционира најдобро кога резервоарот му е празен“, објаснил минатата година психологот д-р Адам Борланд од Клиниката во Кливленд (Cleveland Clinic).

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата.

Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган.

Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил.

Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот.

Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера.

Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември.

Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот.

„Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар.

Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец.

Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“.

Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“

Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година.

За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“

„Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“

„Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“

Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози.

Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога.

Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“.

Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален.

„Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата.

„Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“

„Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер