Добила работа, а начинот на кој прославила ја воодушевилa нејзината шефица (видео) - Канал 5

Добила работа, а начинот на кој прославила ја воодушевилa нејзината шефица (видео)

„Ова е реакцијата на девојката која само што ја вработив“, стои во објавата на видеото

Добила работа, а начинот на кој прославила ја воодушевилa нејзината шефица (видео)

Добила работа, а начинот на кој прославила ја воодушевилa нејзината шефица: „Ова е реакцијата на девојката која само што ја вработив“

Радоста кога ќе се вработиме тешко можеме да им ја опишеме на некои полтрони, со сета онаа трема од разговорот кој се води за време на интервјуто. Чувството на олеснување кога ќе сфатиме дека чекањето се исплатило, некогаш добива форма дете кое конечно ја добило очекуваната играчка. Реакцијата на една девојка која добила работа стана вистински хит на социјалните мрежи.

Снимката од анонимната девојка која танцува на паркингот пред фирмата во која се вработила, стана планетарен хит откако нејзината идна шефица случајно ја снимила, а снимката ја објавила на својот профил на Инстаграм.

„Ова е рекацијата на девојката што ја вработив“, напишала Декара Спенс на профилот над видеоснимката на која се гледа како девојката погледнува прво лево, па десно на паркингот, а потоа го започнува славеничкиот танц.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките

Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките за новата сезона, и покрај тоа што сакаше да си замине.

Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Аргентинецот, Хулијан Алварез, се појави во тренинг-центарот на клубот и им се приклучи на соиграчите во подготовките за новата сезона.

Иако за време на Светското првенство јавно изјави дека сака да си замине, 26 годишниот Алварез сепак постапи професионално и се одзва на поканата на клубот да продолжи со работа по паузата.

Атлетико Мадрид објави фотографии од играчите кои овој понеделник се приклучија на подготовките – Алварез, шпанските репрезентативци Маркос Љоренте и Алекс Баена, како и голманот Хуан Мусо.

„Во наредните денови, четворицата ќе работат според посебен план за тренинг пред да му се приклучат на тимот“, беше соопштено.

Сепак, ситуацијата со Алварез сè уште не е решена и неизвесно е како ќе се одвиваат работите.

Летово пак , Барселона го подготвува теренот за доаѓањето на Алварез, се разделува со напаѓачот Феран Торес откако претходно Роберт Левандовски замина за САД.

Сепак, и Атлетико се прашува за тоа, барем до 2030 година, кога истекува договорот на одличниот напаѓач. Алварез дојде во Атлетико Мадрид од Манчестер Сити пред точно две години, а Манчестер Сити доби 95 милиони евра за него, што претставуваше рекордна продажба во историјата на клубот. Клаузулата за заминување во неговиот договор изнесува половина милијарда евра.

Колкав интерес владее кај шпанската јавност за овој случај, покажува потегот на новинарот Херардо Ромеро, кој ги следеше сите безбедносни камери на улиците што водат од домот на Алварез до тренинг-центарот на клубот. Тој го очекуваше исходот од ситуацијата и пристигнувањето на Алварез во Атлетико, што на крајот и се случи. Сепак, конечната одлука за неговиот трансфер се одложи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец

Во текот на ноќта, 230 луѓе во мал чамец го преминале Ламанш и пристигнале во Велика Британија, што претставува најголем број регистриран мигранти во едно пловно средство.

Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец

Претходниот рекорд бил поставен минатиот месец, кога 165 луѓе пристигнале во Британија на ист начин.

Вкупно 230 лица пристигнале во Велика Британија во текот на ноќта со мал чамец, објавија денеска британските медиуми.

Ова е рекорден број луѓе што досега успешно го преминале Ламанш до Велика Британија со еден чамец, пренесува „Скај њуз“.

Портпарол на британското Министерство за внатрешни работи изјави дека владата презема строги мерки против преминувањата со мали чамци.

„Оваа влада презема строги мерки против преминувањата со мали чамци, при што се бележат рекордни нивоа на депортации на мигранти кои пристигнале со мали чамци и пад од 12 отсто во бројот на барања за азил“, изјави портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервации

Новиот SUV на Xiaomi веќе има повеќе од 100.000 резервации .

Новиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервации

Xiaomi се подготвува да ја прошири својата понуда на возила со серијата „SkyNomad“, која моментално опфаќа два големи SUV-модели опремени со систем за продолжен досег.

„SkyNomad N90 Max“ е позициониран како голем SUV со седум седишта, погон на сите тркала и систем за продолжен досег, дизајниран за семејни патувања на долги релации.

Тука е и „SkyNomad N70 Max“, позициониран како SUV со пет седишта и погон на сите тркала – исто така со систем за продолжен досег – наменет за секојдневно патување и удобност при возењето.

Подот на возилото е рамен. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени, додека вториот ред располага со седишта што можат да се преклопат.

Двата кросовери се базирани на новата платформа „Kunlun“ на Xiaomi и користат електричен погонски систем со продолжувач на опсегот.

Врвниот модел е „Xiaomi SkyNomad N90 Max“; со должина од 529 сантиметри, тој е опремен со два електромотори – кои испорачуваат 286 КС на предната и 136 КС на задната оска.

Батеријата се полни со помош на 1,5-литарски турбо-бензински мотор со моќност од 154 КС.

Вкупниот досег со користење и на електрична енергија и на бензин изнесува 1.500 километри според стандардот WLTP. Капацитетот на батериите кај моделите N70 и N90 се движи од 52 до 76 kWh, во зависност од верзијата, што овозможува досег на електричен погон од 460 до 500 километри.

Максималната брзина е електронски ограничена на 190 km/h, додека моделот N90 забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди.

Кога батеријата ќе се испразни, сите модели постигнуваат потрошувачка на гориво од само 5,7 литри на 100 километри според стандардот WLTC. Системот за потпирање е независен на сите четири тркала и вклучува воздушно...

Планирано е овие модели да пристигнат и во Европа, почетната цена во Кина изнесува 33.000 евра за N70 и 38.500 евра за N90, пренесува Revija HAK.

Тоа е неверојатно ниска цена за голем теренец (SUV) со должина од над пет метри. Цените во Европа сигурно ќе бидат повисоки, но неизбежно се поставува прашањето како европските премиум конкуренти ќе можат да му парираат на ваков модел.

Кинескиот медиум „Cailian“ известува дека Xiaomi веројатно надминал 100.000 нарачки во претпродажба за својата почетна линија на возила SkyNomad EREV за само девет дена, при што поголемиот модел N90 се покажал како попопуларен меѓу купувачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер