Добила на подарок ваучер од кафуле- за момент станала побогата и од Маск и од Гејтс заедно - Канал 5

Добила на подарок ваучер од кафуле- за момент станала побогата и од Маск и од Гејтс заедно

Сè што Софи Даунинг сакаше да купи во нејзиното омилено кафуле беше мача лате.

Добила на подарок ваучер од кафуле- за момент станала побогата и од Маск и од Гејтс заедно

Таа користеше подарок ваучер од 10 фунти, а кога вработениот ѝ ја даде сметката - таа речиси се онесвести.

На неа пишуваше дека на ваучерот останал износ, речиси 63 квадрилиони фунти, или во бројки 63.000.000.000.000.000!

Сите беа збунети!

„За момент се чувствував како најбогатата личност на светот и уживав“, се пошегува подоцна 29-годишната козметичарка од Нотингем.

Таа додаде дека персоналот во кафулето бил збунет, а еден коментираше: „Никогаш порано не сум видела таков број“.

Софи додаде дека ја фотографирала сметката и му ја испратила сликата на својот партнер.

Купила уште едно кафе

„Урнебесна ситуација! Не се гледа нешто вакво многу често“, рече таа.

Иако за момент беше „побогата“ од Илон Маск и Бил Гејтс - и многу пати повеќе, таа нагласува дека не помислила да ја злоупотреби добиената грешка.

Единственото нешто што го направила е да купи друго кафе со истиот ваучер, објавува Би-Би-Си.

Како се случила грешката?

Претставник на кафулето објаснил дека неверојатната сума на сметката била „административна грешка“. Имено, бројот на подарениот ваучер бил внесен на касата, а не преостанатиот износ.

„Како резултат на тоа, на клиентот му била издадена сметка што сугерирала дека на картичката имало значително повеќе пари отколку што всушност било случај. Подоцна, била издадена точната сметка“, додаде тој.

Софи може да се пошегува дека - барем на хартија - таа е „најбогатата личност на светот“, додека сите околу неа уживаат во апсурдноста на ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер