Доаѓа побрзо отколку што мислите: Електричен „Porsche Cayenne“ со 1.000 коњи! (ФОТО) - Канал 5

Доаѓа побрзо отколку што мислите: Електричен „Porsche Cayenne“ со 1.000 коњи! (ФОТО)

„Porsche“ потврди дека следната недела ќе го претстави долгоочекуваниот „Cayenne Electric“, кој, според првичните информации, ќе понуди до 1.000 КС.

Доаѓа побрзо отколку што мислите: Електричен „Porsche Cayenne“ со 1.000 коњи! (ФОТО)

Продажбата ќе започне на почетокот на 2026 година, а електричниот „SUV“ ќе им се придружи на моделите „Taycan“ и „Macan Electric“ во растечката електрична гама на „Porsche“.

За разлика од „Macan“, кој целосно ја замени бензинската верзија во многу земји, новиот „Cayenne Electric“ ќе се нуди паралелно со постоечкиот модел со мотор со внатрешно согорување. „Porsche“ игра на сигурно на овој начин, бидејќи побарувачката за електрични возила расте побавно од очекуваното, објавува „Autocar“.

Четвртата генерација на „Cayenne“, која пристигнува 22 години по премиерата на оригиналот, според фабриката „поставува нови стандарди во „SUV“ сегментот“.

Моделот е базиран на архитектурата „800V Premium Platform Electric“ на „Volkswagen“, истата што ја користат „Porsche Macan Electric“ и „Audi Q6 E-tron“.

„Cayenne EV“ ќе биде различен од неговата бензинска верзија - ќе има поаеродинамичен преден дел, прозорци без рамка и скриени рачки на вратите.

Долг е 4.979 mm, што е за 49 mm подолго од сегашниот „Cayenne“. Платформата овозможува меѓуоскино растојание од 3.020 mm, 35 mm подолго од бензинската верзија. По „SUV“ верзијата, следната година ќе следи поелегантна купе варијанта.

Батеријата од 108 kWh треба да обезбеди автономија од повеќе од 600 km, а благодарение на полначот од 400 kW, полнењето од 10 до 80% ќе трае само 16 минути. Ова ќе биде и првиот „Porsche“ способен за безжично полнење.

Погонот е составен од два синхрони електрични мотори (по еден на секоја оска) со вкупно до 1000 КС.

Внатре, новиот „Cayenne“ ќе има најсеопфатен дигитален кокпит во историјата на брендот, вклучувајќи голем заоблен централен дисплеј.

„Cayenne Electric“ ќе го има своето прво јавно појавување на фестивалот „Icons of Porsche“ во Дубаи, неколку дена по неговата глобална премиера.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер