3Ѕвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо Јаневски
АвтомобилизамДоаѓа најголемата Дачија, еве колку ќе чиниДачија Бигстер би можел да го раздрма европскиот пазар на теренци со својата пристапна цена.Дачија во октомври го претстави својот нов СУВ и најголемиот модел во гамата, а сега се објавени и цените на некои европски пазари. Овој семеен теренец (долг 457 см, со зафатнина од 667 литри на багажникот) во Австрија започнува од 23.990 евра, што е многу конкурентна цена за оваа категорија возила. Интересна е и цената за хибридниот модел кој чини 27.990 евра. Бигстер е достапен во три нивоа на опременост: „Expression“ и две врвни верзии со различни елементи – „Extreme“ (за оние кои претпочитаат изглед на теренско возило) и „Journey“ за клиенти кои ја ценат удобноста и стилот, со електричен отвор на багажникот, ексклузивен амбиент и електрично прилагодливо возачко седиште. Почетната цена е за „TCe 140“, кој комбинира нова генерација на 1,2-литарски трицилиндричен турбо-бензинец со 48-волтен благ хибриден систем. Дачија Бигстер е, исто така, првото возило на Рено групацијата кое се испорачува со нов хибрид од 155 КС со автоматски менувач и е достапен за сите три нивоа на опременост. Конечно, тука е „TCe 130 4×4“, достапен во нивоа опременост „Expression“ и „Extreme“. Тој е опремен со систем за погон на сите тркала во комбинација со 6-брзински мануелен менувач и 48 V благ хибриден систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелјиШефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ. Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на докази за државниот пазарен инспекторатСудењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат.Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „се одвива во судницата во „Идризово“. Обвинителството презентира материјални докази, вклучувајќи документи и снимки кои откриваат пропусти во безбедноста и контролите од институциите. “, во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЅвездено небо и „Некогаш и негде“ пред платото на „Борис Трајковски“ – последен поздрав за Владо ЈаневскиДенеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан македонскиот пејач и автор, Владо Јаневски. Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Јаневски за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на градските гробишта во бутел во периодот од 10 до 11 часот. Синоќа пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, кој почина во неделата на 66-годишна возраст. Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач. Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја најголемиот хит на Јаневски, „некогаш и негде“. Присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter