3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаДО „ВЕДЕТИТЕ“ НА 1ТВ: НЕЛИ ВИ БЕШЕ НЕШТО ТРУЛО ВО „ДРЖАВАТА ДАНСКА“?Македонскиот медиумски регулатор ги потврдува огромните сомневања на медиумската заедница дека можеби незаконски се работело во 1ТВ1ТВ лани, во 2018 год, од реклами, кои патем видовме на каков начин биле „обезбедени“, приходувала околу 550 илјади евра што е премалку да се покријат основните тековни трошоци а да не зборуваме за набавка на програма, хонорари плати и сл. Дополнително, дури сега јавноста ќе треба да го добие одговорот на прашањето - Зошто Сашо Орданоски има(ше) безбедносен сертификат на ниво на ДРЖАВНА ТАЈНА? Дали можеби истиот бил „злоупотребуван“ и за рекетите , и дали има евентуална вмешаност и на новинарски „ведети“ во овие криминални дејанија? Останува крајно чудно, како познатите новинарски „ведети“ од калибарот на Јадранка Костова,Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Сашо Орданоски и Ацо Кабранов не ги забележувале следниве очигледни „аномалии“: Зарем драги колеги од 1ТВ , нели ви беа чудни енормните ваши хонорари, настрана озборувањата дека ви доаѓале на друг , „интересен“ начин? Нели ви беше чудно дека одредени компании се рекламираат само на 1ТВ иако телевизијата имаше најмал рејтинг од сите други ТВ станици ( мизерни 1 % SHR )? Скоро сите вие „ѕвезди“ работевте во големите медиуми, и сигурно знаете како се делат парите од клиентите, сигурно не поради убавината на вашиот , сега осомничен, псеудо-сопственик Колку долго требаше да ги покривате очите за да не ги видите луксузите на вашиот „сопственик“ Бојан Јовановски? Како е возможно барем еднаш да не се посомневавте како ги обезбедува сите тие силни луксузи платени со огромни пари а при тоа да знаете дека Боки 13 има блокирана трансакциска сметка? Се срамите ли сега од интервјуата што ги правевте со него, во кои го величевте „неговиот лик и дело“ а при тоа, помалку, онака бенигно, му дозволувавте да ги навредува колегите од реално поголемите ТВ компании? Нели ви беше незгодно за големиот Христијански празник, Божик , да правите интервју со вашиот самонаречен Сопственик, иако во тој момент знаевте за сите овие гореспоменати аномалии? Дополнително, синот на Катица Јанева одеднаш станува прв човек во вашиот правен сектор,па се прашуваме - замислите тоа момче да се вработеше во некоја од водечките ТВ компании, каква ќе беше вашата реакција? А сега дознаваме дека Јадранка не била никаков уредник воопшто,доаѓала само петочки, онака „спортски“, Ацо Кабранов пак, единствениот гл. и одг. уредник на месечен хонорар ( ??? ) тврди дека Боки 13 не се мешал во уредувачката политика, Борјан пак сите камења почна да ги фрла кон Катица Јанева, а само Сашо Орданоски, со безбедносниот сертификат во рацете , се уште мудро си молчи, и сигурно си чека. Што си чека, само тој си знае И денес, имаме „2 во 1“ ситуација. Чомовски, во радио-емисијата Стадион на Столе Наумов, вели : „ Ние сме се слушале со него ( Боки 13 н.з. ) еднаш до два пати денвно во просек, да се договориме за емисиите и слично“. Значи, сепак сите биле заедно креатори на уредувачката политика, заедно со Боки 13 на чело. Сепак, не биле толку НЕЗАПОЗНАЕНИ со случувањата во и околу телевизијата Шлагот на нивната „ведетска“ торта вчера го стави Борјан Јовановски „ведетата“ на 1ТВ, кој не можеше да го издржи „реванш-постот“ на нашиот гл. уредник на Информативната Редакција, Гоце Михајлоски , па преку коментари на FB си дозволи повторно да го клевети и навредува. Дали самиот Борјан ја увиде инфантилноста на своите коментари, или пак некој посериозен му дал пријателски совет, по кратко време, истите самиот и си ги избриша. QUO VADIS VEDETTES?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook