До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици - Канал 5

До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици

Општина Кисела Вода прави сериозни чекори во насока на енергетска ефикасност, заштита на животната средина и модернизација на образовните установи. 

До средината на мај сите училишта во Кисела Вода ќе имаат фотоволтаици

Во рамки на проектот за поставување на фотоволтаични системи во сите основни училишта, веќе се инсталирани он-грид панели со капацитет до 20 киловати во четири училишта: ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ООУ “Партенија Зографски”, ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ и ООУ„Круме Кепески“.

Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, активностите продолжуваат со засилено темпо, со цел до средината на месец мај сите основни училишта во општината да бидат целосно опремени со сопствени фотоволтаици, што ќе ги направи енергетски ефикасни и финансиски одржливи институции.

-Сите училишта во Кисела Вода добиваат фотоволтаици! Продолжуваме со унапредување на енергетската ефикасност и одржлив развој во училиштата во нашата општина. Досега, фотоволтаични системи се поставија во ООУ 'Кирил Пејчиновиќ', ООУ “Партенија Зографски”, 'Кузман Јосифовски-Питу' и 'Круме Кепески', а до средината на месец мај сите училишта на територијата на Кисела Вода ќе бидат енергетски ефикасни“, истакна градоначалникот.

Со поставувањето на овие фотоволтаици, училиштата ќе генерираат сопствена електрична енергија, што ќе значи значителна заштеда на финансиски средства, кои досега се трошеа за сметки за струја. Овие средства, отсега ќе се користат за подобрување на условите за настава и подобрување на целокупниот воспитно-образовен процес. Покрај тоа што директно се намалуваат трошоците, овој проект има и еколошка димензија, бидејќи се намалува зависноста од фосилни горива и се придонесува за чиста и здрава животна средина.

-Со поставувањето на овие он-грид фотоволтаични системи до 20 KW, правиме огромен чекор кон заштеда на енергија, намалување на трошоците и зачувување на животната средина. Тоа пак, значи и дека средствата кои досега се трошеа за електрична енергија ќе се пренасочат во подобрување на наставните услови и процесот на образование-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

Проектот е реализиран со поддршка од повеќе институции, вклучувајќи ја Владата на Република Македонија, Министерството за образование, како и Бирото за регионален развој и Скопскиот плански регион, за што градоначалникот изрази јавна благодарност.

-Изразувам огромна благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за образование, БРР и Скопски плански регион, како и до сите институции кои придонесоа за реализацијата на овој значаен проект. Истиот е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за модернизација на јавната инфраструктура, еколошка одговорност и подобрување на квалитетот на живеење. Во изминатите три години, општината стана водечки пример за енергетски и урбан развој, инвестирајќи во училишта, градинки, спортски комплекси, дигитализација, како и капитални проекти кои директно го подобруваат животот на граѓаните. Нашата визија за модерна и еколошки одговорна општина продолжува-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно провоцира

Легендарната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно ги воодушеви фановите со фотки во бикини коие се чиста провокација. 

Фото: Хајди Клум повторно провоцира

Летото е во полн ек, што значи дека Хајди Клум сè уште има време да ги покаже различните модели на костими за капење што ги подготвила за ова лето.

Појавувањето на фаталната русокоса е чиста провокација, градите ќе и излетаат од бикинито.

Позната по своите заводливи облини и по тоа што нема проблем да се разголи пред своите обожаватели, манекенката Хајди Клум повторно го почести светот со жешки летни фотографии.

Неодамна беше фотографирана на островот Сент Бартелеми, а благо кажано, со своето издание таа ја разгори фантазијата на многумина.

За време на фотографирањето, познатата убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење.

За време на снимањето, славната убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење.

Фотографиите се проширија на социјалните мрежи со брзината на светлината, а јавноста имаше можност да ужива во заводливите облини на славниот топ-модел од 90-тите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Снимател доби отказ поради неа!

Винифер Фернандез долги години важи за една од најубавите и најатрактивни спортистки на светот. 

Видео: Снимател доби отказ поради неа!

Но, таа исчезна преку ноќ: Каде е и што прави најубавата одбојкарка на светот?

Во изминатите осум години, познатото видео од потезите на Винифер Фернандез на YouTube собра дури 15 милиони прегледи.

Ретко кој не ги видел нејзините фотографии што го преплавија интернетот во 2016 година.

Таа се најде на насловните страници ширум светот, многумина ја прогласија за најубава, односно најатрактивна одбојкарка на планетата, а потоа речиси преку ноќ исчезна од центарот на вниманието.

Во изминатите осум години, познатото видео со нејзините потези на YouTube собра дури 15 милиони прегледи.

Винифер Марија Фернандез (30), одбојкарка од Доминиканската Република, во тој период важеше за една од најпопуларните спортистки во светот.

Речиси и да немаше човек што не ги виде нејзините фотографии кои ги преплавија социјалните мрежи и интернетот, но потоа таа одеднаш исчезна од очите на јавноста. Последниот клуб за кој настапуваше беше „Карибењас“, а со години беше една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата на Доминиканската Република. Иако денес не е толку присутна во медиумите како порано, на Инстаграм ја следат повеќе од 65.000 луѓе.

YouTube video

Винифер е висока 169 сантиметри и тешка 62 килограми, а додека играше на Куба, се случи интересна анегдота според која еден снимател наводно добил отказ бидејќи, наместо да го сними одлучувачкиот поен во натпреварот, ја насочил камерата кон младата Винифер Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Првиот целосно електричен модел на Ferrari, Luce, можеби не ги освои симпатиите на љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа не ги спречи купувачите да резервираат речиси секој планиран примерок.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Иако моделот се соочи со критики во врска со дизајнот и преминот на Ferrari кон електричен погон, првичната серија на производство е веќе целосно распродадена.

Ова потврдува дека јавното мислење не секогаш се совпаѓа со желбите на купувачите кои можат да си дозволат огромни суми за ексклузивни автомобили.

Повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, Financial Times известува дека Ferrari планирало да продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот Luce во текот на првата година, пренесува Računalo.com.

Според извештаите, целата планирана серија на производство за првата година била распродадена уште на почетокот на овој месец, и покрај почетната цена од 550.000 евра (без данок).

Иако Ferrari ги демантираше тврдењата дека купувачите мора да го нарачаат моделот „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, многумина сметаат дека овој фактор можеби придонел за големата побарувачка.

Наводно, од дилерите било побарано да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на Ferrari да го купат „Luce“, туку да се фокусираат на нови купувачи – особено на богати клиенти во Кина и во технолошките центри како Силиконската долина, каде што електричните автомобили веќе се широко прифатени.

Се чини дека оваа стратегија дава резултати. Според „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Ferrari планира да продаде приближно 2.500 примероци од моделот „Luce“ до 2030 година, што изнесува околу 600 возила годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер