До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос - Канал 5

До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

Сите патишта доцна синоќа водеа кон плоштадот „Омонија“, каде што илјадници поддржувачи на атинскиот тим славеа до раните утрински часови.

До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

Навивачите на Панатинаикос, кои не отпатуваа на „Фајнал фор“ на кошаркарската Евролига во Берлин и финалето со Реал Мадрид го следеа во Атина, веднаш по освојувањето на седмата европска титула славеа во центарот на грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Сите патишта доцна синоќа водеа кон плоштадот „Омонија“, каде што илјадници поддржувачи на атинскиот тим славеа до раните утрински часови.

Делови на Атина беа речиси блокирани од автомобили што со развиорени знамиња и свирења се упатуваа кон центарот на градот, а навивачите првично се собраа пред стадионот на Панатинаикос.

Кошаркарите на Панатинаикос околу 14 часот се очекува од Берлин да пристигнат во Атина, а според најавите од аеродромот ќе заминат за Олимпискиот стадион каде што ќе бидат пречекани од навивачите.

Во вчерашното финале на Евролигата, Панатинаикос со 95:80 го совлада Реал Мадрид и ја освои седмата титула во историјата, прва по 2011 година.

Преку социјалните мрежи, грчкиот премиер, лидерите на партиите, министри од Владата, ја честитаа победата и шампионската титула на Панатинаикос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин

​Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи.

Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин

Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите.

Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин.

Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници.

Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност.

Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници.

Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово.

Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти.

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор

За првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.

МФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор

Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите.

Со организирањето на националниот испит, за првпат преку Министерството за финансии се воспоставува национална сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, со што се создаваат услови за натамошно професионализирање и зајакнување на оваа значајна функција во институциите.

Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите на Министерството за финансии за зајакнување на механизмите за борба против корупцијата и обезбедување законско и одговорно работење на субјектите од јавниот сектор.

Воспоставувањето на националниот испит е значајно и од аспект на европскиот интегративен процес. Со неговото организирање се прави чекор кон целосна реализација на препораките на Европската Унија во овој сегмент од Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а воедно се придонесува и кон успешна реализација на следните чекори од Реформската агенда во оваа област.

Материјалите за подготовка и прашањата за испитот веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.

Испитните материјали се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Министерството за финансии – Централната единица за хармонизација. Министерството ја изразува својата благодарност до Европската Унија за поддршката во реализацијата на овој значаен процес.

Министерството за финансии во периодот што следи навремено ќе ја информира јавноста за следните чекори во процесот на организирање и спроведување на испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот, заинтересираните може да се обратат до Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија се сомнева во измама: 17.000 респиратори купени за време на КОВИД

Унгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава до обвинителството поради сомнение за измама и други кривични дела поврзани со купувањето респиратори во 2020 година.

Унгарија се сомнева во измама: 17.000 респиратори купени за време на КОВИД

Спорната набавка е извршена за време на пандемијата на коронавирусот за време на мандатот на поранешната влада, а информациите ги потврди и министерката за надворешни работи Анита Орбан, објави Ројтерс.

Истрага за купувањето вредно 826 милиони евра

Орбан им објасни на новинарите дека жалбата се однесува на купувањето на речиси 17.000 респиратори, чија вкупна вредност достигна 300 милијарди форинти (826 милиони евра). Таа нагласи дека министерството тогаш купило илјадници вишок уреди по надуени цени, кои во реалноста не можеле да се користат.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер