Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
2Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
МакедонијаДо крајот на месецов треба да заврши санацијата на пругата меѓу Лисиче и ДрачевоНајдоцна до крајот на месецов работите целосно ќе бидат завршени, по што возовите повторно ќе сообраќајат и помеѓу станиците Драчево и Лисиче.Екипи на ЈП Македонски железници инфраструктура веќе 51 ден работат на санација на насипот на пругата кај Маркова Река, каде на 2 април годинава поради поројниот дожд и дотечената Маркова Река беше однесен дел од насипот, каде е поставена железничката пруга, на делницата помеѓу станиците Лисиче и Драчево. Поради тоа возововите на релација Велес - Скопје и обратно веќе 51 ден не возат на оваа делница туку кон станицата Трубарево поради што патувањето од Велес и Скопје и обратно место вообичаените 45 минути е двојно зголемено, до два часа и повеќе. Поради оваа состојба до ЈП Македонски железници инфраструктура секојдневно се жалат патници, а посебно учениците и вработените од Велес со месечни карти, кои не можат на време да стигнат на работа и факултет во Скопје. Патниците, како што велат, биле принудени и возот го заменија со патување со автобус или друг превоз. На доцнењето на возовите поради предолгата санација секојдневно се жалеа и патниците од Прилеп, Битола и Гевгелија кои редовно или повремено патуваат со воз. Од ЈП МЖ инфраструктура информираат дека работите на насипот беа повеќепати стопирани поради обилните дождови изминатите недели, но додаваат дека сега се продолжени и треба да завршат најдоцна до крајот на мај и од почетокот на јуни возовите повторно да сообраќаат на делницата Драчево - Лисиче, со што ќе се намали времето на патување меѓу Велес и Скопје и обратно. Тие првично најавија дека до денеска треба да се санира долниот строј, а вработените во Лабораторија надлежна за проверка на стисливоста на долниот строј дека денеска треба да изврши контрола. Попладнево од ЈП МЖ инфраструктура информираа дека работите се уште не се завршени, се пролонгирани и за овој викенд и треба да завршат до идната недела. Потоа треба да почнат работите за санирање на горниот строј, односно поставување шини, прагови и толчаник. Од ЈП МЖ инфраструктура повторно потенцираа дека најдоцна до крајот на месецов работите целосно ќе бидат завршени, по што возовите повторно ќе сообраќајат и помеѓу станиците Драчево и Лисиче.Тагови: воз пруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаМЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледиМинистерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето. Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРадеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварИма нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија. Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал. Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози. Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните. Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. И повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: • Христијан Мицкоски; • Сашо Клековски; • Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал. Прес конференција на Елена Радеска, СДСМТагови: Радеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литарТрговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%. Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм) Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. РКЕТагови: горивата РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter