МакедонијаДо доцна во ноќта се славеше победата на Јовановски во Кичево По 12 години „падна“ Фатмир Дехари во Кичево. Неизвесноста која траеше неколку недели, стануваше се помала со секоја нова информација за резултатот и извиците на радост од просториите на ВМРО-ДПМНЕ, кои се прелеваа и кај насобраните симпатизери пред штабот. Секоја минута се собираа се повеќе граѓани, па центарот на градот набргу беше премал за луѓето кои се собраа, а победата на лекарот Александар Јовановски ја означија зурлите и тапаните.. „Нормално, позитивна атмосфера, зошто да не? После 12 години редно беше да се смени нешто, се надеваме на добро.“ На крајот, Јовановски освои 14.200 гласови, 2.500 повеќе отколку во првиот круг.. Дехари освои повеќе од двојно во однос на првиот, но сепак недоволно за пресврт. „Кичево било и ќе остане пример за соживот“ – а, тоа да се наруши не помогнале велат ниту авионите, ниту автобусите од дијаспората, порачаа граѓаните кои очекуваат градот конечно да го врати својот сјај. На плоштадот набргу немаше каде „игла да падне“. На платото до музејот почна да се поставува бина од која ечеа народни песни– насобраните во славеничка еуфорија и со по некоја лименка пиво ги чекаа првите зборови на новиот градоначалник Јовановски. Прославата кулминираше околу полноќ, кога во Кичево дојде и лидерот на партијата, Мицоски, и задно со Јовановски се обратија до насобраните. „Кичево денеска гласаше за слобода, Кичево денеска се ослободи од човекот кој што се богатеше на грбот на кичевчани. Кичево доби татко, сопруг, доктор, но и она кое што најмногу го доби Кичево, тое е едно сплотување и обедување. / Кичево е една интересна средина каде се испреплетуваат многу култури, многу вери и многу нации, но затоа сме богати, затоа имаме убав живот, не сакам соживот да кажувам, сакам живот, ние убаво живееме и ќе продолжиме да живееме уште поубаво, од утре ќе светне силен ден.“ Претходно Мицкоски ја посети и Брвеница – каде исто така по тесната битка со Вреди, имаше славеничка атмосфера. И од таму најгласни беа пораките за соживот, против етничките поделби. „Докажавме дека Брвеница е за соживот, не е за омраза, за етнички поделби, докажавме дека сме мултиетничка општина и ќе останеме./ Им благодарам апсолутно на сите кои застанаа позади овој концепт, на идејата на обединувањето и заедништвото и само така, ние, Македонија, Брвеница можеем да чекориме напред.“ Фатмир Дехари беше градоначалник на Кичево од 2013 година, кога почна одложената примена на новата територијална поделба со која кон градот беа споени околните села и општината стана со доминатно албанско население. Тој по поразот синоќа не даде изјава, единствено пред преку својот приватен профил на фејсбук се заблагодари на дијаспората што му дала поддршка. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаНБМ: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и РесенДенеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки. Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели. Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти, соопштуваат од НБМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28