До 4 мај пријавување за бесплатна работилница за млади фотографи - Канал 5

До 4 мај пријавување за бесплатна работилница за млади фотографи

Млади фотографи од земјава, на возраст од 21 до 35 години, до 4 мај можат да аплицираат на бесплатната менторска програма „OUT OF FRAME“ во Скопје. Работилниците ќе се одржуваат од 12 до 30 мај 2025 година во Музејот на Град Скопје.

До 4 мај пријавување за бесплатна работилница за млади фотографи

Линкот за пријавување е: https://forms.gle/eHYKeCwiz27PPMsM7

Како што информира Музејот на Град Скопје, Центарот за развој на фотографија од Белград во соработка со Музејот на Град Скопје ги кани младите да бидат дел од регионалниот проект кој ги собира експертите и фестивалските фотографии од Србија, Црна Гора и Македонија.

- Работилниците се фокусираат на моќта на документарната и ангажирана фотографија, но ги прати и современите предизвици – од етика во ерата на вештачката интелигенција, до дигитална видливост и преглед портфолија, стои во соопштението.

Работилниците се наменети за сите кои се занимаваат со фотографија – студенти, членови на фото-клубови, самоуки автори кои објавувале или кои досега не објавиле свои дела. За учество во оваа програма, како што се наведува, е поважна сериозна мотивација и желба за професионален развој од нивото на кое сте во моментов.

Предвидени се 10 работилници со искусни предавачи и ментори, меѓу кои се Александра Ристовска, Владимир Јовановски и Сашо Алушевски. Гостин предавач ќе биде Звездан Манчиќ, директор на Меѓународниот фестивал на фотографија VIZUALIZATOR од Белград и претседател на Центарот за развој на фотографијата.

Работилниците се дел од меѓународниот проект „OUT OF FRAME: Промовирање на нови перспективи преку фотографијата“, кој ги поврзува фотографските фестивали и автори од Србија, Црна Гора и Македонија, во рамки на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, финансиран од Европската унија и спроведен со поддршка на British Council. CC4WBs има за цел поттикнување на дијалогот на Западен Балкан преку унапредување на културниот и креативниот сектор за зголемување на општествено-економското влијание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)

Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.

Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)

Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел.

Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот.

Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храброст

Во Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.

Сиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храброст

Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа.

Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од Белград

Александар Вучиќ прв пат по 14 години власт, е исправен пред сериозен испит – утрешните вонредни парламентарни избори.... 

Србија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од Белград

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, каква е атмосферата на нешто повеќе од 12 часа до отворањето на избирачките места? Се чувствува ли некаква тензија на улиците?

Србите ќе избираат меѓу 18 листи, но веќе е јасно дека главната битка ќе се води меѓу владејачката Српска напредна странка и Студентската листа.. Кој од нив повеќе може да се надева на победа?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер