Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка
1Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
2ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка
3Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
ЖивотДо 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовитеКон средината на 20. век само триесет проценти од светското население живеело во метрополите, додека денес речиси 50 проценти.Обединетите нации прогнозираат дека до 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовите, а до 2020 година дека во светот ќе има 27 мегаполиси со над десет милиони жители. Според извештајот за светското население на ОН во 2016 година, најмногу жители има Токио (Јапонија) со 37,9 милиони луѓе, на второ место е Џакарта (Индонезија) со 31,8 милиони, а следат Делхи (Индија) со 26,5 милиони, Манила (Филипини) со 24,2 милиони и Сеул (Јужна Кореја) со 24,1 милиони жители во метро делот. Најгусто населени градови сe Дака (Бангладеш) со 45.700 жители на километар квадратен, Могадишу (Сомалија) со 26.800 жители, Хидерабад (Пакистан) со 26.300 жители, Мумбај (Индија) со 26.000 жители и Хонг Конг (Кина) со 25.700 жители на километар квадратен. Според истражувањето на ОН, најбрзорастечки градови во светот до 2025 година ќе бидат Зингер (Нигер) со 67,6 проценти раст, Буџумбура (Бурунди) со 67,4 отсто, Лохоре (Нигерија) со 65,4 проценти, Уагадугу (Буркина Фасо) со 61,9 отсто и Мванза (Танзанија) со 60,9 проценти раст. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија на крајот на 2016 година бројот на жители изнесувал 2.073.702. Најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години. Како резултат на намалувањето на стапката на наталитетот и на зголемувањето на стапката на општиот морталитет, стапката на природниот прираст изнесува 1,2 отсто (на илјада жители) во 2016 година. Густината на населението изнесува 80,6 жители на километар квадратен. Во 2016 година, во Република Македонија, 8.887 лица ги промениле местото и адресата на своето живеење, а салдото на надворешните миграции изнесува 2.144 лица. Скопје како главен и најголем град во Македонија претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар во земјата. Ако во 1914 во Скопје живееле само 47.384 жители (во скопската околина 51.364 жители), со пописот во 2002 година беа изброени 506.926 жители. Со оглед на тоа дека попис на населението не е направен 14 години, а градот забрзано расте, се претпоставува дека сега бројот на жители е многу поголем од оној во 2002 година. Според новата територијална организација и припојување на општините Сарај и Кондово, градот Скопје има 668.518 жители, каде околу 15 проценти од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на општина Сарај. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според проценките на МАТСТАТ, Градот Скопје има 811.045 жители во 2015 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОтчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“Под слоганот „Кисела Вода, заедно секој ден“, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес го презентираше отчетот за сработеното во првата година од нејзиниот мандат. Како што истакна таа, уште од првиот ден нејзиниот основен принцип на работа е општината да не се раководи од изолирана канцеларија, туку директно од терен, низ постојан, отворен и искрен дијалог со граѓаните. Нејзиното управување, цврсто се темели на целосна законска издржаност, апсолутна транспарентност и брзо, ефикасно решавање на проблемите кои произлегуваат директно од секојдневните потреби на жителите. Во својот отчет, градоначалничката посочи дека изминатиот период Општина Кисела Вода се зацврсти како ефикасен сервис кој испорачува реални резултати, без да маргинализира ниту една населба и населено место. Како клучни достигнувања во делот на инфраструктурата, беа посочени реализацијата на над 10 километри нов асфалт, поставувањето на 4,5 километри нова водоводна мрежа, како и изградбата на 1.200 метри атмосферска и 800 метри фекална канализација. Дополнително, на целата територија се заменети 4.900 стари светилки со ново ЛЕД осветлување. Целосно се реконструирани сообраќајниците „Ѓорѓи Димитров“, „Саса“ со сите нејзини краци во Пинтија, „Томе Арсовски“, „Жил Верн“, улиците „527“, „Герника“, „Речиште“ и дел од „Киро Фетак“. Во делот на подземната инфраструктура, изградена е нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“, додека еден од најзначајните проекти е почетокот на изградбата на новиот водовод со резервоар во населбата Каменик. Нов крак од фекалната канализација е изведен во Пинтија, во тек е изградба на фекална мрежа во Бабин Дол, додека нова атмосферска канализација е поставена на улицата „Томе Арсовски“, паралелно со капиталната реконструкција на атмосферскиот „Црн Канал“ во Драчево. Се прави темелна реконструкција на објектите на месната заедница Пинтија и месната заедница Драчево, кои се наоѓаат во завршна фаза на реализација. Особено внимание е посветено на воведувањето нови стандарди во комуналната хигиена. Системски се исчистени над 100 диви депонии од кои се собрани повеќе од 150 тони отпад, а воведено е и континуирано подигнување на кабастиот отпад директно од домовите на граѓаните. За првпат се поставени специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, основните училишта и градинките, каде веќе се собрани над 10 тони. Во однос на грижата за најмладите, Стаменкоска Трајкоска информираше дека се отворени две нови градинки, „Верверичка“ и „Ѕвездички“, додека изградбата на третата нова градинка во Расадник е во завршна фаза. Паралелно се реализира и доградба на нови училници во основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Континуирано се модернизираат сите училишта, па така во ООУ „Партенија Зографски“ комплетно се реновирани тоалетите, вклучувајќи и нов тоалет за инвалидни лица и поставена е нова интернет мрежа; во ООУ „Круме Кепески“ целосно е реновирана училишната кујна и трпезарија; а во подрачното ООУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е реализирана целосна енергетска реконструкција. За поддршка на семејствата, општината обезбеди 5.500 бесплатни комплети училишни униформи за сите основци и 550 целосно опремени ранчиња за сите првачиња. На планот на спортот, како круна на заложбите се издвојува целосната обнова на култната спортска сала „Расадник“, која по децении запоставеност им е вратена на граѓаните, проект реализиран преку Министерството за спорт. Покрај ова, пуштена е во употреба и новоизградената спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, а паралелно, во соработка со Министерството за образование и наука, се гради новата сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и се врши темелна реконструкција на спортските сали во централните училишта „Круме Кепески“ и „Кузман Шапкарев“. Општина Кисела Вода покажа и силен капацитет во социјалната заштита преку исплата на 12.000 денари за секое новороденче, финансиска поддршка од 10.000 денари за возачки дозволи за матурантите, како и преку воведувањето на системски бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата во соработка со Асоцијацијата „ГАСПАР“ и Здружението „Ајнштајн“. Дополнително, грижата за граѓаните и за енергетската ефикасност се потврдува преку редовните субвенции за набавка на пелети, печки на пелети, како и субвенции за обнова на фасади. Културниот живот беше издигнат на високо ниво преку првиот детски музички фестивал „Киселко“ и домаќинството на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во двете кино сали на територија на општина Кисела Вода отворени во соработка со “Киноверзум”. Во сферата на културното наследство, при археолошките ископувања во соработка со Националниот археолошки музеј и Конзерваторскиот центар - Скопје, откриен е доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упати особена благодарност за институционалното партнерство и поддршката, нагласувајќи дека ваквиот интензивен развој бара вистинска соработка. Таа изрази искрена благодарност до Советот на Општина Кисела Вода и до претседателката Светлана Колариќ, до сите советници кои недвосмислено го поддржаа растот на општината и застанаа зад добрите проекти, како и до општинската администрација, чиј труд и секојдневна посветеност ги реализираат овие процеси. Беше истакнато дека огромен дел од овие капитални проекти се изведени благодарение на силната и безрезервна поддршка од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Градот Скопје. Но, пред и над сè, како што е наведено во отчетот, најголемата благодарност им припаѓа на граѓаните, бидејќи сите овие дела се директен резултат на предлозите и заедничката работа со нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банкаПаника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Лагите на Венко Филипче и СДС околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина. Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДС. Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Уште во 2023 година владата на СДС и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Затоа Филипче и СДС се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија. П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПред „Ламборџини“ и „Ферари“, полицијата во ОАЕ го имаше ова „Порше“ (ФОТО)Историскиот модел „Порше 924“, кој некогаш го користела полицијата во Обединетите Арапски Емирати, е реставриран.Денес, полициските возила во Обединетите Арапски Емирати се познати по своите егзотични модели – од суперавтомобили до електрични возила со високи перформанси. Сепак, традицијата на користење спортски автомобили за полициски цели започнала пред речиси половина век – со моделот „Порше 924“. Компанијата „Порше“ штотуку заврши темелна реставрација на ова историско возило, која ја изведоа експерти од центрите на „Порше“ во Абу Даби и Ал Аин. Произведен во 1979 година, овој автомобил бил првиот спортски модел во возниот парк на федералната полиција на ОАЕ. Неговата конкретна задача била да ја придружува кралицата Елизабета Втора за време на нејзината прва официјална кралска посета на тогаш новата држава. За време на реставрацијата, посебно внимание било посветено на враќање на автомобилот во неговата првобитна состојба. Полициските ознаки не биле направени со помош на налепници, туку биле исцртани рачно, исто како што биле и на оригиналното возило. Реставрираниот „Порше 924“ ќе има јавно деби на фестивалот „Икони на Порше“ (Icons of Porsche) во Дубаи, на 21 и 22 ноември. Потоа, автомобилот ќе биде изложен во музејот „Ал Макта“ во Абу Даби. Моделот што ја промени историјата на „Порше“ „Порше 924“ беше претставен во 1976 година, а првично бил развиен за „Фолксваген“ како наследник на моделот „VW-Porsche 914“. Кога „Фолксваген“ се откажа од проектот во 1974 година, „Порше“ го презеде развојот и го претвори во свој, подостапен спортски автомобил. Тоа беше првиот сериски модел на „Порше“ со мотор поставен напред и систем за водено ладење. Дволитарскиот четирицилиндричен мотор – преземен од „Ауди“ – развива 123 коњски сили. Менувачот и диференцијалот биле поставени назад, што овозможило порамномерна распределба на тежината и подобри возни карактеристики. И покрај почетните критики од традиционалните љубители на брендот, моделот 924 доживеа комерцијален успех. Понудата подоцна беше проширена со верзиите „924 Turbo, Carrera GT“ и „Carrera GTS“, а моделот исто така послужи како основа за развојот на „944“. Производството заврши во 1988 година, при што беа изработени приближно 325.000 примероци од 924 и неговите варијанти. Извор: Б92Тагови: ОАЕ Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook