Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
1Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
АвтомобилизамДо 2030 година Фолксваген планира згаснување на дури 50.000 работни места Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блуме, денес објави значително намалување на производствениот капацитет за уште еден милион возила, откако изјави дека претходните планови за продажба станале нереални во сегашните пазарни околности.Компанијата веќе го намали капацитетот во Кина за еден милион автомобили годишно, додека во Европа, првенствено во брендовите „Фолксваген“ и „Ауди“, дополнителни намалувања треба да се спроведат до 2028 година. „На овој начин, ќе преминеме од инвестициски капацитет од над 12 милиони на одржливи девет милиони возила годишно“, објасни Блуме во интервју за германскиот магазин „Менаџер“. Тој потсетува дека од пандемијата на коронавирусот, околу девет милиони автомобили се продадени глобално годишно, додека во 2019 година таа бројка изнесувала 11 милиони. Блуме нагласи дека „Фолксваген“ постигнува „напредок во намалувањето на фабричките трошоци што никогаш порано не е виден во компанијата“, но дека вишокот капацитет сè уште претставува огромен финансиски товар. Оваа стратегија ги следи веќе договорените мерки за заштеда во „Фолксваген“. На крајот од 2024 година, менаџментот се согласи со работничкиот совет да намали 35.000 работни места во Германија, објави „Ханделсблат“. На ниво на целата група, која вклучува и брендови како што се Порше и Ауди, се планира да се намалат вкупно 50.000 работни места до 2030 година.Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook