До 20 септември „Геге Куп“ во фудбал во Ѓорче Петров - Канал 5

До 20 септември „Геге Куп“ во фудбал во Ѓорче Петров

Во рамки на Денови на Општина Ѓорче Петров, а по повод државниот празник 8 Септември, во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров викендов стартуваше големото спортско натпреварување во фудбал „Геге Куп 2024“.

До 20 септември „Геге Куп“ во фудбал во Ѓорче Петров

До 20 септември кога со централна манифестација ќе биде одбележан Денот на Општина Ѓорче Петров, 17 екипи од Скопје ќе се борат за првото место на реконструираното мултифункционало игралиште во Даме Груев.

Турнирот го отвори градоначалникот Александар Стојкоски кој во обраќањето пред присутните рече дека следуваат вкупно 32 натпревари.

- Ќе сведочиме за вистинска фудбалска магија, исполнета со страст, тимски дух и несебична поддршка. Наградниот фонд од 125.000 денари ги мотивира играчите, а сите ние сме тука да ги поддржиме и да прославиме заедно, како заедница која верува во спортот и заедништвото – нагласи Стојкоски.

Овие денови, посочи, го славиме не само спортот, туку и силата на заедништвото, маалскиот дух и љубовта кон фудбалот што не обединува.

-Турнирот "Геге Куп" не е само натпревар, туку симбол на нашата заедница, на другарството и поддршката меѓу генерации – подвлече градоначалникот кој информираше дека се предвидени и посебни признанија за најдобрите екипи и најдобриот стрелец,

Општина Ѓорче Петров во деновите што доаѓаат има подготвено многу нови културно-забавни настани за сите генерации. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во одбележување на Денови на Општина Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер